Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 120131 пати)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #375 на: 07 Август 2016, 14:52:55 pm »
Главен проблем законите не се спроведуваат.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #376 на: 08 Август 2016, 15:14:55 pm »
Денес по весниците читам информација:

Цитат
Од почетокот на годината, заклучно со месец јули во Република Македонија, во сообраќајни несреќи животот го загубиле 85 лица што е зголемување за 10% во однос на истиот период минатата година. Како главна причина за кобната статистика се наведува неприлагодената брзина, невниманието и непочитувањето на сообраќајната сигнализација. (Крај)

Ова како потврда за полезонста на мерката „намалување на брзината од 60 на 50 во градови и населени места“.
 

Шо би рекол Дени: шо им е смртта крива шо не возат мерцедеси...

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #377 на: 08 Август 2016, 15:33:47 pm »
Јас за тргање на страна и солидарност бев. Кај друг обрати се за мерцедесите.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #378 на: 22 Февруари 2017, 00:17:10 am »
Со „даночен пуч“ граѓаните се принудени да плаќаат и ДДВ

Цитат
Сите граѓани што во текот на минатата година оствариле поголем приход од закупнини, авторски хонорари, па и од членувања во надзорни одбори од 1.000.000 денари, мораа да се регистрираат како обврзници на ДДВ најдоцна до 15 јануари. Во основицата за пресметката влегува и платениот персонален данок, со што се влезе во зоната на двојно оданочување, спротивно на Европската конвенција.

http://www.slobodenpecat.mk/naslovna/danochen-puch-graganite-se-prinudeni-da-plakaat-ddv/
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #379 на: 22 Февруари 2017, 09:29:39 am »
старо е ова, не знам зошто сега пак се актуелизира
имаше и изестување и све
не викам дека е во ред

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #380 на: 22 Февруари 2017, 09:31:52 am »
Со „даночен пуч“ граѓаните се принудени да плаќаат и ДДВ

Цитат
Сите граѓани што во текот на минатата година оствариле поголем приход од закупнини, авторски хонорари, па и од членувања во надзорни одбори од 1.000.000 денари, мораа да се регистрираат како обврзници на ДДВ најдоцна до 15 јануари. Во основицата за пресметката влегува и платениот персонален данок, со што се влезе во зоната на двојно оданочување, спротивно на Европската конвенција.

http://www.slobodenpecat.mk/naslovna/danochen-puch-graganite-se-prinudeni-da-plakaat-ddv/

Не се граѓаните обврзани, него апашите.
Нормален граѓанин не вади толку пари од закупнини и надзорни одбори... Нека плаќаат, и така крадат од државата.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #381 на: 22 Февруари 2017, 09:36:26 am »
Со „даночен пуч“ граѓаните се принудени да плаќаат и ДДВ

Цитат
Сите граѓани што во текот на минатата година оствариле поголем приход од закупнини, авторски хонорари, па и од членувања во надзорни одбори од 1.000.000 денари, мораа да се регистрираат како обврзници на ДДВ најдоцна до 15 јануари. Во основицата за пресметката влегува и платениот персонален данок, со што се влезе во зоната на двојно оданочување, спротивно на Европската конвенција.

http://www.slobodenpecat.mk/naslovna/danochen-puch-graganite-se-prinudeni-da-plakaat-ddv/

Не се граѓаните обврзани, него апашите.
Нормален граѓанин не вади толку пари од закупнини и надзорни одбори... Нека плаќаат, и така крадат од државата.
Аааааа така. Ти кешки извади си 16к еурски па после мисли му ја.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #382 на: 22 Февруари 2017, 09:39:06 am »
Се додека Фаланга и Дени не извадат 16к годишно не треба да се секираме и да му ја мислиме :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43926
  • Il Moderatore
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #383 на: 22 Февруари 2017, 19:28:42 pm »
Стварно....Опасна пара тоа 16.000е годишно...


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #384 на: 22 Февруари 2017, 20:42:45 pm »
Најмал проблем е дали е опасна или неопасна, битно е дали има логика и основа да се спроведе нешто вакво.

Али ако не те удира тебе лично, дури и добро е :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #385 на: 17 Март 2017, 10:12:53 am »
Читајќи малку низ закони, било да се за сообраќај или за нешто друго, на дното од законот се спомнуваат казни. Стотици и илјадници евра казни. Добро бе, за кого се наменети тие казни, дали тој што ги донел знае како се заработуваат 1000 евра или 2000 евра? 50% од Македонците никогаш немаат спечалено (тргнато настрана) 2000 евра, го крпат месецот со помош на кредити. Овие казни се правени за политичарите ли? Па тие никогаш нема да платат ништо во животот. Бизнисмените се врзани и тие никогаш не плаќаат казни, пплаќаат само рекет во Бугарија кога ќе им го украдат мерцедесот. Па за кого се наменети овие казни? На малиот процент средна класа, да му се земе последниот денар? Казните се поголеми од било кои европски казни, ако се знае дека европските се најголеми во цел свет, тоа ја става Македонија на врвот во светот по висина на казни. Први сме, браво!
По 200 евра работат луѓето по концентрационите логори странски и македонски, тоа е македонската реалност. Казните треба да бидат 1/10тина или 1/20тина од таа плата. Забегавме вкрај. Се надевам новата власт ќе превземе нешто на тоа поле и ќе ги намали казните 10-20 пати.


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #386 на: 17 Март 2017, 10:24:54 am »
Казните се поголеми од било кои европски казни, ако се знае дека европските се најголеми во цел свет, тоа ја става Македонија на врвот во светот по висина на казни. Први сме, браво!
Дали знаеш во што друго сме први? Штом си го пишал ова мислење очигледно не знаеш.  :(
Во Европа први сме по број на прегазени пешаци во просек на 1.000 жители!!!   :'(

Епа сега се поставува прашањето, колку чини еден човечки живот и дали воопшто може да се мери со „пари“? Нека не возат брзо по улици и нека не паркираат по тротоари за да можат пешаците да се движат без никаков проблем. Казните за овие прекршоци можеби се мали поради тоа што и покрај моменталната цена, на овој народ не му доаѓа памет.  :-\

Во свеста на возачите, безбедноста им е последната работа што некогаш помислиле... или воопшто не помислиле на неа. Најважно е да се „пуваат“ по улица и да ги брчат колите и моторите. :(
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #387 на: 17 Март 2017, 10:32:16 am »
Возачката култура ни е очајна. Паднавме на ниво на Турција и тонеме. Но тоа е одраз на општата општествена деградација. Тонеме.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #388 на: 17 Март 2017, 11:09:20 am »
Казните се поголеми од било кои европски казни, ако се знае дека европските се најголеми во цел свет, тоа ја става Македонија на врвот во светот по висина на казни. Први сме, браво!
Дали знаеш во што друго сме први? Штом си го пишал ова мислење очигледно не знаеш.  :(
Во Европа први сме по број на прегазени пешаци во просек на 1.000 жители!!!   :'(

Епа сега се поставува прашањето, колку чини еден човечки живот и дали воопшто може да се мери со „пари“? Нека не возат брзо по улици и нека не паркираат по тротоари за да можат пешаците да се движат без никаков проблем. Казните за овие прекршоци можеби се мали поради тоа што и покрај моменталната цена, на овој народ не му доаѓа памет.  :-\

Во свеста на возачите, безбедноста им е последната работа што некогаш помислиле... или воопшто не помислиле на неа. Најважно е да се „пуваат“ по улица и да ги брчат колите и моторите. :(

Од кога ги зголемија казните од пред некоја година дали опадна бројот на сообраќајни прекршоци? Помалце газат луѓе и помалце прелетуваат на црвено? Имаш некој показател дека повисоките казни резултираа со намален број на сторени прекршоци?

Ти дечко имаш некоја мисија на форумов да трубиш за некоја си општествена свест, демек ние тука outlaws па ти пастирот ќе не поведеш на вистинскиот пат. Да ти кажам дека на погрешна врата си ја адресирал пораката.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #389 на: 17 Март 2017, 11:14:24 am »
Турција? Каква Турција жити се!? ;D
Зад неа сме, т.е. пред неа во Европа во просек на 1.000 на жители!!!  :(

Ова му доаѓа како вицот со учителката кога ги прашала првачињата што е предвесник на пролетта и сите во еден глас одговориле кокичињата, арно ама само едно дете кренало рака и рекло дека предвесник се моторите на булеварите.  :-[

Од кога ги зголемија казните од пред некоја година дали опадна бројот на сообраќајни прекршоци? Помалце газат луѓе и помалце прелетуваат на црвено? Имаш некој показател дека повисоките казни резултираа со намален број на сторени прекршоци?

Ти дечко имаш некоја мисија на форумов да трубиш за некоја си општествена свест, демек ние тука outlaws па ти пастирот ќе не поведеш на вистинскиот пат. Да ти кажам дека на погрешна врата си ја адресирал пораката.
Твојата мисија е повеќе очигледна, застануваш на страната на прекршителите на сообраќајните правила. Дали е на вистинска или погрешна врата, искрено мене не ме интересира. Тука сме на форум да комуницираме. Секој има право да завземе страна и да се држи до неа.  ;)
Ferrari International Assistance strikes again....