Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 119817 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17596
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #75 на: 28 Јануари 2014, 02:12:41 am »
Толку ли е тешко вака да се објасни? Добро, не студираат сите право, јасно ми е, ама додека не улета Ќебапбрингер сите во празно пуцавме, полуинформирани.

Океј, штом закон вика дека дечкото, што не можел средно да заврши зашо киснел у теретана, може да ме тепа со гумена палка и ја не смеам да офнам, тогаш така нека биде.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #76 на: 28 Јануари 2014, 02:13:07 am »
тоа е тоа што го зборев... ова ми го изрецитираа.. смао не сум правник па незнам да го пишам од а до ш како гласи во законот...


мартин... не се опирај друже. поставување ЛИЧНА логика наспроти прочитување и ставање во пракса на закон се две тотално неспоиви ситуации... и претходно ти реков дека не си во право... и неколку луге ти рекоа дека не си во право...


ме интересира само делот што прч го кажал т.е. му го направиле а и јас го имам прочитано во неколку маркети:

 десет кратно наплаќање од вредноста на украдената роба.... што вели законот за ова?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17596
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки гол&
« Одговори #77 на: 28 Јануари 2014, 02:15:08 am »
Онак, вие до утре викајте дека не сум во право. Кога тоа ќе го ДОКАЖЕТЕ како што го направи сега Дики, тогаш може да признаам дека сум грешел.

Наредна дискусија: шо кур бара истиот што не завршил средно да изнудува пари од мене без притоа да ми издаде сметкопотврда за примени пари?

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #78 на: 28 Јануари 2014, 02:27:05 am »
Личната карта може да ја копираат контролорите и/или обработувачите
на збирки на личните податоци само во случаи утврдени со закон.Личната карта покрај лицата на кои се однесува, може да ја
копираат и нотарите при утврдување на идентитетот и субјективитетот на
учесниците во постапките кои се водат пред нотар согласно закон, како и
од страна на други контролори и/или обработувачи на збирки на лични
податоци само во случаи утврдени со закон .


По исклучок од ставовите 1 и 2 на овој член, личната карта може за
однапред утврдена цел или цели да се копира и по претходна писмена
изречна согласност на сопственикот на личната карта.

По копирањето на личната карта, копијата соодветно се означува дека
истата не може да се користи за друга цел освен за онаа за која
согласно закон е направена. Натамошното копирање, односно умножување на
копијата е забрането, освен доколку со закон не е поинаку утврдено.

На барање на сопственикот на личната карта контролорот, односно
обработувачот е должен да издаде потврда за направената копија на личната
карта во која задолжително се наведува целта за која е направена копијата
и рокот на нејзиното чување.

Забрането е обработување и чување на копија на лична карта во
електронски облик, освен доколку со закон не е поинаку утврдено.
Изразите „контролор“, „обработувач“ и „согласност“ во смисла на
овој закон, имаат исто значење како и изразите „контролор на збирка на
лични податоци“, „обработувач на збирка на лични податоци“ и „согласност
на субјектот на лични податоци“ кои се утврдени со прописите за заштита
на личните податоци.


Е сеа овие работи сеуште ми се нејасни, а не ми се учи сеа за ова. Значи знаев дека копирањето имаше некаква врска со ЦЕЛТА. Е сеа знам деак со новите измени се забрани копирањето од банки, мобилни оператори и такви ствари, али право да ја ископираат сеуште имаат некој државни органи и правни лица (дали тука право за копирање на личната карта има и обезбедувањето врска немам, тоа е со некој друг закон попрецизно определно, ама да го барам сеа неможам. Скапав_

Тука нели има како треба да се чува копијата, како да се означи и слично (ама да не го дрвиме, тоа е како што би рекол нашиот сакан професор Камбовски - празно слово на хартија). Да не се цепидлачиме и да се паиме американци, да не ја продолжуваме дискусијата у таа тема. Доколку Банза некој имал работа со овие ствари би знаел кој и како смее да копира.

поентата е дека - Се што же се прочита од нашиве новинари не е баш така. Вест ко вест ќе се напише, ама не е баш се црно - бело. Има милион исклучоци.


Океј, штом закон вика дека дечкото, што не можел средно да заврши зашо киснел у теретана, може да ме тепа со гумена палка и ја не смеам да офнам, тогаш така нека биде.

Инаку да смее да го прави тоа само и само во некој ситуации :

Средствата за присилба од ставот (1) на овој член се применуваат само кога
работникот за обезбедување не може на друг начин да одбие непосреден
противправен напад насочен кон неговиот или животот на лицата кои ги
обезбедува или непосреден противправен напад насочен кон уништување,
оштетување или отуѓување на имотот што го обезбедува.
(3) Пред примена на средствата за присилба од ставот (1) на овој член,
работникот за обезбедување е должен гласно да го предупреди лицето спрема
кое ќе го примени средството за присилба.
(4) Средствата за присилба може да се употребат ако целта на постапувањето не
може да биде остварена на друг начин.
(5) Работникот за обезбедување секогаш ќе употреби средство за присилба со кое
со причинување на најмала штета ќе ја оствари целта.
(6) Работникот за обезбедување е должен да престане со употребата на
средството за присилба, веднаш штом ќе престанат причините поради кои дошло
до негова употреба.
(7) За употребата на средствата за присилба, работникот на обезбедување ја
известува полицијата веднаш, а најдоцна во рок од еден час од моментот на
престанување на вршење на дејствието.

Значи се е ДОобјаснето во законите. Кога и како и во кои случаии смее да те тепа и КОЛКУ ;)

ЕДИТ: за нареднава дискусија колку време имам да се подготвам? :) Стварно врска немам како иде тоа, ама ќе побарам ќе прочепкам да видам ако најдам нешто такво :)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16733
  • Keep it 100
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #79 на: 28 Јануари 2014, 02:47:48 am »
Момак, го положи испитов со 10ка! ;D

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17596
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #80 на: 28 Јануари 2014, 03:14:21 am »
Стои темата, ако ти текне продолжи ја дискусијава со откритијата.
Иначе оди кај Проф. Д-р. Фицовски во кабинет, дава оценки денеска. :D

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #81 на: 28 Јануари 2014, 05:05:08 am »
Еве ме и ја ко правник.

Се измешаа тука поими и глупости. Лишување од слобода? Тоа не значи задржувањето од страна на обезбедувањето.

Инаку:

Обезбедувањето на лица и имот се врши како физичко и техничко
обезбедување.

Физичко обезбедување, во смисла на овој закон, е обезбедување на
лица заради нивна лична заштита и обезбедување на имот од пристап на
неповикани лица, уништување, оштетување, противправно одземање и
други форми на штетни дејствија.
Техничко обезбедување, во смисла на овој закон, е обезбедување на
лица и имот со технички средства и уреди по пропишани стандарди.


Работникот за обезбедување може да:
1)утврдува идентитет на лица при влез во имотот што го обезбедува;
2) го предупреди лицето да се оддалечи од имотот што го
обезбедува, ако лицето неовластено се задржува во него;
3) не дозволи влез на неповикано лице во имотот што го обезбедува;
4) пријави и предаде на полицијата лице затечено во вршење на
кривично дело кое се гони по службена должност;

5) не дозволи влез, односно злез на возило или лице со багаж ако
согласно со пропишаните акти за обезбедување на имотот потребно е да се
изврши преглед на возилото, односно багажот, а возачот тоа не го
дозволува;
6) не дозволи неовластено снимање или внесување на средства и
опрема за таа намена;
7) врши контрола и презема мерки за заштита и известување за
настанат пожар, експлозија или други непогоди;
8) врши безбедносно- техничка заштита на правното лице;
9) врши лично- техничка заштита на лица и
10) врши обезбедување на пренос на пари и други вредности или
доверливи документи за правното лице.


Ова е од законот за Обезбедување на Лица и Имот. Така да луѓето си ја вршеле работата. Неможе да го остават Прч (извини прч) или кој и да е друг да краде или незнам што без да го задржат и слично.

Дури не сум толку сигурен за тоа со копирањето на личната карта. Затоа што неможам да го најдам законот и да видам кон кого тоа се однесува се. Како што ми стои у сеќавање знам дека никој нема право веќе на тоа, ама па не сум сигурен, како стоеше законот точно...

ЕДИТ; повели Врачед

да, ама по службена должност се гонат кражби со износ над 6000 денари, а во овој случај треба фирмата да поднесе  приватна тужба. Може само да го легитимира и да го пушти а после фирмата нека си го тужи за 19-те денари и за кражбата

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #82 на: 28 Јануари 2014, 10:11:24 am »
ме интересира само делот што прч го кажал т.е. му го направиле а и јас го имам прочитано во неколку маркети:

 десет кратно наплаќање од вредноста на украдената роба.... што вели законот за ова?

стварно ме интересира што законот вели за нивната “политика“ за десеткратно наплаќање на украдената роба. ако постои законски норматив за ова, да им посочам на некои мои пријатели во трговијата што редовно се среќаваат со лопови, нај често наркомани од кои неможеш ни 10 денари да истресеш ама ете законски што тоа би значело?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #83 на: 28 Јануари 2014, 10:18:01 am »
да, ама по службена должност се гонат кражби со износ над 6000 денари, а во овој случај треба фирмата да поднесе  приватна тужба. Може само да го легитимира и да го пушти а после фирмата нека си го тужи за 19-те денари и за кражбата
Тоа се бараше уште после првиот пост.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #84 на: 28 Јануари 2014, 11:23:55 am »
Па тоа и го направиле де. Они виделе како става нешто у џеб, на грав да гледаат дека тоа се марамици од 19 денара? Значи мора да го викнат, легитимираат видат. Што ако бил парфем од 8.000? Муабетото беше произволно апсење,лишење од слобода, никој не смее да те застане и слично. На крај, виделе дека се работи за марамици од 19 денара и го пуштиле, ако сакаат ќе поднесат тужба, ако немаат работа.
Ова е битно ДА, ма не во контекст на муабетот што цело време го правиме. Муабетот беше дека никој неможе да ти каже дојди, да те легитимира. Значи, треба они да си купат една вреќа грав и да гледаат кој што украл, дали е тоа над некоја си вредност и незнам што :S

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17596
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #85 на: 28 Јануари 2014, 11:29:31 am »
Скап е гравот. 190 денари кило.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #86 на: 28 Јануари 2014, 11:31:13 am »
Ова е битно ДА, ма не во контекст на муабетот што цело време го правиме. Муабетот беше дека никој неможе да ти каже дојди, да те легитимира. Значи, треба они да си купат една вреќа грав и да гледаат кој што украл, дали е тоа над некоја си вредност и незнам што :S

Колку што сум запознаен, службено лице од МВР може да те легитимира во било која ситуација, а службено лице од приватно обезбедување може да те легитимира само ако си на имотот кој го обезбедува. Лична карта никој не смее да ти задржи, во никој случај.

Контролорите на ЈСП не недефинирана ставка, оти колку што знам, не се водат како обезбедување на ЈСП, туку као Бог-те-пита-што. Ја не би им ќутел, ако почнат да се к**чат.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17596
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки гол&
« Одговори #87 на: 28 Јануари 2014, 11:34:14 am »
Абе обично тоа е worst case scenario. Штом си решил да користиш автобус треба да си платиш, ама сум гледал каква сељачана е контролор таму, како се занашале на патниците, а овие сиротиве не поим си немаа какви права имаат.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #88 на: 28 Јануари 2014, 12:14:58 pm »
Бев сведок на 31.12 (да за ден Нова Година). како на еден дечко (до душа и он си беше крив) го фатија контролори на ЈСП, беа ок во однесувањето, но проблемот беше што немаше доволно пари. Ситуацијата се одвиваше пред мене. Типично македонско сценарио каде сите се ѕверат сите слушаат дека на него му фалат 50 денари и никој не реагира, проклет народ сме јбг .... а јас како нетипичен македонец нормално веднаш прашав „Што е проблемот?“ и му дадов пари колку што му фалеа и нормално побарав белешка потпишана со полно име и презиме на износот колку што е казната, за да тие пари не завршат како екстра приход на нив.
Поентата ми е, Врачед, убаво имаш напишано пример во секој автобус Правилник/Кодекс ... што се случува во ваков случај. Ти НЕ СМЕЕШ да се правиш паметен, размисли виновен си, НО и тие НЕ СМЕАТ да се понашаат надвор од нивните овластувања.
Муабетот на сите не ви е ок за ситуација каде „абе нека ме тепа он, па ќе барам оштета“ ... клабери не сме во Америка па да добиете баслосновни суми. Ќе добиете неколку иљади евра а можеби ќе изгубите битен орган (бубрег, слезинка, напукнато ребро ..) каде ефектите ќе се покажат после многу години. Затоа мое мислење е да не сакаме да се ставиме во таква ситуација.

И мене ме интересира каде е регулирано тоа да они регулираат „повеќекратното“ зголемување на производот во случај на кражба.



И јас исто имам направено ситуација каде што ми идеше да се отвори земја и да ме лапне. Долга е приказната на кратко ќе се обидам, се одвиваше во Лукоил, немаше кусур на 1000, платив со картичка но не се сеќавав дали ги земав парите. Сабајлето при проверка на новчаникот, ми фалеа 1000, требаше да тргаме некаде, во најголема магла сум одел до Лукоил.
Бидејќи не бев сигурен, нормално почекав да нема муштерии и ги прашав случајно да не заборавиле во таа гужва да ми ги вратиле (нормално касиерката спомна дека и се сложила касата, но знам дека ако не ги ставила во каса нема зошто да не се сложи ;) . И они беа видно подплашени, за среќа беше истата касиерка од вчера, отидоа до собата за камери и фино лепо ми покажаа дека навистина ми ги вратиле. Ме фати срам се извинив 10 пати итн... се насмеавме на крај и така.
Поентата ми е, јас бев коректен во односот и сакав се да се одвива во дискреција и почит и несакав да настапам како многу сељачишта ...
Испадна на крај дека тие 1000 денари сум ги дал како вишак во субвенцијата за комуналии за моите пред да искочам од дома, стариот приметил ама мислел дека го частам ;D а вечерта не преспав дома ;) ;D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Re: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #89 на: 28 Јануари 2014, 12:16:27 pm »
Коваше?