Дарко,3 години сум на форумов и уште пред некое време си ветив на самиот себе дека ниту на овој форум ниту на било кој друг,ниту на познаници и пријатели нема да спомнам ниту добар ниту лош збор за Рено.
Кога кажувам дека за 7-8 години сум имал 6 рено возила,2 купени нови и притоа сум немал никакви сериозни проблеми,луѓето ме гледаат чудно и верувам дека мислат дека ги лажам,бидејки несакам да изгледам така во очите на другите се повлекувам од било каков коментар или дискусија околу Рено.
Многу пати,вклучувајки и на форумов се чуствувам како ретардиран човек кои си ги фрла парите во ветер кога купувам Рено и притоа не сум излезен од сервис.
Значи јас нема да бидам тој што ќе отвори тема за Рено,а и доколку се отвори таква тема нема да бидам тој што ќе го брани или напаѓа Рено,знам дека ова не е добро,дека треба да се дискутира подеднакво за сите брендови без разлика на нивните мани ама јас немам намера,нерви,сила на некој да објаснувам што е добро а што не.
Јас сум задоволен од брендот веќе неколку години и мислам дека секој разумен човек ако не е задоволен од нешто ќе го смени,не сум од тие фанатици кон одреден бренд иако можеби така изгледа.Не сум скептик ама баш за ниеден бренд и подеднакво ги ценам сите,посебно јапонците бидејќи сум поседувал јапонско возило и моментално имам дома јапонско француски мутант.
Затоа би сакал доколку може оваа тема да си остане само за Хонда,зошто навистина ми е ќеиф да ги читам твоите постови,бидејки читам дека имаш одлично познавање на брендот а не се служиш со рекла казала муабети,како повеќето од нашиов народ.
Терајте даље со Хонда,баталето го Рено или било кој друг,му требаат на форумов луѓе како тебе и вакви теми,се вртиме цело време во круг и ништо ново не се случува,секој си го величи својот бренд и се така во круг.