да спомнеше bmw,merc,audi или нешто такво ок ќе разберев,АМА РЕНО француско-турски квази производ кој се прослави со 1.5 дизел да го споредуваш со хонда,те молам подобро немој,направи си тема РЕНО и неговите модели и пишувај си таму
Рено има историја, колку што има Хонда продадени мотори... и не планирам појќе да се расправам со нераспливите и најбрзи Хонди (in my dreams).
Ако знајш Англиски, преведи си
http://www.fastcar.co.uk/2012/07/30/10-things-you-didnt-know-about-renault/7/
p.s
Until 2006, the mid-engined 255bhp Clio V6 was the most powerful hatchback in the world
Се воздржував да ти реплицирам, ама ај ќе ти реплицирам
Како што веќе спомнав , брат ми имаше три Канго -а по ред , прв сопственик, и со сите имаше проблем после само година и нешто (со дизни, со електроника...). Сите ги менуваше после година и пол (старо за ново, прв сопственик на сите).
Кога не беше задоволен и од третото, направи старо за ново за Меган Сеник.
Тој Меган Сеник беше повеќе на шлепер него на пат, за да после 2 години направи старо за ново за Лагуна.
Со нејзе немаше проблем морам да признаам, само што моторот беше тром (1.5 дци), за да на крај пак со замена старо за ново купи Нисан Кашкаи.
Знаеш како почнав да читам форуми и списанија за коли?
Ради Рено -ата во нашето семејство и розевите очила за нив, се палев и јас да купам Меган (оној со газ). Во тој период ама баш ништо не знаев за коли, ниту ме интересираа.
Поради искуствата од брат ми, све што ме интересираше е дали се расипува или не. И така почнав да читам форуми по нет, и сватив дека толку е чкарт квалитетот на Рено во тоа време, да во Англија имаа формирано здружение на граѓани наречено FART (знаеш што значи FART така?
) а доаѓаше од Foundation Against Renault Tactics, односно имаа здружение на граѓани што правеа листа на сите проблеми што може да ги сретнеш во соодветното Renault, што намераваш да го купиш, и помагаа за остварување на правото на гаранција ако веќе си купил а имаш таков проблем (не можам да најдам линк од нив, веројатно веќе не постои).
И така се откажав да купам Рено. Па почнав да читам most reliable cars и дојдов до Honda.
Сега најверојатно квалитетот на Рено е далеку на повисоко ниво него што беше во тој период, ама да го мериш со reliability на Honda, е малку....
Сегашниов Меган дури и ми се допаѓа како изгледа, Сеник -от прошли по дизајн ми е една од поубавите коли.
Инаку втора кола што возам е француз (Citroen C3 II 1.4 HDI). Не да не може да се спореди со Honda Jazz во квалитет.. Самото подвозје, пластики, општо ми делува исклучително нежно. Има свој шарм, ама не купив Jazz само поради не доволно голем буџет за него, и ради што ми излезе добра прилика за Цитроен -ов.
Не знам како е Рено споредено со Цитроен, ама ако се слични во квалитет, тогаш...
Истото го мислам за претходниот Меган (оној со газ), споредено со квалитетот на изработка на мојот тогашен Honda HR-V.
Ете, тоа е од прилика разликата на Рено со Хонда.
Што се однесува до спортските модели.. Имам пријател што имаше Рено Меган РС (или како ли се вика таа спортска варијанта на Рено, жолто со шаховница). Прејде од тоа Рено на Ауди ТТ РС. Знаеш колкава разлика има? НЕМЕРЛИВА. И тоа не само во забрзување и слично, туку општо све.. Суспензија, држење, квалитет на материјали...
http://cars.uk.msn.com/features/used-car-guide/europes-most-and-least-reliable-used-carsДарко