Автор Тема: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани  (Прочитано 32764 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #105 на: 15 Јануари 2014, 01:11:12 am »
Ете Хонда има маана што моментално нема ниту еден конкурент на спортските модели на Рено, и за мене ова е сериозна маана :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #106 на: 15 Јануари 2014, 01:11:32 am »
@Nikola, Темава не е "Кој е најспортски автомобилски бренд што постои"! Не ја гледам поентата на толку фалење на Рено тука. Отвори нова тема и таму пишувај ги нивните достигнувања.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #107 на: 15 Јануари 2014, 01:11:36 am »
Нема потреба, јас тука застанвам  :) Не би сакал да се повтори истото како во темата за Адам.

Инаку за ова е "виновен" Боки за провоцирањето во една друга тема.. па да му вратам малце  :) Ама како што реков, крај.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #108 на: 15 Јануари 2014, 01:14:47 am »
Ете Хонда има маана што моментално нема ниту еден конкурент на спортските модели на Рено, и за мене ова е сериозна маана :)



http://www.carclub.mk/2013/11/19/honda-go-najavuva-noviot-civic-type-r-so-280-konjski-sili/


Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #109 на: 15 Јануари 2014, 01:22:25 am »
Темата е:

Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани


Krell многу фино си ја почна темата и навистина е жално да се упропасти и оваа тема,како и многу други >:(

Според мене ова е тема,која би требало да ја прочита секој што мисли да поседува хонда и притоа да добие солидни информации за брендот,наместо глупави препирања и убедувања на љубители на разни брендови.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #110 на: 15 Јануари 2014, 01:30:28 am »
Слободно нека се бришат постовите со Рено.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #111 на: 15 Јануари 2014, 01:40:29 am »
Јас денес ако се запрашам дали во 2008 пак би избрал Акорд или нешто друго за тие пари, мојот одговор е дека Акордот пак би бил мој избор.

Единствено ми недостасува појак мотор за полесно претицување на автопат и при поголеми брзини, тоа со 2.4 моторот што го имав во претхотдниот си беше таман.

Потрошувачката е за мене на задоволително ниво. Немам никаква замерка до сега, ниту било каков проблем. Сега ми цркна сијаличка за задна таблица и пред месец дена позиција мислам.

Сериозно не ми текнува на некоја битна замерка, е сеа за ситници искрено не се ни замарам дали ова било вака или онака, во целина сум презадоволен. Ако ми текне нешто ќе напишам, али чим треба да се замислам значи добро е :)

Што се однесува до Хонда и нејзините модели денес, во глобала се работи за доверливи, практични, релативно штедливи (за атмосферци), со троа чуден или подосаден дизајн, зависи од модел до модел. Внатрешноста скоро на сите ми се допаѓа.

Најверојатно во март ќе купиме Џез за дома, изборот ни е пред се рационален и релативно сигурен, затоа што до сега сме немале ниту мал проблем со хондите кои сме ги поседувале.

На пример разлика кога читав за Минито пред да го купам и за Акордот или Интеграта. За минито имаше еден куп, ама стварно еден куп поплаки за квалитетот и трајноста на моторот, а колата не е стара 10 години, ниту пак се работи за ефтино возило. За хондите треба да се помачиш да најдеш проблем на кој се жалат повеќе од луѓето, а истиот да е поврзан со механика. Јапанците се темелни и спори во развивањето на моторите и мењачите, затоа и имаат мал избор, ама немаат хронични проблеми. Поради ова едвај чекам да видам што ќе биде турбашов во новиот Тајп Ер, дали ќе биде чекор пред другите како што беше нивниот дизел.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Re: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #112 на: 15 Јануари 2014, 01:42:35 am »
Treba da se brisat postovite za bilo koj drug brend.Poveke od jasno e deka temava e konkretno za honda i treba da ostane takva.
Ete tema za poupatenite da ne ubedat zosto treba ili ne da se posduva honda,a ne malski muabeti deka honda ne se rasipuva ili deka ke me nadzivee.Jas licno ne sakam niedna kola da me nadzivee:)

p.s Nikako da stavam mak.tastatura na mob.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #113 на: 15 Јануари 2014, 09:06:00 am »
Banzai..kolku ti trosese stariot 2.4 Akord gradska?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #114 на: 15 Јануари 2014, 09:21:40 am »
Немаше борд компјутер, али мислам меѓу 10 и 12. Девојка ми има таков ама редизајн, и покажува околу 12 али не пазат воопшто и живее во центар.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #115 на: 15 Јануари 2014, 09:42:54 am »
Pristojno za 2.4.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #116 на: 15 Јануари 2014, 09:43:41 am »
да спомнеше bmw,merc,audi или нешто такво ок ќе разберев,АМА РЕНО француско-турски квази производ кој се прослави со 1.5 дизел да го споредуваш со хонда,те молам подобро немој,направи си тема РЕНО и неговите модели и пишувај си таму

 ;D ;D ;D ;D ;D ;D Рено има историја, колку што има Хонда продадени мотори... и не планирам појќе да се расправам со нераспливите и најбрзи Хонди (in my dreams).

Ако знајш Англиски, преведи си

http://www.fastcar.co.uk/2012/07/30/10-things-you-didnt-know-about-renault/7/

p.s  
Until 2006, the mid-engined  255bhp Clio V6 was the most powerful hatchback in the world


Се воздржував да ти реплицирам, ама ај ќе ти реплицирам :)




Како што веќе спомнав , брат ми имаше три Канго -а по ред , прв сопственик, и со сите имаше проблем после само година и нешто (со дизни, со електроника...). Сите ги менуваше после година и пол (старо за ново, прв сопственик на сите).

Кога не беше задоволен и од третото, направи старо за ново за Меган Сеник.

Тој Меган Сеник беше повеќе на шлепер него на пат, за да после 2 години направи старо за ново за Лагуна.

Со нејзе немаше проблем морам да признаам,  само што моторот беше тром (1.5 дци), за да на крај пак со замена старо за ново купи Нисан Кашкаи.

Знаеш како почнав да читам форуми и списанија за коли?


Ради Рено -ата во нашето семејство и розевите очила за нив, се палев и јас да купам Меган (оној со газ). Во тој период ама баш ништо не знаев за коли, ниту ме интересираа.

Поради искуствата од брат ми, све што ме интересираше е дали се расипува или не. И така почнав да читам форуми по нет, и сватив дека толку е чкарт квалитетот на Рено во тоа време, да во Англија имаа формирано здружение на граѓани наречено FART (знаеш што значи FART така? :) ) а доаѓаше од Foundation Against Renault Tactics, односно имаа здружение на граѓани што правеа листа на сите проблеми што може да ги сретнеш во соодветното Renault, што намераваш да го купиш, и помагаа за остварување на правото на гаранција ако веќе си купил а имаш таков проблем (не можам да најдам линк од нив, веројатно веќе не постои).

И така се откажав да купам Рено. Па почнав да читам most reliable cars и дојдов до Honda.

Сега најверојатно квалитетот на Рено е далеку на повисоко ниво него што беше во тој период, ама да го мериш со reliability на Honda, е малку....

Сегашниов Меган дури и ми се допаѓа како изгледа, Сеник -от прошли по дизајн ми е една од поубавите коли.


Инаку втора кола што возам е француз (Citroen C3 II 1.4 HDI). Не да не може да се спореди со Honda Jazz во квалитет.. Самото подвозје, пластики, општо ми делува исклучително нежно. Има свој шарм, ама не купив Jazz само поради не доволно голем буџет за него, и ради што ми излезе добра прилика за Цитроен -ов.

Не знам како е Рено споредено со Цитроен, ама ако се слични во квалитет, тогаш...

Истото го мислам за претходниот Меган (оној со газ), споредено со квалитетот на изработка на мојот тогашен Honda HR-V.


Ете, тоа е од прилика разликата на Рено со Хонда.

Што се однесува до спортските модели.. Имам пријател што имаше Рено Меган РС (или како ли се вика таа спортска варијанта на Рено, жолто со шаховница). Прејде од тоа Рено на Ауди ТТ РС. Знаеш колкава разлика има? НЕМЕРЛИВА. И тоа не само во забрзување и слично, туку општо све.. Суспензија, држење, квалитет на материјали...

http://cars.uk.msn.com/features/used-car-guide/europes-most-and-least-reliable-used-cars


Дарко


Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #117 на: 15 Јануари 2014, 09:51:57 am »
Жал ми е за искуствата на брат ти со Рено но тој е еден. Очигледно сервисот му  правел сечено. Ама кога имаш пари и не чувствуваш.
Не може на брат ти да не се погоди колата а на сите таксисти кои возат на црвена нафта и поминуваат по милиончиња со рено меган да им се погоди.
Стварно нешто смрди тука.


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #118 на: 15 Јануари 2014, 09:53:01 am »
Banzai..kolku ti trosese stariot 2.4 Akord gradska?

Другар ми има Акорд 2.4 Type S, живее во центар, кратки релации. Му троши 12 л/100.

Отворено му троши 8л/100

Дарко

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #119 на: 15 Јануари 2014, 09:54:51 am »
Banzai..kolku ti trosese stariot 2.4 Akord gradska?

Другар ми има Акорд 2.4 Type S, живее во центар, кратки релации. Му троши 12 л/100.

Отворено му троши 8л/100

Дарко

На мој познат таков Акорд на плин му троши градска 16 а отворено 12 до 13. Бензин 1 литар помалце. Човекот е преку 50 години и не е шалабајзер.