искрено ја усравте темава, а имаше потенцијал
еве од мене јубилејно мислење
1995 Honda Civic EG8 1.5 90 ks d15b2 мотор
ваква само зеленкаста и бајаги каросериски исчукана од нашиве прекрасни шофери во државава
19-години во моја сопственост, редовни сервиси пазени, малце на потрошен материјал е забушавано (тропаа зглобовите скоро 3-4 год пред да ги сменам) ама од кога почнав ја да ја возам повеќе и на тоа е пазено.
добро:
-одлично, релативно мало, количе за низ град (според мене)
-доволно брзо со 90кс има забрзување накај 10-11 сек до 100 (сеуште
, проверено пред 3 месеци)
-простор во внатрешноста има многу за големината на колата, посебно на задната клупа,
-багажен простор огромен
-материјали одлични во внатрешноста, има класична пластика само кај километражата, кај централната и рачките на вратите, другото се е од некој друг материјал. мек на допир, прстот ти пропаѓа -5 мм кога ќе притиснеш
- моторот си работи како саат, гајле си нема
- потрошувачка со
реално нормално возење зимно е околу 8-9, летно си е 6-7
- си ја сакам од дното на душата бидејќи си е моја и бидејќи сум прв газда
- 20 години никаде не ме оставила на пат
- делови не ни знам кај има што има од што досега не ми требале
- ја фабрички ја возам со 175/70 р13 гумички, скоро како точак,
и со овие е многу стабилна колата, досега не сум ја почуствувал нестабилна во ниедна ситуација
за некои добро за некои лошо
- многу е ниска колата фабрички, ем борби се водат за тротоари и чуда, ем за искачање е малце проблем,
совозачот скоро секогаш си ја мава кичмата во а столбот
возачот, мора да го мрдаш седиштето назад за да искочис нормално
за мене е добро ова
лошо
- најголема мана е р'ѓата на задните полумесеци, и ако не се среди таа се шири
- на отворено, во овие години, е многу бучна и при 120 мислиш полетуваш
- мана и на оваа генерација е како што кажа smichka лер гаста е нерамномерна
- мојата си имаше и мана со вакум пумпата се запушува на 5-10 години
- гумата од прозорот гледам на сите од мојата генерација е деформирана и не се крева прозорот како што треба (мала работа треба да се среди само)
- материјалот на мењачот е одлепен и паднат
- рачката од фиоката е скршена
p.s. на оваа хонда, да речеме, се учел татко ми да вози (предходна кола му била фичо
) после него брат ми се учел и ја мачел, па на крај и ја се учев и ја мачев
и сеуште иако јас највеќе, сеуште 3ца возачи ја возат, со скроз различни стилови на возење