За да нешто научиме корисно, сметав дека е добро да се отвори тема за секоја од марките, и да се пишат мааните на поединечни модели, како би се изградила фина база на корисни
искусва и знаења за поединечни модели.
Бидејќи возам две Хонда возила по ред, еве јас ќе почнам со искуствата од моите возила.
1. HONDA HR-V 2004 годиште
1.1 Како во ова возило дојдов од Сузуки Витара кој што имаше одлични off road способности, прво разочарување што го имав со Хонда ва беше, кога заглавив на КРФ во Грција во Песок, кој што за Витарата не го ни сметав за off road. Тотално заглавив.. Не можев да мрднам. Секој мој обид за излегување, резултираше со гасење на моторот, и доживував ко да нема доволно сила самиот мотор за да излезам од тој песок. Ова мое HRV имаше погон на сите тркала, меѓутоа нема шанси да се мери со 4WD можностите на Витарата претходно.
Моја среќа што наидоа некои австријки, па ме бутнаа некако да излезам (да, коментарот на еден мој пријател беше да му го посочам местото и он да заглави за да го буткаат и него Австријки).
1.2 Ајншлак или како ли се вика тоа.. За да свртиш треба да правиш едно 10 маневри дури излезеш. Тоа ужасно ме нервираше кај HR-V то.
1.3 Прегледност позади. Ради подигнатиот заден дел, има очајно лоша прегледност, што кај мене резултираше со удирање бандера во рикверц, дрво, и еднаш зид од гаража. Дефинитивно се потребни паркинг сензори.
1.4 Удобност на Седишта. На подолги релации ми трнеше грбот, и имав потреба да се размрдам. Далеку поудобно од Витара -та претходно, ама сепак доволно неудобно за да направи подолго патување да биде непријатно (ова трнење ми се манифестираше на патувања преку 350 км) (додуша 2010 година извозев 10000 км за месец и пол низ Италија, Словенија, Хрватска и Грција без до толку проблем од трнење, ама сепак)
Со истово возило 2011 поминавме за месец дена барем 7000 км низ Италија, Франција и Швајцарија, и 2012 едно 5000 км низ Унгарија, Словачка, Австрија... Ама сепак ќе беше добро да седиштата се поудобни)
1.5. Очајно лоши фарови (мада тој што ја купи од мене, ми кажа дека не ми ги подесиле добро фаровите во сервис, односно биле заглавени и дека далеку подобро му светат од кога ги одглавил од позицијата во која биле заглавени).
1.6 Потрошувачка - Јас имав потрошувачка од 11л/100 низ град (возам кратки релации), и од 8л/100 до 11л/100 на отворено, зависно со која брзина се вози. До 120 км/х трошеше 8л/100, над тоа качуваше. Инаку овој мотор трпи совршено плин, дури не се губи ни од гепекот, и мене ми е криво што не вградив плин кога ја купив (јас бев втор сопствени, и ја купив 3 години стара со 17000 км поминати).
Еве ви бројки точни за потрошувачката измерено за 2000 км, од кои повеќето град (ова е веќе од кога го имав купено ЦР-В то, и кога ХР-В во се возеше генерално низ град)
Најлоша измерена потрошувачка град (кратки релации, зима 2012): 12.85 л/100
Најдобра измерена потрошувачка град (кратки релации, Јуни 2013): 9,95 l/100
Просек градска : 10.99 Л/100
Ова нека биде почеток, а во наредна порака ќе продолжам со мааните на HONDA CR-V
поздрав
Дарко