Автор Тема: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани  (Прочитано 32810 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #75 на: 14 Јануари 2014, 21:47:58 pm »
Шо се замарате со дечково незнам, гледате дека трипа нешто... Покрај тоа и носи Рено наочари, така да..

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #76 на: 14 Јануари 2014, 21:52:28 pm »
Шо се замарате со дечково незнам, гледате дека трипа нешто... Покрај тоа и носи Рено наочари, така да..

На времето имаше здружение на граѓани разочарани од Рено во Англија.

Се викаше Foundation Against Renault Tactics или скратено FART.

Веројатно ова беше само симпатична зезанција, ама сепак ми текна да споделам со вас :)



Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #77 на: 14 Јануари 2014, 22:01:18 pm »
Најсериозно сакам да дознам во шо е толку посебна Хонда за разлика другите ? Не гледам такво нешто, освем доработвани крнтии со триста различни делови кои развиваат 500-600 коња.  Да број 1 е во производство на мотори и толку... и можеби се едни од поквалитетните.

Денес Civic Type R e далеку зад конкуренцијата, ниеден модел не го споредуваат со неа.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #78 на: 14 Јануари 2014, 22:13:27 pm »
Тоа е затоа што не ни треба да се споредува Type R со било што друго.
Знаеш, како кога постои приказна сама за себе. На пример земи ја Кертин Зета Џонс, колку и да ја споредуваш со други лепотици.... океј има слични, има и помлади но ниту една не е КЗЏ. Ти текнуе?
Или кога Фиона го прашува Шрек во првиот дел: What kind of a knight are you? Одговорот е: One of a kind.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #79 на: 14 Јануари 2014, 22:15:35 pm »
Едни од НАЈквалитетните. Доработувана кола не е крнтија, крнтија може да се каже дека е обична кола што се расипува доста често (кхм кхм)...


Почекај го Type-R от па после збори, или ти можда го имаш возено уште пред да искочи? Свака част. :)

Civic EP3 ја надмашуваше и далеку посилната конкуренција, ако малку пратиш трки ќе видиш што се вози највеќе во група N и што најчесто победува.


Божем да не се замарам, ама неможам да читам глупости.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #80 на: 14 Јануари 2014, 22:19:38 pm »
Ај ќе ги почекам, еве кај е 2015 можи ќе постигнат нешто заедно со Ф1 моторот  ::)  ;D  Тогаш ќе речам дека ги има во нешто, вака за на youtube....слабо.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #81 на: 14 Јануари 2014, 22:20:51 pm »
Хондаџии и Опелаши.... ма све тоа исто ѓубре е.... треба да се по-бие! Ни едните ни другите можат да читаат глупости ;D

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Re: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #82 на: 14 Јануари 2014, 23:11:28 pm »
Ај малку на тема...
Некаде на почетокот на овој милениум имав прилика да возам civic 1.4 каква што има Боки и кратко време потоа и голф исто со 1.4 мотор.
Разликата беше огромна. Како десетобрзинец и пони во осумдесеттите. Хондата те лепи за седиштето, голфот го молиш да забрза. Е сега прашање за оние кои тестирале понова хонда? Дали хонда сеуште има предност во основната верзија на моторот пред другите производители?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #83 на: 14 Јануари 2014, 23:16:18 pm »
Во моментов, со сегашниот 1.4, не баш. Сите (односно, скоро сите) други производители ги заменија атмосферците со мали турбаши што имаат повеќе торк, а токму тоа е она што прави да се чувствуваш како да се лепиш за седиште.

Колку за споредба, Golf 7 со 1.2 TSI (85 коња, 160 Nm) забрзува до 100 за 11.9 секунди, моменталниот Civic со 1.4 (100 коња, 127 Nm) стига до стотче за 14 секунди.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54989
  • Махер
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #84 на: 14 Јануари 2014, 23:24:28 pm »
Сеуште дали имала предност...

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #85 на: 14 Јануари 2014, 23:24:37 pm »
Во моментов, со сегашниот 1.4, не баш. Сите (односно, скоро сите) други производители ги заменија атмосферците со мали турбаши што имаат повеќе торк, а токму тоа е она што прави да се чувствуваш како да се лепиш за седиште.

Колку за споредба, Golf 7 со 1.2 TSI (85 коња, 160 Nm) забрзува до 100 за 11.9 секунди, моменталниот Civic со 1.4 (100 коња, 127 Nm) стига до стотче за 14 секунди.

Веројатно е навика, ама мене лично повеќе ми се допаѓа чувството на атмосферец во однос на оние турбаши што сум ги пробал (немам големо искуство во тој поглед. Само 1.2 ТСИ и 1.4 ТСИ).

Со ризик да наликувам на Бугар со тупењето за Мазда, ама баш тоа ми се допаѓа кај Мазда во новиве модели, што со 2.0 атмосферец вади феноменални возни карактеристики минус потенцијалните проблеми околу турбото. Исто кај турбашите не ми се допаѓа нелинеарноста во влечењето (посебно го осетив тоа кај 1.2 ТСИ Кај Октавија).

Инаку кај HONDA во моментов за жал моторите се квалитетни и нерасипливи, ама се релативно троми во однос на некои од конкуренцијата (повеќе нудат smooth и удобно чувство од колку спортско).

2.0 новиот Акорд е smooth и удобен, слично ко и 2.0 во мојов ЦР-В, ама не и спортски и не те лепи за седиште.

Во постариот Акорд 2.0 моторот е баш како што опишуваш. Те лепи за седиште и е далеку поспортско возењето.

Во HONDA HR-V со 1.6 105 кс атмосферец, имав исто чувство ко кај Шкода Јети 1.2 тси (105кс ако не се лажам) во поглед на перформанси, со тоа што полинеарно чуство во Honda -та и поспортско (ваљда ради звукот на повисоки вртежи).

Сивик не сум возел доволно долго за да кажам мислење (зборам за 1.8 140 кс).

Можда ќе имам шанса да провозам претходна генерација Type R со 200 кс, па ќе споделам мислење

Дарко

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #86 на: 14 Јануари 2014, 23:32:22 pm »
Со ~160 Nm, ни 1.2 TSI не лепи за седиште. Али нуди забележително подобри перформанси (2.1 секунда до 100 е приметливо), а претпоставувам дека се тука некаде со реална потрошувачка.

Во секој случај, Honda веќе најави нови турбо мотори од 1, 1.5 и 2 литри.. 1-литарскиот ќе легне супер во Џез, а 1.5 турбо со ~140 коња ќе биде одличен во Цивик. Според најавите од Хонда би требало да има ~40-45% повеќе вртежен момент од атмосферецот и околу 15% пониска потрошувачка.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #87 на: 14 Јануари 2014, 23:34:51 pm »
Со ~160 Nm, ни 1.2 TSI не лепи за седиште. Али нуди забележително подобри перформанси (2.1 секунда до 100 е приметливо), а претпоставувам дека се тука некаде со реална потрошувачка.

Во секој случај, Honda веќе најави нови турбо мотори од 1, 1.5 и 2 литри.. 1-литарскиот ќе легне супер во Џез, а 1.5 турбо со ~140 коња ќе биде одличен во Цивик. Според најавите од Хонда би требало да има ~40-45% повеќе вртежен момент од атмосферецот и околу 15% пониска потрошувачка.


Инаку не знам дали е вистина, ама слушам некоја информација што демек 2.2 дизел от ќе се менува со 1.6, и дека 2.2 нема да се продава повеќе.

Јас лично се надевам дека е ова дезиноформација, пошто ако е вистина Honda дефинитивно прави лоши потези.

Да се надеваме дека најавените мотори што ги спомнуваш стварно ќе бидат добри, и дкеа покрај поузданост и квалитет, ќе понудат и trill


Дарко

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29669
    • CARclub.mk
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #88 на: 14 Јануари 2014, 23:36:37 pm »
Колку што јас знам, 1.6 дизелот си останува паралелно покрај 2.2-литарскиот дизелаш. Добри работи сум прочитал за 1.6 дизелчето, али кај нас немаат ни едно демо возило со него, а баш би сакал да го пробам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54989
  • Махер
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #89 на: 14 Јануари 2014, 23:37:01 pm »
Тие треба да ги стават асалните ветеци а не да измишљаат топла вода.

Идиотизам. Џез со 1.6 160 кс? Џез со 1.8 190кс АСАЛЕН ветек? Патос ќе брише со "конкуренцијата". Ама не... Инает магарешки. Инает до бесвест.