Honda нема знаменосец. Ниедна морнарица неможе без адмирал.
Не е до знаменосецот толку, колку што нема идеи и не нуди ништо ново. Ко да имаат проблем со research и ко да одат со старите производи само препакувани во нова амбалажа.
Ако имаат концепт, тоа ќе се пренесе во знаменосци во сите сегменти.
Види ги Мазда.. Skyactive концептот е новина во поглед на материјали, шасија и подвозје, мотори... Во исто време практични и квалитетни.
Сите три возила во моментов може да се каже дека се најдобри во класата или меѓу самиот врв.
Mazda CX5 мене ми возеше далеку подобро од Volvo XC60 на пример, и мислам дека вреди далеку повеќе од Волво XC60.
Мазда 3 немам возено, ама изгледа феноменално и верувам дека има феноменални возни карактеристики
Мазда 6 исто.
За мене ова требаше да се Хонда, ама веројатно секој бренд се заморува во своето постоење во некој период
Дарко