Во моментов, со сегашниот 1.4, не баш. Сите (односно, скоро сите) други производители ги заменија атмосферците со мали турбаши што имаат повеќе торк, а токму тоа е она што прави да се чувствуваш како да се лепиш за седиште.
Колку за споредба, Golf 7 со 1.2 TSI (85 коња, 160 Nm) забрзува до 100 за 11.9 секунди, моменталниот Civic со 1.4 (100 коња, 127 Nm) стига до стотче за 14 секунди.
Веројатно е навика, ама мене лично повеќе ми се допаѓа чувството на атмосферец во однос на оние турбаши што сум ги пробал (немам големо искуство во тој поглед. Само 1.2 ТСИ и 1.4 ТСИ).
Со ризик да наликувам на Бугар со тупењето за Мазда, ама баш тоа ми се допаѓа кај Мазда во новиве модели, што со 2.0 атмосферец вади феноменални возни карактеристики минус потенцијалните проблеми околу турбото. Исто кај турбашите не ми се допаѓа нелинеарноста во влечењето (посебно го осетив тоа кај 1.2 ТСИ Кај Октавија).
Инаку кај HONDA во моментов за жал моторите се квалитетни и нерасипливи, ама се релативно троми во однос на некои од конкуренцијата (повеќе нудат smooth и удобно чувство од колку спортско).
2.0 новиот Акорд е smooth и удобен, слично ко и 2.0 во мојов ЦР-В, ама не и спортски и не те лепи за седиште.
Во постариот Акорд 2.0 моторот е баш како што опишуваш. Те лепи за седиште и е далеку поспортско возењето.
Во HONDA HR-V со 1.6 105 кс атмосферец, имав исто чувство ко кај Шкода Јети 1.2 тси (105кс ако не се лажам) во поглед на перформанси, со тоа што полинеарно чуство во Honda -та и поспортско (ваљда ради звукот на повисоки вртежи).
Сивик не сум возел доволно долго за да кажам мислење (зборам за 1.8 140 кс).
Можда ќе имам шанса да провозам претходна генерација Type R со 200 кс, па ќе споделам мислење
Дарко