Автор Тема: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани  (Прочитано 32830 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #15 на: 13 Јануари 2014, 18:36:11 pm »
брате нема врска хондата беше топ само каросеријата едноставно ме изненади, инаку да ви кажам во споредба со бмв-то е поспора и повеќе троши

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #16 на: 13 Јануари 2014, 18:37:02 pm »
Друже Ахтунг, од удар е тоа. Квалитетот се пресметува како број на откази во одреден временски период на експлоатација. Одлучи се што сакаш да коментираш, по листиве за квалитет можеш слободно да видиш кој е на врвот. (Баш тој производител од сликата што си ја ставил)


Дарко, на мојата ова и е мана:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

а маната се отстранува на следниот начин:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Искрено не ми текнува нешто да ме изнервирала колава, прегледна си е таман, за офроуд не сум ја пробал ;D е сеа моторчето си е слабо за моите барања, ама не е којзнае колку тромаво за да се нервираш.
Сум немал никаков проблем до сега и топло ја препорачувам на сите што имаат домашно воспитание.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Пошто сум немал прилика да возам Хонда од твојов модел, а баш ми се допаѓа како изгледа. Дали е ок некад да ми даеш кругче?

Не палам гуми кога возам, возам прибрано и пазам на прописи :) Дури и кога возам нечија туѓа кола или службена.

Баш ме занима колку е стварно тром моторот за мои сфаќања


Дарко

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #17 на: 13 Јануари 2014, 18:37:22 pm »
америчкиот V6 го има во хондава ?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #18 на: 13 Јануари 2014, 18:38:07 pm »
ја ја 147кв или околу 204кс

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #19 на: 13 Јануари 2014, 18:38:31 pm »
брате нема врска хондата беше топ само каросеријата едноставно ме изненади, инаку да ви кажам во споредба со бмв-то е поспора и повеќе троши

За да има поента ова.. Наведи која Хонда, кој мотор, кое годиште, и исто кое Бмв, кој модел, кој мотор и кое годиште.

Пошто и јас можам да кажам дека сериозна маана на мoeто HR-V e дека е поспоро и повеќе троши од Lexus или BMW


Дарко

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #20 на: 13 Јануари 2014, 18:39:27 pm »
хондава што ти ја постирав 3.0 в-тек 2001година со бмв-то што ми е на потписот 328 ци

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #21 на: 13 Јануари 2014, 18:40:26 pm »
Дарко, немора толку по прописи да возиш (само пази радари да не има). ;D
Не е проблем за кругче, добиваш штом се начекаме.


П.с.  Пошто моторот е таков каков што е, треба да ја возиш малку над прописите за да "заиде". :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #22 на: 13 Јануари 2014, 18:42:19 pm »
зависи за кого како

за македонецот да,многу троши
ама за американецот кој што вози некој џип од 6.000 кубика и 5 тона ова му доаѓа како тико со плин
затоа и најверојатно не припазувале на потрошувачка туку само да бутнат некој мрсен шестак

што воопшто не е случај за европа

му понудив кладба на еден во 100 евра дека со вти-то ќе поминам 100км со 9 литри бензин во скопје во гужвите,ама не прифати


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #23 на: 13 Јануари 2014, 18:44:27 pm »
зависи за кого како

за македонецот да,многу троши
ама за американецот кој што вози некој џип од 6.000 кубика и 5 тона ова му доаѓа како тико со плин



Јас никогаш не гледам само потрошувачка како ставка кај возило. Мене ме интересираат трошковите за експлоатација во целина.

Што ако мојата Сузуки Витара трошеше драстично повеќе од Астрата на тогашниот партнер (дизел), кога неговите месечни вкупни трошкови беа повисоки од моите (да рачунаме гориво + делови + сервис што ги купувавме при поседување на возизлата)


Дарко

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #24 на: 13 Јануари 2014, 19:14:21 pm »
2. HONDA CR-V MK3 2012

1.1 Возев варијанта со автоматски менувач, и ова е најлошиот автоматски менувач што некогаш сум го возел (иако немам преголемо искуство, ама споредено со автоматски менувач кај Mazda CX5, BMW X1, Volvo XC60, DSG кај VW), ова кај CR-V e чкартојна. Нема мануелен мод, и го прави возилото ужасно тромо (поготово бензиската варијанта бидејќи менува на мал број вртежи).

После пробата на автоматскиот менувач, дефинитивно одлучив мануелен

1.2 Моторот 2.0 150 кс е релативно тром, односно бара да научиш каде да менуваш и тогаш тоа не е така лошо.

1.3 Она што го пишав за погонот на 4 тркала важи и тука. Од друга страна па супер функционира во снег. Кога ќе сфати човек дека ова не е Off Road возило, тогаш све ок. Далеку полоши Off Road способности од Форестер, Сузуки Витара и мислам дека се  полоши и од Шкода Јети и Тигуан.

1.4 Мало крцкање од кај А столбот уште од сам почеток. Од почеток ме нервираше, сега не толку. Инаку се јавува само на одредена температура (не секогаш).

1.5 Се појави мала рѓа на амортизерите (веќе постирав за ова). Рѓата е површинска и како прстен (изгледа сум имало кал или нешто што симнало мал површински дел од бојата, па се појавила рѓа). Бидејќи не е страшно не се замарам

1.6 Ми фалат куки во гепек на кои што може да обесиш кеси. Ова е многу практично во Шкода Јети, и нешто слично има во Цитроен Ц3, и е одлично нешто кога човек купува и мкне ќеси во гепек. Делимично го решив со купување на мрежа за во гепек, што спречува да ми се шетаат работите низ гепек.

1.7 Потрошувачка:

Еве како сум измерил во овие 21500 км и тоа 60% град, 40% отворено

Најлоша потрошувачка: Град, Зимно време, кратки релации - 13.5 л/100

Најдобра потрошувачка: Отворен пат, летно време - 7.67 л/100

Просек: 10.51 л/100


1.8 Некакво шкрипење од кочниците  поготово кога е ладно во првите 10 минути од возењето (читав по форуми, дека ЦРВ во има проблем со шкрипење на кочниците, и за ова знам и други што се пожалиле. Се решава со некакви шајбни, ама кога ќе ми дојде редот за менување плочки, веројатно ќе одам со некој друг бренд. Ако е релативно евтино можда ги променам и дисковите кога ќе менувам плочки, од некоја по проверена марка за плочки/дискови.

Овде би ми помогнала сугестија за тоа која марка на Плочки и Дискови да ги размислам како варијанта.




Дарко

« Последно менување: 13 Јануари 2014, 19:44:49 pm krell »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #25 на: 13 Јануари 2014, 19:51:31 pm »
Јас на 2-3 пати го имам возено CR-V-то (еднаш беше недела и кусур кај мене), баш као тоа твоето и скоро секогаш ми се свиѓало све. Од забелешките што сум ги водел кога сум го возел, ги чувам следните ствари:

Honda CR-V 2.0 150 (Како на Krell)

Позитивно:

- Првиот впечаток кога ќе се седне внатре е одличен.
- Одлични материјали.
- Подесивите седишта овозможуваат лесно пронаоѓање на комфорна возачка позиција.
- Добра прегледност од напред.
- Читливи и јасни инструменти.
- Интересна рачна кочница.
- Комфорни седишта, и при градско возење и при возење на подолги релации.
- Лесен волан.
- Одличен менувач.
- Солиден аудио систем.
- Доволно простор на задните седишта дури и кога напред седи повисок човек.
- Доволно простор во багажник.
- Добро абсорбирање на нерамнини на пат.
- Одлични и големи места за оставање дребулии и ситници.
- Големи врати кои овозможуваат лесен пристап.
- Одлични странични ретровизори.

Негативно:

- Не е толку широко внатре колку што изгледа од надвор на прв поглед.
- Нејасен празен простор помеѓу менувачот и рачната.
- Бензинскиот мотор бара високи вртежи за да постигне сила.
- На прв поглед нејасен и конфузен за користење темпомат.
- Потпирачите за раце на предните седишта се премногу мали, и при потпирање, раката цело време лизга надвор од нив.
- Ограничена прегледност при возење во рикверц. Несекојдневниот облик на Ц-столбот го прави непрегледен одзади.
- Премногу лесно управување, нема скоро никакви повратни информации на воланот. Прифатливо со оглед на класата на возилото.

Jazz (мислам 1.4 со 100 коња, не се сеќавам, а не сум запишал)

Позитивно:

- Одличен прв впечаток.
- Одлична прегледност однапред, со мали замерки.
- Комфорни  седишта.
- Лесно разбирливи инструменти.
- Магичните седишта се можеби најпрактичните и најлесни за користење задни седишта во класата.
- Импресивно управување за мало возило.
- Добри повратни информации од волан.
- Одличен мотор со сосема доволно сила. Работи навистина тивко.
- Во внатрешноста има навистина доволно простор.
- Прецизен менувач со одличен од.
- Солидна задна прегледност и лесно за паркирање.
- Лесно се наоѓа добра позиција за возење.
- Доволно простор и на задната клупа.
- Голем отвор на багажникот.

Негативно:

- Предната прегледност е малку ограничена заради долгите А-столбови кои се под остар агол.
- Копчињата за управување со прозорците делуваат евтино.
- Потпирачите за раце на вратите се мали.

Civic 1.8 140 коња (Претходната генерација)

Позитивно

- Сеуште има еден од најинтересните ентериери во класата.
- Големите врати овозможуваат лесен пристап.
- Одличен аудио систем.
- Солидна управливост.
- Добра прегледност.
- Практични места за оставање дребулии. Посебно радува големиот бокс за дребулии до возачкото седиште.
- Со скриените задни кваки изгледа како купе.
- Одличен багажен простор, на кој лесно се пристапува. Вратата е голема и со низок раб.
- Доволно (но не премногу) простор на задната клупа.
- Стартер-копчето е многу забавна работа за автомобил во оваа класа.
- Магичните седишта и тука се неверојатно практични и корисни. Автомобилот со нив добива навистина многу корисен простор за пренесување на поголеми работи.
- Одличен и прецизен менувач. Можеби најдобар менувач во класата.
- Прецизен управувач.
- Одлично поставени педали.
- Моторот е скоро бесшумен во нормални услови на возење.
- Одлични седишта.

Негативно

- Обликот на задното стакло и пресекот на стаклото значително ја намалува прегледноста одзади.
- ГОЛЕМ недостаток е нестандардниот USB порт, кој не дозволува директно да се вклучи USB стик со музика. (ова ми беше нејасно тогаш, можеби конкретната серија беше таква, бараа доплата од 100 еур за кабелче)
- Седечката позиција е малку висока.
- Некои од пластиките кои се користат во внатрешноста сепак не се на ниво на конкуренцијата (ако за примарен конкурент го земеме VW Golf)
- Недостаток на повратни информации од воланот.
- Малку премекo ослонување.
- Недостасува заден бришач.
- Малку збунува што автомобилот се пали на стартер-копче, а се гаси на клуч.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #26 на: 13 Јануари 2014, 20:03:54 pm »
HONDA CR-V MK4 (новиот , актуелен модел) 2.0 155кс


Негативности:

- Дизајнот. Мене лично повеќе ми се допаѓа претходната верзија

- Цената. Не дека е прескапо, ама претходниот се продаваше пре евтино и сега ова полоша зделка него за претходниот модел. Очекувам да цената падне со текот на времето (и мојот модел почна да се продава 29000 еур, па падна на 22000 еур)

- Задните седишта не се лизгаат напред назад. Во ваков тип на возило практичноста е многу битен елемент. За да постигнат оборување на седишта на копче, седиштата задни овде се фиксирани и го нема лизгањето напред назад за цели 15 цм што го има во претходниот модел. Ова е голем минус

- Намален волумен на бункерот за ситници меѓу седишта. Ова кај новиот модел е доста помало од колку кај претходниот модел. Конкретно овој бункер го користам многу, така да за мене ова ми е маана.

- Пониско седење. Мене лично повеќе ми се допаѓа седењето од претходниот модел. Овде е повеќе како седење во некој караван а не во СУВ.

- Подпирач за лакт. Мене лично во претходниот модел, ми е идеално интегриран подпирачот за лакт (го има на секое од седиштата, и двајцата сопатници напред не делат еден централен, туку секој посебно.). Претходниот систем ми се бендисува повеќе и ради што го прати аголот и позицијата на седиштето, па некако идеално ми паѓа лактот. Ова веројатно е нешто индивидуално, бидејќи Зеро го доживеал како премал подпирачот за лакт во претходниот модел, а мене ми е идеално. Можеби ова зависи од телесната конструкција на патникот.

- Моторот. Овој мотор го доживувам многу слично со моторот од претходниот модел (овде е 2.0 155, кај претходниот модел е 2.0 150 кс). Важат истите забелешки како и кај претходниот модел

- Погонот на сите тркала. Наводно е ова подобрен систем од претходниот модел (би требало да реагира побрзо). Јас мислам дека се нијанси во прашање, и дека веројатно се на многу слично ниво и дека и во овој случај се подобри Форестер, Јети, Витара, Тигуан


Дарко

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #27 на: 13 Јануари 2014, 20:36:46 pm »
Krell, дај бе нападни ме дека Голфот ми е срање. Досадно е вака.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #28 на: 13 Јануари 2014, 21:15:16 pm »
Krell, дај бе нападни ме дека Голфот ми е срање. Досадно е вака.


За да може да ти кажам дека Голфот е срање, треба прво Голф да е кола. :)

Подобро? :)

Аме сеа ти врати ми дека Хонда е срање тешко и дека гарант ми е мал чим сум купил ЦРВ.

Ова ме подсеќа кога во Симпсонс кога имаше петиција дека Ичи и Скричи се пренасилни, и поради тоа наредните епизоди беа мирољубиви. Па место да се убиваат си даваа цвеќиња и слично :)

После пак имаше петиција да се вратат у нормала :)


Дарко

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Моделите на ХОНДА и нивните поединечни маани
« Одговори #29 на: 14 Јануари 2014, 01:38:44 am »
Јас мислам дека ова јапанциве се толку глупи што врска си немаат од ништо дефинитивно. Па тоа таков шкарт да прават не сум бил свесен. Да не беше темава немаше да ми биде јасно. Една голема благодарност што ми ги отворивте очите со време наредна кола сигурно пак ќе биде ХОНДА. Мора под казна што не сум знаел дека возам срање. И еве апел до нај успешната нација во светот..... Јапанци опаметете се иначе стручњациве од Македонија ќе ви ги земат местата за дизајнирање, контрола на квалитет, контрола на издржливост контрола на удобност и се друго што имате во тие ваши евтини производствени погони.

ПС
Неможе секој да има Хонда........ Тоа е чест и привилегија
« Последно менување: 14 Јануари 2014, 01:58:46 am bokicivic »