Ја исправ колата прееска, викам ај ќе издржам на топлово пола саат, многу ми беше прљава. Арно ама од коа ми ја испраа дамла ме мавна, коа си ја видов десната врата, у една линија со проред од еден сантим повеќе белези(гребаници) од врата, па аман бре толку ли се неписмени луѓево, толку ли се идиоти, толку ли се кретени, дебили, ментални, заостанати, глупаци, сељаци, волови, коњи... Значи стварно не разбирам, премалку се и овие зборови, значи не само мојата, туку и неговата врата си ја оштетува, не ми е јасно како не разбираат, многу се инзервирав и уште ме држи нервозата. Секогаш кога паркирам, пазам да оставам доволно простор за да се отвори врата и нормално да се влезе и јас и тој до мене, не не стварно не можам да сфатам некои работи. Згора на тоа на левата предна врата изгребана пластичната лајсна, некој ме цивнал, сва среќа што ја закачил лајсната, таа не е во боја. Се надевам дека тие стините траги на вратата ќе искочат со полирање.