И ете доаѓаме до моментот класична македонштина.
Значи ни на крај памет не ти дојде да се вратиш одма назад во перална со очигледно валкана кола,да споделиш и да видиме каде е проблемот и како би можеле да го решиме.
Се разбира дека опцијата да се испере уште еднаш си стои ако веќе е евидентно дека не е направена услугата за која си платил.
Не само во твојов случај туку генерално ја одбираме опцијата да седнеме на тастатура и да си плукаме по форуми,вибер групи и останати социјални мрежи.
Ако ти си се вратил и ние сме те одјебале го имаш целото право да си плукаш до бескрај,затоа сме таму или јас или дандо секој ден од јутра до сутра.
Споредбата што ја направи дека за 300ден сам подобро ќе си ја исперел ама ич не држи вода бидејки мислам дека повеќе од очигледно е дека неможе да биде исто сам да переш и бришеш грубо еден саат верувам,а од друга страна седиш во кола за 10мин завршуваш а притоа те опслужуваат 3ца.
Да не се разбереме погрешно,и те како сум свесен дека пералната е далеку од идеална и често има грешки,живееме во многу валкано поднебје,не многу често ги переме колите,машина никогаш нема да испере како рака,кадарот за пред перење е климав цело време и уште многу други фактори да не го тупам на широко.
Многу би било полесно и подобро ако се разбереме во живо отколку ова виртуелново ама така одбираме.
Слободно дојди кога сакаш во перална,побарај ме или мене или дандо и имаш гратис перење.
Sent from my 2407FPN8EG using Tapatalk