Јас бидејќи перам и возила на фирма, одам во перални кои даваат фискални. Тоа се Бушав, кај што можеш да си платиш и со картичка што ми е големо олеснување него да бркам по џебови за пари, а во Гранит не може со картичка, ама и таму никогаш не сум имал проблем со фискална.
Што се однесува до водата, ваповите а и механизмите на четки трошат минимална количина на вода, која во принцип се собира во одводни канали и се спроведува до резервоари каде што прво се врши механичко прочистување низ филтри, а потоа поминува во следен резервоар каде што се обработува и хемиски, а потоа се пушта во канализација. Тоа е уствари патот. Е сега дали пералните треба и хемиски да ја пречистуваат водата, незнам...Веројатно не, затоа што исто и ние од дома кога переме алишта, не ја прочистуваме водата до одводната канализација....
Просто
![Cheesy :D](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/cheesy.gif)