Филм ќе испадне бољи од дигитал уште малце. 
Дигитал е многу згоден за брза манипулација и има свои предности. Дали си развивал слики од некое поголемо парче филм од 35mm? Да речеме 120ка? И тоа некое убаво споро филмче како Fuji Velvia 50ASA....
http://www.kenrockwell.com/fuji/velvia-50.htm
Скапотијата на манипулирање со филм го прави дигиталниот медиум далеку подобар за прфесионална работа, како на пример модни ревии фотосесии и слично. Кога станува збор за уметничка фотографија, јас би преферирал филм пред дигитал.
Симески ти си разбран човек. Едно е мерак а друго е подобро. Значи јас може да си возам на пример Мерцедес W202

И ми е мерак и ми е прекрасен и се по список. Најубав ми е мене на светот, на пример. Меѓутоа W221 e eдноставно подобар. Во се е подобар.

И тоа нашава разлика е многу по изразита, отколку примеров. Зошто наместо W202 требаше да земам парна машина од 1908ма година. Ама за да доближиме.
Тие дебати се правеа во 2004та-2006та кога дигиталните фотоапарати беа на почетно ниво. За воопшто да ги споредиш и самиот ти одиш кон поголем формат, но и дигиталните имаат поголем формат. Во се е надминат филмот, особено последниве 2-3 години конкретно од страна на буџет камерите, а од страна на професионалните дигитални бекови и поодамна.
Брзина? Дигитал.
Ефикасност? Дигитал.
Динамички опсег (за мене најважното)? Дигитал. И тоа тазе го зема тронот.
Резолуција (Детали)? Дигитал.
Можност за едитирање? Дигитал.
Помала светлост (Signal-to-noise)? Дигитал.
Објективи? Дигитал.
Контраст? Дигитал.
Микроконтраст? Дигитал.
Боја? Дигитал.
Се што имаше филмот, модерниот дигитален сензор го надмина. И не само што го надмина, туку постојано го надминува уште повеќе и се подобрува и понатаму. Ако споредиме дигитален бек со филм па, уште повеќе ќе е изразен тој размак што го имаат различните технологии.
Едно е што ти е тебе „мерак“, или мене. Мерак е друго, тоа е како ловење риба. Да си ц-цкаш да си се маткаш, да си го следиш процесот, да се релаксираш и да си направиш нешто за себе. Ако излезе-излезе, ако не, не е важно. Кај „меракот“ поважен е процесот на работа отколку крајниот резултат.
Но за апсолутен квалитет кога зборуваме, како краен продукт, филмот е веќе далечна историја, надмината во секој можен поглед. И тоа за категории надмината. Носталгија или не, треба да си признаеме дека отиде тој воз. Мора да се прифати реалноста кога-тогаш.
