Пред некој месец пазарив EOS 600D, откако стариот, верен 350D испушти душа.
На страна што новиов апарат снима видео, квалитетот на фотографиите е... отприлика ист. Има некое мало подобрување на високи ISO сетинзи (нијанса помалку шум), но во суштина квалитетот на сликата е тој, во иста класа со 7 години постариот 350D.
Eкранчето што се „вади“ е кул, но не се фаќам себе си дека ја користам таа можност.
Единствена реална предност во однос на стариот е Auto ISO опцијата. Не морам рачно да го менувам во зависност од светлинските услови - само штракаш. Корисно.
