Ок, фала на одговорите, но јас не се сложувам, а нема да продолжам да полемизирам и да навлагам во понатамошна дискусија за и околу тоа
За мои лични потреби јас не гледам никаква потреба од СЛР.
Токму и затоа го одбрав ова. Во комбинација ми беше и Г15, и РХ100 /2 на Сони. Сонито беше премногу скапо, Г15-ката ми се виде претешка и гломазна кога се решавам за мал апарат, а разликата беше многу мала во перформансите со Ѕ110-ката.
Една од причините зошто не го сакам СЛР-от е првично тоа што он повлекува добра леќа, а таа чини. Како не сум во можност да инвестирам во нешто од кое што не можам да ги извадам парите, значи не сум свадбар или фото новинар, не видов никаква потреба од такво чудо.
Затоа и реков ајде да сликаме и да одиме пешки од Ѓорче до Аутокоманда.
На патување кога се оди, се што е повеќе од ранец и куфер по аеродромине ствара ненормално голема нервоза. Присутноста на префрлање на јакна од една во друга страна создава голема напнатост и оптоварување, а камо ли дополнителен ранец со 3 до 5 кг опрема за сликање.
Замисли го моментот кога наместо еден мобилен влечкаш два...
Но ова се само мои лични видувања, немора да значи дека и другите исто размислуваат, нели ?