Автор Тема: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?  (Прочитано 219147 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14865
  • Пудингот на шоферството
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1095 на: 28 Ноември 2025, 08:57:53 am »
Самиот кажа дека каде што има услови и пари пешачките премини се прават подземни или надземни,каде што нема услови се прават на самите кружни текови.
Во Ук повњќето кружни текови се регулирани со семафори.
Кај нас нај голем проблем е рајата.Мисли дека стигнал на пешачки и мора одма да помини,не знае да почека да поминат две три или пет возила па после да помини тој преку пешачкиот.
Летово низ Бт комплетен хаос.Кај новиот пазар на пешачкиот една кола поминува 10 минути на пешачкиот плшо пешаците еден по еден си поминуваат на секое.
Тука мора да има семафор за пешаците,а и на многу други по фрекфентни места.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8110
  • Плинаш!!!
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1096 на: 28 Ноември 2025, 09:54:26 am »
Едно е што е идеално за автомобилсиот сообраќај, друго е како сите учесници во сообраќајот треба да живеат на исто место. И коли, и мотори и велосипеди и пешаци. Секако, иделано за пешачкиот сообраќај  би било автомобилскиот сообраќај да се бутне под земја или над земја, ама не е изводливо. На битпазар да го качиш сообраќајот на ниво, да им остаиш на пешаците да си тераат лево/десно од бутел до судска палата најбоље ќе биде, ама не е изводливо. Така и ова твоево хипотетичко дека најдобро е пешачки да нема на кружните. Најдобро е, ама не е изводливо. Ни е практично ни е безбедно за пешачкиот сообраќај да биде на 100м од кружните.

Баш кај тој кружен што сте го „проектирале“ вашиот клас, замисли да немаше пешачки (односно да се користат најблиските следни, кај АМСМ, па кај Цветен пазар, или оној подолу пред „Треска“), а ти да си пешак па и уште со хендикеп и да треба од католичка да стигнеш до поликлиниката од спротивна страна. Супер, еднаш ќе помине. Ама ако треба да се движиш и во Ѓорче и во Аеродром и во Кисела Вода и секаде кај што има кружен тек, а по „некое правило кое што во сите книги го има“ а не го видовме, боље да не си пешак, утепај се.

Супер што си завршил школо, ама ете нешто у теорија што се учи, не секогаш во пракса е примеливо. Еве, дури и на оваа сликава што си ја постирал прекрасен кружен тек, на левиот крак има пешачки премин. Не е со зебра обележан, ама е пешачки премин.

Да не зборуваме дека сега се повеќе сметка се води да се даде приоритет на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај. Сообраќајот не е само од коли и за коли.
Епа тука е и проблемот. Тука јас и ти не се согласуваме. Се повеќе се "буткаат" пешаците во сообраќајот и нормално е да има повеќе сообраќајни незгоди. За безбедност и на едните и на другите е да се одвојат пешаците од коловозот. Коловозот е наменет за возила а не за пешаци, тротинети, точаци. Јас не сум слушнал некој на тротоар да биде изгазен. Има решенија, можеби скапи ама има. И сеа што повеќе чини? Еден надвозник или неколку човечки животи? Кај нас очигледно надвозникот.

И со мечето се согласувам 100%. Има многу ботови и од пешаци и од возачи.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6078
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1097 на: 28 Ноември 2025, 10:53:36 am »
Се се решава ако се има желба.
Желбата

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15003
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1098 на: 28 Ноември 2025, 11:01:52 am »
Во живо ја видов оваа. Среќа се возев не се замарав ама не знаете кој „организиран“ хаос е

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 645
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1099 на: 28 Ноември 2025, 11:58:57 am »
Морам во нов пост, во претходниот не ми дозволува да пишувам повеќе, незнам зашто.

Дека сеуште се градат кружни текови со пешачки зони, се градат тоа е факт. Ама дека тоа е идеално решение, не не е каде што има голем проток на пешаци.

Еве еден пример. Што ќе се случи да се изгради кружен кај градска болница со пешачки премин? Јас верувам и сум убеден дека сообраќајот ќе биде пооптеретен со кружниот (поради пешаците) одколку со семафорите моментално. Едини бенефит ќе има само во вечерните часови кога ќе нема толку пешаци.

Има пример во Охрид - кога почнаа да го прават кружниот кај Охридска Банка, јас тогаш реков дека ова ќе биде кружен со регулација од цајкани :)
Во сезона се виде дека се оптеретува со премногу пешаци, па земаа префрлаја дел од пешачките ги одалечуваа од кружниот, па уште има цајкани за регулација на пешачките.... Едниот од пешачките е толку одалечен што вртиш круг од над 250 метри за да преминеш улицата само...

како што кажа @Zile лупање само на кружни/пешачки, без анализа, без соодветни премини за пешачи, само прават дополнителни проблеми место да решат постоечки...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44561
  • Il Moderatore
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1100 на: 28 Ноември 2025, 12:12:31 pm »
Епа тука е и проблемот. Тука јас и ти не се согласуваме. Се повеќе се "буткаат" пешаците во сообраќајот и нормално е да има повеќе сообраќајни незгоди. За безбедност и на едните и на другите е да се одвојат пешаците од коловозот. Коловозот е наменет за возила а не за пешаци, тротинети, точаци. Јас не сум слушнал некој на тротоар да биде изгазен. Има решенија, можеби скапи ама има. И сеа што повеќе чини? Еден надвозник или неколку човечки животи? Кај нас очигледно надвозникот.

И со мечето се согласувам 100%. Има многу ботови и од пешаци и од возачи.

А бе најбоље ако може да прелетуваат пешаците преку улица, да не мора да пешачат, ама инфраструктурно не е секогаш возможно да летаат.
И сепак да се вратиме на главното: нема правило ни препорака која кажува пешачките да бидат на минимум 100метри од кружните. Да имаше такво некое, први ќе почнеа французите да го применуваат, како земја со најмногу кружни пер капита.
А тоа дали ние кога не сме пешаци во сообраќај, имаме обѕир према пешаците, или кога сме пешаци имаме обѕир према тие кои не се пешаци, тоа е друго прашање (на култура, едукација, традиција итн.). Јер, кога сум пешак сакам сите коли да ми застанат коа ќе цапнам на улица, ама коа сум во кола сакам сите пешаци да почекаат додека ја поминам  па да цапнат на улица, така?
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6905
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1101 на: 28 Ноември 2025, 12:22:52 pm »
Цитат: ЗАКОН
7.1. Сообраќај на крстосница со кружен тек на сообраќај
Член 47
(1) ...
(2) ...
(3)Возачот кој се движи во крстосница со кружен тек на сообраќајот каде што коловозот има две или повеќе сообраќајни ленти, е должен да се престрои во внатрешната сообраќајна лента со цел да овозможи вклучување во крстосницата и на други возачи, освен ако има намера да ја напушти крстосницата на најблискиот излез или поради густината на сообраќајот не е во состојба безбедно да се престрои.
(4) При вклучување во сообраќај на крстосница со кружен тек на сообраќајот каде што има две сообраќајни ленти возилото што се наоѓа на десната сообраќајна лента се вклучува на надворешната сообраќајна лента, а возилото кое се движи по левата сообраќајна лента се вклучува на внатрешната сообраќајна лента.
(5) Пред да ја напушти крстосницата од ставот (4) на овој член, возачот е должен да се престрои во надворешната сообраќајна лента, освен во излез на кој со сообраќајна сигнализација е пропишано дека е дозволено свртување десно и од внатрешната сообраќајна лента.
(6) На излез од крстосница со кружен тек на сообраќајот на која е дозволено свртување во десно и од внатрешната сообраќајна лента, надворешната сообраќајна лента е наменета исклучиво за свртување во десно. Правните лица надлежни за одржување на патот се должни надворешната сообраќајна лента соодветно да ја обележат.

Filo, попара си, дури и пропагираш сељачко возење.
Ете го законот, посочи ми каде пишува дозволено возење по надворешна лента до трет исклучок.

Односно ако две возила влегуваат во кружен тек, тој во надворешна лента нема обврска дека мора на првиот исклучок да го напушти кружниот, туку има право да го сврти и цел круг во кружниот бидејки е една лента во круг (исто како и внатрешната)
Ако ти од внатрешна се исклучуваш додека некој во надворешна продолжува да вози во кружниот и го удриш, ти си крив, а не тој во надворешна.

Ако ова правило на сообраќај во кружен тек го знаат барем 5% од возачите во државава, ја ќе се обесам.

Ете повеќе си возен низ државата дај ми слика од кружен каде е забрането исклучување од внатрешна лента. Ова ти што го зборуваш важи само на такви локации а јас не памтам да сум сретнал, освен да се физички оневозможени.
Пошто е дозволено исклчување од внатрешна лента десно, ти во надворешна треба на прв излез да се исклучиш а не да продолжиш да кружиш, и ти си крив во случајот, став 5 и 6.

Еве во атачмент кажи ми кој ќе биди во право јас ако свртам десно кон ист гејт од а ти по надворешно лево да си тераш.

Во Кисела вода не знам како е, ниту слика има ниту стрит вју, ама гледам се исклучуваш во единечна лента, и по која логика и закон има преднос тој од десна страна што се вклучува во сообраќај?

Не велам дека е забрането, туку внимаваш бидејки вршиш престројување додека си во кружен тек.
Тука на сликава е обележано баш како и во законот што вели, ама не сите кружни текови се јасно обележани со јасни насоки која лента до каде оди.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10329
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1102 на: 28 Ноември 2025, 12:40:21 pm »

Јас не знам до кога ќе се учиме престројување, бидејки во принцип тој што не внимава додека се престројува е виновен.

Ако мене не ми верувате со долгогодишно искуство, послушајте експерти.

https://youtube.com/shorts/IknYTxDBHO0?si=3bvQCIxdvbnUrVTL

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10329
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1103 на: 28 Ноември 2025, 13:24:54 pm »
И да додадам дека културно е да дозволиш некому да се престрои, иако по сила на закон тој треба да си дреме во место во својата лента со вклучен жмигавец се додека не се ослободи простор...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14865
  • Пудингот на шоферството
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1104 на: 28 Ноември 2025, 13:25:59 pm »
Во живо ја видов оваа. Среќа се возев не се замарав ама не знаете кој „организиран“ хаос е

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ovaj go vrvam pravo na sredina.😂🤣
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6989
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1105 на: 28 Ноември 2025, 21:38:04 pm »
Јас не знам до кога ќе се учиме престројување, бидејки во принцип тој што не внимава додека се престројува е виновен.

Ако мене не ми верувате со долгогодишно искуство, послушајте експерти.

https://youtube.com/shorts/IknYTxDBHO0?si=3bvQCIxdvbnUrVTL

И да додадам дека културно е да дозволиш некому да се престрои, иако по сила на закон тој треба да си дреме во место во својата лента со вклучен жмигавец се додека не се ослободи простор...

Какви експерти човече, овој српски закон нема никаква врска со нас, дури и во коментари ги гнасат дека им е попара законот.
Не знам дали има кај нас кружен со три ленти, арно шо нема оти кој будала ќе влези во највнатрешниот круг за после да сврти два круга за да се престори и да излези на крајот.
Значи возиш по надворешен цело време и шо ги е6иш другите шо се пикале внатре, тебе да ти е тамам и прв да поминиш, според вас, а и „експертите“.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10329
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1106 на: 28 Ноември 2025, 22:43:50 pm »

Ако тебе не ти оди нешто во прилог не значи дека е попара.

Појма немам од каде си го извадил законот кај нас, ама ако навистина е таков, попара е бидејки се коси со сите основни правила на возење.
Нешто како пред 30ина години кога го донесоа законот за светла преку ден кој гласеше НАЈМАЛКУ соборени светла, што значи дека ако сакам може и со долги светла да возам преку ден.

Не ми е јасно зошто би требало да се чувствуваш морон доколку вртиш повеќе кругови во кружен тек доколку не успееш да се престроишза да излезеш од него (иди во Париз каде имаш и 5 ленти во кружен тек.

Проблемот е во тоа што таквите како тебе кружниот тек го сфаќаат како шикана и така и го возат, и очекуваат и другите да возат како низ шикана :'(
« Последно менување: 28 Ноември 2025, 22:51:26 pm Mikius »

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 224
    • MVP Ring
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1107 на: 28 Ноември 2025, 22:55:40 pm »
Во Охрид се баш убаво бележани кружните, барем тие на Туристичка.

Надворешна лента е за прв и втор излез, внатрешна за втор и понатака. И тоа е бележано 100-50м пред кружно, на самиот асфалт за правилно престројување.

Во пракса најчесто надворешна се користи за прв излез и така се ослободува кружното од гужва, да можат другите лесно да се исклучат.

Во авто школа учевме дека можеш да се исклучиш од внатрешна лента и дававме жмигавец за исклучување. Гледам и повеќето го користат тоа. И јас го користев тоа кога полагав, па не ме падна комисијата.

Со кружење кругови од надворешна лента си многу блиску до сообраќајка.

-------

Убаво решение се, барем во Охрид, со исклучок на 20 дена во годината, каде асистира полиција.

Пешачките не се проблем, направени се малку по далеку од кружните па има место 4-5 коли да се заредат без да блокираат кружен тек. Поголем проблем е улицата кај пазарот што едната лента се користи за застанување на 5мин, па така се прави тесно грло.

Sent from my A001LG using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10329
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1108 на: 28 Ноември 2025, 23:01:01 pm »
Цел свет е овака!

https://youtube.com/shorts/PbnsVmq-r90?si=gRK53GIOhtXQt-CW

Ако кај нас е поинаку, кај нас е попара законот и тој што го пишувал треба да се линчува.
« Последно менување: 28 Ноември 2025, 23:09:37 pm Mikius »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14865
  • Пудингот на шоферството
Одг: Како да го (под)средиме сообраќајот во Скопје?
« Одговори #1109 на: 28 Ноември 2025, 23:49:06 pm »
 @Mikius  Немој Париз да го споменуваш пошо Франција генерално се многу лоши возачи.Јас не водов здрава кола во Париз.Плус тој шо влегува во кружен има предност.Хаварија е градот за возење.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D