И од едната и од другата страна, едно „гласно малцинство“ ги праи проблемите. Во Скопјево сигурно има над 100.000 возила во било кој момент. Ако сите тие 100.000 возила одеднаш симултано почнат да паркираат каде ќе им текне, не ебат семафори, итн - каде ќе ни биде на сите крајот? Сите ќе имаме сериозни проблеми, не само велосипедистите.
Арно ама, да речеме дека 1 процент од тие возила праат проблеми (иако најверојатно бројката е поголема, ама ете, for the sake of argument, нека биде 1%) - и тие 1% ја ебат сликата за сите. Прават забележлив проблем. Арно ама, другите 99% си тераат работа нормално, си почитуваат правила, си паркираат правилно, итн - и тие 99% (со право) се изреволтирани од ваквите „протести“ и кукумјавчења.
Истото е и со точаците. Ја сум сигурен дека 99% од велосипедистите (иако, повторно, бројкава не е баш најреална) си возат по правило. Ама доволно е да видам три-четворица на ден за кои семафорот е само сугестија како прелетуваат на црвено, не ебејќи жива сила. Возач на возило тоа потенцијално би го коштало 300 евра и возачка на најмалку три месеци - додека велосипедист тоа не го кошта ништо (иако законски е забрането), па уште идат со ставот „ако ме фати нека ме казни.“
Тука се јавува конфликтот.
Едит: Тука има уште една работа, која е малку покомплицирана, но сепак.. За велосипед нити се плаќа некаков данок за патишта, нити пак некакво осигурување. А би требало да бидат еднакви учесници од сообраќајот. Со издвојување на велосипедски ленти на коловозите (како што е направено на Бул. Климент Охридски рецимо), велосипедистите добиваат бесплатна коловозна лента, додека ние со автомобилите (на овој или оној начин) плаќаме за нашите - кои сега ни се намалени за сметка на некој друг.
Нека биде јасно - јас не го оспорувам ова. Јас го поддржувам ова - ако ништо друго, од себичен аспект - колку повеќе точаци, толку помалку коли. Ама чисто као food for thought.