Точак во Амстердам може да те удри ако никогаш не си се качил на точак, или просто само доаѓаш од Македонија.
На екскурзија, пристигнуваме во Амстердам, автобусот се паркира, водичот јасно и гласно на микрофон кажува „БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ, ТИЕ СЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ! СТОЕТЕ НА СТРАНАТА НА ТРОТОАРОТ НА КОЈА НЕМА ИСЦРТАНО ВЕЛОСИПЕДИ!“.
Излегуваме од автобус, и од 80 луѓе од автобусот, 65 стојат на велосипедска патека, 10 стојат на пешачкиот дел зошто нема место на велосипедска патека, 5 луѓе разбираат разлика меѓу велосипедска и пешачка патека.
Амстердам си е добар, тоа што македонецот уште од 2 месеци децата ги учи на моторизиран транспорт на 4 тркала, е тоа не чини.