Трепкавите зелени светла на семафорите се многу корисно решение.
Зашто не ги направат и црвените светла да трепкаат три пати пред да се вклучи жолтото светло?
Па и нема некоја потреба од ова затоа што додека е црвено и пред да се запали жолто, па потоа и зелено, вообичаено 5 до 10 секунди пред да се запали жолто, семафорот за пешаци од зелено, светнува црвено. Јас по тоа највеке се ориентирам. Или на одредени раскрсници отприлика имам научено како семафорите работат. Пример на мавровка, семафорите се отвораат поединечно за секој правец и нивното отворање е во насоката на движење на саатот.
Па така, доколку ме фати црвено на оваа раскрсница, први тргнуваат тие од лево, потоа тие од спротива, па на крај тие од десна страна. Што значи дека кога тие од десно ке тргнат, има околу 15-20 секунди додека да се отвори зелено за мене и сите коли кои го чекаме семафорот.