Во Охрид се баш убаво бележани кружните, барем тие на Туристичка.
Надворешна лента е за прв и втор излез, внатрешна за втор и понатака. И тоа е бележано 100-50м пред кружно, на самиот асфалт за правилно престројување.
Во пракса најчесто надворешна се користи за прв излез и така се ослободува кружното од гужва, да можат другите лесно да се исклучат.
Во авто школа учевме дека можеш да се исклучиш од внатрешна лента и дававме жмигавец за исклучување. Гледам и повеќето го користат тоа. И јас го користев тоа кога полагав, па не ме падна комисијата.
Со кружење кругови од надворешна лента си многу блиску до сообраќајка.
-------
Убаво решение се, барем во Охрид, со исклучок на 20 дена во годината, каде асистира полиција.
Пешачките не се проблем, направени се малку по далеку од кружните па има место 4-5 коли да се заредат без да блокираат кружен тек. Поголем проблем е улицата кај пазарот што едната лента се користи за застанување на 5мин, па така се прави тесно грло.
Sent from my A001LG using Tapatalk