Даре, не се напнувај, знаеш дека се шалам!
И не сакам да кажам дека се малце коњи!
Меѓутоа морам да искоментирам, бидејќи скоро сите тјунинг компании како Рево тврдат и обеќаваат едно а во пракса е друго.
Како прво Леонот има добиено убави 40кс врз оние фабрички 240, и доста има добиено Њутн метри, кои според мене се најбитни.
Ама никој нема да ме убеди дека само со chip tuning или remap и никаква друга модификација ќе добиеш на кола со 4 цилиндри и 2000 кубици, 60 коњски сили!!!
Заради тоа малце сакав да те буцнам да видам што ќе кажеш
Абе Јоце... Знаеш дека не се напнувам, кој што рекол за мене и за моите возила, туку неможам да го разберам однесувањево твое. Ти напишав на Facebook што се чепкаш сега и овде? Се понашаш како кумашинот твој, тврдоглав, пишуваш, дебатираш, а не ни беше присутен таму, па да знаеш што точно се случувало и кој колку и како измерил, а ако те интересираше нешто подетално, знаеш каде требаше да се јавиш или да дојдеш.
Колку за твоја информација, првото мерење беше со нулта сетинг и измерени 227кс. има dyno chart и од тоа, така да со REVO веќе се добиени 53кс. до 5500 обртаи, за нагоре не зборам, затоа што не е ни измерено. Како и да е, возилото ќе се премери во поинакви услови.