За пукнат ладилник не би требало да направат проблем, ама за европски мора двете коли да ги однесете истовремено за да пријавите. Дали ти ќе ја носиш со шлеп или ќе дотураш вода твое си е.
Ова е вака според закон, или е некоја „сива зона“ па компаниите сами одлучуваат?
Пошто ако претставникот/проценителот одбива дури и јас лично да одам го земам да направи увид и потоа да го вратам назад, туку ме тера да плаќам скапа услуга како шлепање, тогаш тоа не зборува добро за услужливоста на неговата компанија.
Секогаш е вака? Сите компании инсистираат на носења на аутата кај нив? Без разлика на изобилство на фотографии и видеа, па дури и достапна полиција за консултирање?
мора двете коли да ги однесете истовремено за да пријавите
Ако е ова точно тогаш полицајците или појма немаат, или само гледаат да се расчисти гужвата што побрзо: Нас конкретно ни рекоа дека може јас во Скопје да пријавам а другиот да си ја пријави штетата во неговиот град. Токму полицаецот ни асистираше да го запишеме записникот и оригиналот од записникот ми го даде мене, а копијата кај другиот.
Понатаму, со оглед на тоа што другиов човек има само гребаница прашање е дали ќе сака воопшто да доаѓа во Скопје за тоа.