Автор Тема: Осигурителни компании  (Прочитано 137408 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #525 на: 13 Ноември 2021, 10:02:08 am »
Во Сава Битола околу 70+К€ имаа здрвено 2 агенти. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 902
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #526 на: 13 Ноември 2021, 10:08:51 am »
Препораки и искуства со осигурителни компании? Кои се фер и коректни со клиентите во добро ама и во лошо?
Во А.Д. Осигурителна Полиса веќе не стапнувам по свој избор.
И јас имав лошо искуство,да не ги видам веќе

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #527 на: 13 Ноември 2021, 10:21:14 am »
Треба вака јавно да си пишуваме искуствата (моите се пар страни поназад), ако сакаме да почнат да се менуваат работите на подобро... Лошото да се критикува ама и доброто да се фали, па компаниите нека се замислат како ќе одберат да работат и каков однос да имаат кон клиентите, и кон работата.

Со голема база на клиенти, на компаниите профитот им е статистички сигурен. Со ситничарење и избегнување на ситни давачки (ситни гледано во големата слика), само губат на репутација - што значи губење на клиенти, што па на крај резултира со помал профит. Обратно од намерата да „заштедат“.

Ете А.Д. Осигурителна Полиса само нека продолжат вака со што повеќе клиенти, па да видеме до каде ќе стигнат.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #528 на: 13 Ноември 2021, 10:35:09 am »
Си пишал за проблемите, но не си пишал како заврши работата.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #529 на: 13 Ноември 2021, 10:44:59 am »
Три пати одев до А.Д. Осигурителна Полиса да замолам да дојдат да направат увид, за на крај удрениот да најде човек од неговиот град и работата да се заврши со праќање фотографии преку Вибер... Не напишав тогаш да не му направам проблем на човекот за време на постапката.

Замисли, ме тераа да плаќам шлеп служба за да им го донесам неподвижното ауто на увид, наместо да не го дрват и да го направат нормалниот логичен потег - да пратат проценител да направи увид. Зборуваме за растојание од Центар до К4, за нив ништо не значи ама за мене значи шлеп служба плаќање.

Две недели не можев почнам да ја правам колата заради нив.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #530 на: 13 Ноември 2021, 11:13:21 am »
Јас мислам дека дрвењето не е до компанијата, туку до вработените, па така никогаш нема да бидеш сигурен на кого ќе налеташ.

Така на пример, Меганот ми беше во Вардар (поранешен), кога го продадов ми изнакажаа триста глупости (го инволвираа и купецот во постапката) за да го задржам бонусот.
Ми се чинеше нелогично па се јавив кај агентот во Уника каде што ја осигурував i10ката откако ја купив, ми побара само пар документи кои му ги испратив по меил и ја заврши постапката едноставно, за разлика од коњот во Вардар.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #531 на: 13 Ноември 2021, 11:34:00 am »
А кој е одговорен за вработувањето (и понашањето) на работниците во една компанија... Ако не самата компанија? И кој ги мотивира да „заштедат“, веројатно и со некакви бонуси за „заштедување“ на фирмата?

На крај сеедно, истиот резултат ќе биде. Незадоволен муштерија кој ќе си отиде од таму.

Целата работа е само почесто да си ги кажуваме маките со одредени компании, и сето тоа да влијае на компаниите. Од еден незадоволен не се плашат тие, ама не може да им е сеедно за многу незадоволни кои незадоволството ќе го публицираат за и други да го видат лошото искуство. Тоа е поентата на дискусијава ваљда.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #532 на: 13 Ноември 2021, 16:03:37 pm »
Isto imashe tatko mi so Kjubi.
Ne e do niv do vas e so davate pari na raka bez smetka.

Ако прочита, јас за среќа ја чував во документите.

Не е работава за среќа/барање фискална. Нема што јас да мислам дали агентот нивни прави или не глупости. Треба осигурителната компанија тоа него да си го брка, не мене. Најверојатно затоа никаде агентиве/компанииве немаат посттерминали каде што со безготовинско плаќање би се елимимирале сите потенцијални проблеми.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #533 на: 13 Ноември 2021, 16:47:47 pm »
Jas kaj shto odam kaj mojot "agent" ima se. I fiskalna i postterminal ostaj so kaj nego nishto ne plakam. Samo zemam faktura i si ja plakam elektronski direktno.

Prv pat slusham deka nemaat posterminali. Na kraj kraeva na registracija bez nishto se odi tamu mozes se da kupish

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #534 на: 13 Ноември 2021, 18:37:18 pm »
На АМСМ нудат полиси од Еуроинс. Еднаш си имав работа со нив и не би сакал некој оштетен од моја страна да проаѓа низ истите маки.
Не знам ПСС и другиве од кои нудат.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #535 на: 13 Ноември 2021, 19:42:39 pm »
Како тоа нудат еуроинс? Обично прашуваат од која осигурителна сакаш да извадиш полиса.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #536 на: 13 Ноември 2021, 19:51:01 pm »
Пред некоја година кога ме прашуваа ја нудеа само таа

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #537 на: 13 Ноември 2021, 21:39:15 pm »
Кај "другар" агент вработен плаќав осигурување во различни компании каде што работеше, во кеш му плаќав, нати пари, еве ти полиса, и на два пати пред истек на регистрација ми стигнуваше опомена пред тужба за недоспеани рати. Па барај го да ја среди работата, пошто фискални не добивав, и среќа не стигнав до тужба, ама оттогаш, само кај непознати, барем фискални даваат тие  ;D

Присутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #538 на: 14 Ноември 2021, 02:34:02 am »
Тука во Швабодонија  ;D оставаш сметка од банка и сами си повлекваат рата, можи на 4 пати, на 2 пати или наеднаш да платиш...агентот што му средува на 90 % од Македонците е секако наш човек.  Инаку јас за Алвата првата година платив 716€ за прва кола без попусти, ете сега за втората година ќе било 620 ( + данок 40тина евра и Тув на секои две години околу 100 - 150 €).

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Осигурителни компании
« Одговори #539 на: 14 Ноември 2021, 07:00:07 am »
Moze i tuka taka, traen nalog se vika :)