Здраво друштво имам проблем со осигуртелната команија ВИНЕР па реков да ве прашам за совет.
Пред скоро 2 месеца ми ја удреа колата паркирана, среќа се најде човекот беше совесен, бевме да направиме европски, направија запсник и се што треба, он беше осигуран во Винер и таму во Тетово и не пратија.
Добив копија од запсиникот и се, ми рекоја максимално 2 недели до 1 месец ќе биде исплатено, ако не да се јавам кај нив и да прашам.
До ден денес не ми се стигнати средствата уште, на телефонот нивни од контакт центарот никој не се јавува, пратив 5 е-маили и на нив не добив одговор, во канцеларијава во Тетово се праат будали демек не биле надлежни треба во Скопје да се оди.
Проба и човекот што ме оштети да ги контактира и никако нема одоговр. Пробавме и со пријатели што работаат тамо и тие викаат не можат ништо да направат у случајот.
Сега кубам коси не е нешто преголема штета ама до сега колава средена ќе беше.
Кажете ми дали имате совет како да постапим кого да барам, дали има шанса некако и правно да настапимо дали со приватна тужба или со пазарен инспекторат или не вреди?
До сега со ниедна друга комапнија сум немал ваков проблем ова прв пат ми се дешава.
Секој совет е добредојден