@zeroSignal се надевам дека ќе прифатиш дискусија (кога веќе сам ја иницираш), и дека нема педерски сосема да избегнеш муабет (како што тоа со некои други овде така често се случува).
Значи -да не ме разбереш погрешно, јас не велам дека и ти си таков (сеирџиски постирач на провокации и потоа бегање од издржана дискусија). Само велам
дека се надевам дека не си таков... А дали си или не си, е тоа ти сам ќе ни покажеш.
http://www.youtube.com/watch?v=xvFD6DRn0Cg
„Него го платила индустријата“ in 3.. 2..
Зарем ова е се, што можеш да сублимираш од излагањето во видеото?
Ако е така, тогаш тоа е навистина жално. Остануваш неук, и покрај мноштвото достапни информации.
Сега јас кога би бил безумен анти-ГМО фанатик (за каков несомнено често ме сметаат... неуките), тогаш јас не би го ни погледал и преслушал излагањево на Роберт Саик, туку веднаш би извадил пар податоци окулу тоа за кој работи и од чии пари јаде леб дотичниот. На што всушност и алудираш -а што и не е така нерелевантно, но секако не треба да е работа од примарна важност.
Поважно е секако да се обрати внимание за тоа што го зборува човеков. И затоа ајде да видиме што всушност е неговата порака. Во главно тој посочува на два покрупни моменти:
- Во Африка многу луѓе, посебно деца, умираат од глад.
- Во Африка многу луѓе, посебно деца, страдаат од хроничен недостаток од витамин А (слепило е една од последиците).- Дали тие што можат да си дозволат да плаќаат повеќе за побезбедна храна, имаат право да ги „осудуваат„ тие што не можат да си дозволат побезбедна храна.Епа ОК. Ајде да зборуваме и да ја продискутираме неговата порака, одделно за двата покрупни елементи во таа порака:
- Во Африка многу луѓе, посебно деца, умираат од глад.
- Во Африка многу луѓе, посебно деца, страдаат од хроничен недостаток од витамин А (слепило е една од последиците).Ова толку пати го зборувавме овде, ама ајде пак.
Ако планетава има конечни ресурси (а тоа е факт),
дали човештвото треба да се соочи со тој факт и да ја планира популацијата според ресурсите... Или за краткорочно зголемување на популацијата, треба долгорочно да го загадиме планетарниот еко-систем (хемиски, и генетски)?
Тоа а е вистинското прашање, но ете да претпоставиме дека ќе се направи така и ете ќе се „спасат„ гладните во Африка. Но следното прашање кое логички следува е следново:
-
Што правиме кога потоа популацијата уште повеќе ќе се зголеми? (и сето тоа откако веќе долгорочно сме го загадиле планетарниот еко-систем, и само краткорочно сме го решиле проблемот со храната)
Значи тоа што не прави нас луѓето поинакви од другите животни е способноста да размислуваме и планираме. Затоа сметам дека размислување за неколку потези однапред, е потребно... посебно во оваа планетарна партија шах, каде исходот е иднината на човештвото.
Дали тие што можат да си дозволат да плаќаат повеќе за побезбедна храна, имаат право да ги „осудуваат„ тие што не можат да си дозволат побезбедна храна.Ова е веќе многу перверзен спин на реалноста. А реалноста е таа дека тие од индустријата сакаат да ги скријат небезбедните храни со тоа што нема да ги означуваат ГМО во храната.
Реалноста не е дека ние што сме против ГМО сакаме да ги спречиме да јадат ГМО тие што се за и про -ГМО. Тоа што типацот покажува на изјава на некоја Британка која вели дака сака да се забрани ГМО во Британија... тоа е личен став на таа Британка. Не може тоа да ни го натура на сите, и да го искористува како причина за да врз сите се
натури и примора тоа да се нема избор по прашањето на ГМО.
Секако е заебано спинување и извртување да се каже дека тоа што луѓето сакаат да имаат право на избор, дека е осудување на тие што се сиромашни и не можат да си дозволат безбедна неГМО храна. Па зарем сега треба да се солидаризираме со најсиромашните (во Африка, и секаде)... Но не не така што ќе ги решиме глобално проблемите, туку така што СИТЕ ќе ја делиме нивната сиромаштија и ќе кркаме Сојлент Грин... т.е. пардон, ГМО.
@zeroSignal дали ти би се откажал од возење сопствено возило (кое веројатно кошта солидна петоцифрена бројка во евра)... и наместо тоа би се возел
исклучиво со јавен превоз??
- Епа тоа е всушност пораката на дотичниов Роберт Саик: „Популацијата на планетава ќе ја дуплираме со тоа што СИТЕ ЛУЃЕ ќе кркааат ГМО храна„
(и така да ги спасиме од глад тие гладните во Африка, иако со тоа ќе го дозагадиме еко-системот и иако таа храна е небезбедна: практично вели дека боље е од последиците од ГМО исхрана да умрат 10+% од популацијата
глобално отколку 50-60% од гладните во Африка).
Сето друго понатаму во излагањето на Роберт Саик е само спрдање со органската индустрија, која е исто така корумпирана и фејк како и ГМО индустријата... но е многу помала во обем, и со тоа неспоредливо помалку влијателна и помалку во можност да ги корумпираат властите и процесите во општеството.
За крај само за една работа ќе се согласам со овој Роберт Саик, а тоа е крајот на неговиот говор каде вели:
„Вие одлучете!„Токму така, луѓето треба да им се даде можност
сами да одлучат... наместо да им се наметнуваат ГМО преку неозначување на присуството на тие ГМО во храната.