Лаиците имаат тенденција да останат лаици. Се ла ви.
Ахем... Една од причините зошто постојано се развиваат нови варијанти на ГМО, е развивањето на отпорност од хербицидите (и пестицидите) кај инвазивните билки -плевели, и кај инсектите.
Според некои научници, 5 години е некоја средно време потребно за појава на отпорни плевели, доколку постојано се употребува истиот хербицид (без ротација со некој друг хербицид). Ова патем е една од болките на ГМО посевите кои се модифицирани за отпорност на одреден хербицид (кој патем секогаш е од истата „куќа„). Кај неГМО посевите може да се ротираат хербицидите во секоја нова сезона, со што значително се успорува развивањето на отпорност на плевелите. Исто е и со ГМО што имаат пестицидни својства, инсектите побрзо развиваат отпорност на нив, во однос на неГМО посеви каде сезонски се ротираат повеќе разни пестициди.
Туку хербицидите (и пестицидите) всушност ги коментирам заради поврзаноста со ГМО патентите.
Епа ајде да ја објаснам играта со патентите. Инаку се сомневам дека copy-paste ботовите ќе се обидат да разберат, но претпоставувам дека овде не читаат и некои што не се индоктринирани зомбија.
Значи патентите. Во зависност од законодавството во различни земји, патентите траат различен временски период. Во САД, мислам дека траат 20год... можеби грешам, но мислам дека е толку. Значи ако претпоставиме дека патентите за ГМО истекуваат по 20год (како во САД), тогаш лаикот (или пропагандистот) ќе каже „ееј супер, сега патентот е слободен за сите„ но реалноста е малку поинаква на терен. Таму во реалноста фармерот се соочува со плевели (или инсекти) кои веќе 20години имале можност да развиваат отпорност на хербицидот (или пестицидните компоненти во растенијата)... За фармерот тоа ГМ семе кое е модифицирано да биде отпорно за тој хербицид, тогаш е без никаква употребна вредност -неговите колеги што работат со ГМО посеви веќе одамна мигрирале на понови генерации ГМО семиња, кои уште долги години/децении ќе бидат заштитени со патенти.
Токму затоа профитот на ГМО индустријата е врзан со потребата за постојано развивање и инжинирање на нови генетски модификации.
Модерните ГМО посеви кои имаат пестицидни својства, веќе имаат и до 6 одделни и различни пестицидни компоненти во себе... И замислете веќе има инсекти кои се отпорни на 4 (или повеќе) од тие компоненти. Последица од ова е дека фармерите пак се приморани да прскаат конвенционални пестициди... А избегнување на конвенционални пестициди е нешто што бил главен selling point за идење со ГМО семиња наместо со стандардни неГМО семиња.
Конкретно природната пченка како еволуирала за да се справи со штетници како нематодите, многу убаво е покажано во Amazing Plants - Smithsonian Channel (го имаше цел документарец на јутјуб, ама сега видеото е приватно... јас за среќа го имам симнато на РС). ГМ пченката тоа својство целосно го изгубила во процесот на генетско модифицирање, што е добар пример колку несовршен е сегашниот степен на развој на генетскиот сплајсинг.