Автор Тема: HID и LED светла  (Прочитано 502645 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1455 на: 09 Февруари 2015, 11:38:37 am »
Ја баш на ова мислев:

Меѓутоа спектарот на зрачење нема допирна точка со снопот на светлина кој произлегува од фарот. Ова е важно да се знае. Има работи кои го менуваат снопот на ваков или онаков начин, но спектарот на зрачење не спаѓа во нив. Сите фрекфенции во видливата светлина кои ги зрачи изворот ќе бидат рефлектирани од страна на рефлекторот, согласно тоа нема промена во снопот без разлика дали се работи за дискретен спектар или континуиран спектар, и разликата во поставеноста на спектарот во однос на оската. Рефлекторот не прави разлика дали фотонот доаѓа со 600nm бранова должина или со 900nm бранова должина. Не само што не прави разлика меѓу нив, туку не прави разлика и ако брановата должина е 2000nm и 300nm, тој пак ќе ги рефлектира исто и двете.

со ова:

Значи според ова, ако фарот е со рефлектирачка капа и сијалицата ксенон, можно е на 30ина сантими од фарот да биде во ред, а на 300 м од фарот да не е? Не ми е јасно како и зашто... Ако рефлектирачката капа не е менувана или модифицирана на било кој начин, тогаш зошто со халогенка да нема проблем, а со ксенон да се извештерува?

Ете на пример, тие пиковите на првиот график поради што се појавуваат? Колку што разбирам, тие се некои моменти на прејака силина на светлото, при поголема бранова должина не?

Обликот на снопот и насоката на движење на фотоните не би требало да имаат врска со брановата должина. Рефлекторот би требало на ист начин да ја одбива светлината од халогенката и од ксенон сијалицата.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1456 на: 09 Февруари 2015, 11:43:21 am »
......

Заборавив да спомнам дека самото човечко око различно восприема светлина со различен спектар на зрачење. Ксенонот има поголема бранова должина, произведува повеќе светлина, и како таква кога се стави во фар кој рефлектира несоодветен извор на енергија.

Воопшто не ја исклучувам можноста и да сум грешка  ;D ;D ;D.  (најозбилно)


Никаква грешка. Сосема си во право. Окото е аналоген дел кој си има свое примање на информации на свој начин, и со свој спектар. Ако веќе се задлабочиме и дека жените и мажите имаат различни приемници во очите и едните се предвидени за подобри распознавање на движење во џунглата (лав), а другите се предвидени за детализирање на боите (отровнен плод). Но, не е потребно тоа.

Она кое го бараш се вика CFI (Color fidelity index) кој е поголем и помал зависно од покриеноста на спектарот на боите. Но, сепак тоа нема врска со самиот рефлектор. На пример CFI е мерка на самата сијалица и извор и тој е ист без разлика дали има рефлектор, леќа или нема ништо пред сијаличката. Тој е тој дискретен спектар. Исто така CFI ќе е различно (и полошо кај 6000к сијалица, отколку кај 4300к сијалица и слично). Ова е особено видливо во фотографијата, бидејќи окото е поврзано со мозокот кој знае да се адаптира на огромен број услови, а камерата неможе. И ти испаѓаат сликите розеви или зелени, или плави... А тебе на окото ти се чинело дека е исто. И окото ренело зелена боја, ама мозокот ја коригирал знаејќи дека плочките се сиви а не зелени.

Во тој поглед Халогените се подобри од HID светлата, без дискусија. Но, сите HID светла се полоши во овој поглед без разлика на рефлектор или проектор. 4300к се најдобар вид на HID во ова поле, но халогена е подобра и од нив.

Нашата дискусија со различно прекршување на светлината кај рефлекторот нема врска со CFI, тоа е фундаментална проблематика кај секој дискретен спектар.

Ја баш на ова мислев:

Меѓутоа спектарот на зрачење нема допирна точка со снопот на светлина кој произлегува од фарот. Ова е важно да се знае. Има работи кои го менуваат снопот на ваков или онаков начин, но спектарот на зрачење не спаѓа во нив. Сите фрекфенции во видливата светлина кои ги зрачи изворот ќе бидат рефлектирани од страна на рефлекторот, согласно тоа нема промена во снопот без разлика дали се работи за дискретен спектар или континуиран спектар, и разликата во поставеноста на спектарот во однос на оската. Рефлекторот не прави разлика дали фотонот доаѓа со 600nm бранова должина или со 900nm бранова должина. Не само што не прави разлика меѓу нив, туку не прави разлика и ако брановата должина е 2000nm и 300nm, тој пак ќе ги рефлектира исто и двете.

со ова:

Значи според ова, ако фарот е со рефлектирачка капа и сијалицата ксенон, можно е на 30ина сантими од фарот да биде во ред, а на 300 м од фарот да не е? Не ми е јасно како и зашто... Ако рефлектирачката капа не е менувана или модифицирана на било кој начин, тогаш зошто со халогенка да нема проблем, а со ксенон да се извештерува?

Ете на пример, тие пиковите на првиот график поради што се појавуваат? Колку што разбирам, тие се некои моменти на прејака силина на светлото, при поголема бранова должина не?

Обликот на снопот и насоката на движење на фотоните не би требало да имаат врска со брановата должина. Рефлекторот би требало на ист начин да ја одбива светлината од халогенката и од ксенон сијалицата.
Да.

Проблемот со зракот произлегува од различната форма на изворот која еднаш е цртка (влакно), а еднаш е двојна топка (искра).

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1457 на: 09 Февруари 2015, 11:57:43 am »


На оваа слика најубаво се гледа проблемот со Ксенон светлата во стандарден халоген фар. Со различни бои е прикажано осветлувањерто, изразено во cd/cm2.
Ако го погледнеме на халогената сијалица, во центарот на спиралното влакно е најсилна светлината и е 2000cd//cm2. Огледалото и фарот се проектирани едноставно да ги „занемарат“ останатите точки, каде имаме 500 и 1000cd/cm2. Односно рефлектираните зраци од тие точки немаат доволна јачина за да произведат глер кој би пречел на возачите од спротивна страна.
Koga ќе ставиме ХИД, токму на тие точки имаме жаришта со 10.000 cd/cm2 и 6000cd/cm2. Тие произведуваат светлина која се одбива од огледалните површини „рандом“, и поради нивната јачина, кога ќе стигнат до очите на возачите од спротивната страна, пречат. Башка есап, што имаме извори од 500cd/cm2 насекаде околу..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1458 на: 09 Февруари 2015, 12:03:56 pm »
лево, Ксенон рефлектор .. десно, ксенон преокетор. Споредете со вашите и тука лежи зајакот.


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1459 на: 09 Февруари 2015, 12:37:54 pm »
Ќе се цитирам сам од наназад неколку страни.............

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,102.msg306167.html#msg306167

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1460 на: 15 Февруари 2015, 10:33:03 am »
Зборуваме за рефлекторски фарови кои немаат лупи.

И кај лупа и кај рефлектор има хроматска аберација.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1461 на: 16 Февруари 2015, 02:32:39 am »
Зборуваме за рефлекторски фарови кои немаат лупи.

И кај лупа и кај рефлектор има хроматска аберација.
Translate please... ама немој од гугл.

Отсутен m1t3v

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Xenon Светла
« Одговори #1462 на: 19 Февруари 2015, 20:14:06 pm »
Некој предлог за оригинал Xenoн светла.
Пред една недела си купив нова кола Opel Astra H па не сум задоволен од јачината на светлата кои ги имам во моментот, па би сакал да ставам Xenon па доколку би можеле да ми дадете некој предлог за тоа каде нудат под услов да се оригинал да не е некое кинеско плаво светло.
Благодарам однапред

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Xenon Светла
« Одговори #1463 на: 19 Февруари 2015, 20:17:43 pm »
Оригинал имаш фарови да си купиш за самата кола сосе ксенон. Инаку сите китови за накнадно ставање ксенон се кинески, зошто таму се произведуваат. А доколку бојата ти е проблем и сакаш да е како од фабрика треба да побараш 4300k ксенонски сијалици, а не 6000к кои се плавкасти. Најубаво 55W. Без разлика дали се кинески или пишува дека се од друго место.


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Xenon Светла
« Одговори #1464 на: 19 Февруари 2015, 20:23:57 pm »
Со ксенонот и лупи да ставиш да биде како што треба.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Xenon Светла
« Одговори #1465 на: 19 Февруари 2015, 20:43:30 pm »
Trkni do dog Security ako imaat od Pro Xenon da ti montiraat.
Jas imam kako i drugi clenovi montirano tamu, i sum prezadovolen i od boja, jacina itn.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1466 на: 20 Февруари 2015, 05:00:00 am »
Некој предлог за оригинал Xenoн светла.
Пред една недела си купив нова кола Opel Astra H па не сум задоволен од јачината на светлата кои ги имам во моментот, па би сакал да ставам Xenon па доколку би можеле да ми дадете некој предлог за тоа каде нудат под услов да се оригинал да не е некое кинеско плаво светло.
Благодарам однапред

Прво ти требаат овие:

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1417848

:)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1467 на: 20 Февруари 2015, 10:05:19 am »
А за овие фарови нема да му треба после нова ракета и слично?

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1468 на: 20 Февруари 2015, 19:13:10 pm »
само кодирање, ништо друго, доколку фаровите се комплетни со трафоа и сијалици. Само ке му недостига функцијата на автонивелирање но и без тоа е поарно од што и да става друго. Инвестиција е тоа што највеќе ќе се исплати.

Отсутен grandemiki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 273
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1469 на: 26 Февруари 2015, 20:53:32 pm »
Дечки ако повржам лед траки на посебен прекинувач директно од акумулатор така нема да има врска и проблеми со инсталацијата нели ?