Значи според ова, ако фарот е со рефлектирачка капа и сијалицата ксенон, можно е на 30ина сантими од фарот да биде во ред, а на 300 м од фарот да не е? Не ми е јасно како и зашто... Ако рефлектирачката капа не е менувана или модифицирана на било кој начин, тогаш зошто со халогенка да нема проблем, а со ксенон да се извештерува?
Ете на пример, тие пиковите на првиот график поради што се појавуваат? Колку што разбирам, тие се некои моменти на прејака силина на светлото, при поголема бранова должина не?
Овие пикови се всушност видлива светлина, кои ги нема кај халогените, и како таква има различни рефлективни карактеристики (ем рефлектира повеќе, ем во различни насоки). За да свети добро ксенонот добро, треба нешто да го фокусира (лупа/леќа). Да речеме, ако ставиш обична халоген сијалица на лупа дизајнирана за ксенон, ќе свети како точка. Најголемиот квази пласибо ефект кај ксенонот е, дека демек произведува повеќе светлина. Затоа што во рефлекторен фар таа светлина не е насочена. Но, реално, ќе ги осветлуваш дрвата по патиштата, а не коловозот. Халогенот изгледа послаб, произведува помалку светлина, но е далеку поефективен во фар дизајниран за него.
Накратко, рефлекторот во фарот со халоген е направен да насочи определен спектар на светлина во одредена точка на патот (дали е конус, круг, правоаголник, трапез). Но, кога ќе ставиш ксенон, рефлекторниот фар си ја задржува формата. НО, е многу поголем. Затоа, кога ставиш ксенон на рефлекторен фар светат насекаде и заслепуваат.
“Жолтата“ светлина всушност има многу пониска фреквенција и ги нема истите карактеристки за одбивање/рефлектирање. Затоа никаде нема светла за магла со ксенон. Затоа што “жолтите“ светла ја пронижуваат маглата (која реално е водена прашина), без да се одбиваат од неа. Кој има ксенон, може да тестира во темно. Пушти ксенонот, земи ВАП, прави водена прашина и гледај.
Единствено, полуприфатливо е, ако рефлекторниот фар е кристален (то ест, светлината не се прекршува од стаклото на фарот, а од самиот рефлектор внатре). Тоа можеби и може да се наштелува. Ама ако самата пластика на фарот е дизајнирана да ја прекршува и халогената светлина (кај постарите светла), ксенонска сијалица на таков фар е еднаква на оружје за масовно ослепување.