......
Заборавив да спомнам дека самото човечко око различно восприема светлина со различен спектар на зрачење. Ксенонот има поголема бранова должина, произведува повеќе светлина, и како таква кога се стави во фар кој рефлектира несоодветен извор на енергија.
Воопшто не ја исклучувам можноста и да сум грешка . (најозбилно)
Никаква грешка. Сосема си во право. Окото е аналоген дел кој си има свое примање на информации на свој начин, и со свој спектар. Ако веќе се задлабочиме и дека жените и мажите имаат различни приемници во очите и едните се предвидени за подобри распознавање на движење во џунглата (лав), а другите се предвидени за детализирање на боите (отровнен плод). Но, не е потребно тоа.
Она кое го бараш се вика CFI (Color fidelity index) кој е поголем и помал зависно од покриеноста на спектарот на боите. Но, сепак тоа нема врска со самиот рефлектор. На пример CFI е мерка на самата сијалица и извор и тој е ист без разлика дали има рефлектор, леќа или нема ништо пред сијаличката. Тој е тој дискретен спектар. Исто така CFI ќе е различно (и полошо кај 6000к сијалица, отколку кај 4300к сијалица и слично). Ова е особено видливо во фотографијата, бидејќи окото е поврзано со мозокот кој знае да се адаптира на огромен број услови, а камерата неможе. И ти испаѓаат сликите розеви или зелени, или плави... А тебе на окото ти се чинело дека е исто. И окото ренело зелена боја, ама мозокот ја коригирал знаејќи дека плочките се сиви а не зелени.
Во тој поглед Халогените се подобри од HID светлата, без дискусија. Но, сите HID светла се полоши во овој поглед без разлика на рефлектор или проектор. 4300к се најдобар вид на HID во ова поле, но халогена е подобра и од нив.
Нашата дискусија со различно прекршување на светлината кај рефлекторот нема врска со CFI, тоа е фундаментална проблематика кај секој дискретен спектар.
Ја баш на ова мислев:
Меѓутоа спектарот на зрачење нема допирна точка со снопот на светлина кој произлегува од фарот. Ова е важно да се знае. Има работи кои го менуваат снопот на ваков или онаков начин, но спектарот на зрачење не спаѓа во нив. Сите фрекфенции во видливата светлина кои ги зрачи изворот ќе бидат рефлектирани од страна на рефлекторот, согласно тоа нема промена во снопот без разлика дали се работи за дискретен спектар или континуиран спектар, и разликата во поставеноста на спектарот во однос на оската. Рефлекторот не прави разлика дали фотонот доаѓа со 600nm бранова должина или со 900nm бранова должина. Не само што не прави разлика меѓу нив, туку не прави разлика и ако брановата должина е 2000nm и 300nm, тој пак ќе ги рефлектира исто и двете.
со ова:
Значи според ова, ако фарот е со рефлектирачка капа и сијалицата ксенон, можно е на 30ина сантими од фарот да биде во ред, а на 300 м од фарот да не е? Не ми е јасно како и зашто... Ако рефлектирачката капа не е менувана или модифицирана на било кој начин, тогаш зошто со халогенка да нема проблем, а со ксенон да се извештерува?
Ете на пример, тие пиковите на првиот график поради што се појавуваат? Колку што разбирам, тие се некои моменти на прејака силина на светлото, при поголема бранова должина не?
Обликот на снопот и насоката на движење на фотоните не би требало да имаат врска со брановата должина. Рефлекторот би требало на ист начин да ја одбива светлината од халогенката и од ксенон сијалицата.
Да.
Проблемот со зракот произлегува од различната форма на изворот која еднаш е цртка (влакно), а еднаш е двојна топка (искра).