Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1849634 пати)

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6255 на: 08 Април 2015, 09:57:23 am »
Aj kazete kade moze da se upisat poenite kazneni.
Mi kazaa policajcite deka negde kaj Lisice.

Porano kako sto se sekavam mozese i vo centar ona kaj zooil sto im e.
Да во Лисиче, кај станицата на алфите што им е, односно одма до трговскиот во населба Лисиче... Поточно на булевар 12та македонска бригада... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6256 на: 08 Април 2015, 11:09:51 am »
Aj kazete kade moze da se upisat poenite kazneni.
Mi kazaa policajcite deka negde kaj Lisice.

Porano kako sto se sekavam mozese i vo centar ona kaj zooil sto im e.

од кај хемиско и жуц (новиот булевар што е направен, што сече со булевар србија), на семафорите од лева страна ти доаѓаат зградите на џевахир, продолжуваш право значи на тие семафори, влагаш во населба лисиче, па на втора или трета раскрсница ке ја видиш полицијата од лева страна. до полицијата е таканаречениот трговски во лисиче, мада тоа баш и не е трговски ама ајде... не смееш во полицијата да се паркираш, барај тука во локалните паркинзи. на влезот имаш шалтер, ке те упатат кај треба... за 10-тина минути завршуваш работа...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6257 на: 08 Април 2015, 11:14:09 am »
Ok, fala.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6258 на: 08 Април 2015, 11:37:32 am »
Па тоа е казна бе. 20 евра за возење 48 над дозволеното во населено место, браво.
Што не донесат кај нас такви закони, се научиле 300 евра за секоја ситница.
    Не беше населено место имаше знак 90kmh а после него на 10метри имаше на земја поставено друг знак 50kmh полицијата таму така работи вади од багажник знак и го поставува на патот и после 50метри во грмушките се крие и снима со камера и радар :) . инаку друго интересно со можев да забележам таму  е тоа што на автопат каде сто се вози 130kmh имаат пешачки премини како е можно тоа незнам, јас кај нас не сум видел, или има и кај нас па јас сум слеп?

Во Албанија има кружни текови на автопат :)
Мене слично ме репнаа во Албанија.
Пустелија, дозволено 80, вклучување на спореден пат намалување на 50, сеуште пустелија, грмушка, џандар. Ме измери 85. Казна 1000 денари (да денари), се исценкавме за 500 денари (да денари) пошто немав повеќе и си продолживме. Со оглед дека комунициравме на албанскомакедонскосрпскоитаљански напишано на рака, а раката му беше до лактот испишана, сигурно убава дневница си имаше земено чоекот :)

Отсутен timoha

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6259 на: 08 Април 2015, 15:35:38 pm »
Па тоа е казна бе. 20 евра за возење 48 над дозволеното во населено место, браво.
Што не донесат кај нас такви закони, се научиле 300 евра за секоја ситница.
     Не беше населено место имаше знак 90kmh а после него на 10метри имаше на земја поставено друг знак 50kmh полицијата таму така работи вади од багажник знак и го поставува на патот и после 50метри во грмушките се крие и снима со камера и радар :) . инаку друго интересно со можев да забележам таму  е тоа што на автопат каде сто се вози 130kmh имаат пешачки премини како е можно тоа незнам, јас кај нас не сум видел, или има и кај нас? па јас сум слеп?

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6260 на: 09 Април 2015, 01:59:38 am »
Се осеќам загрозено зашто таму безобразно се пресекува пат и многу често ми се случувало силно да кочам до запирање затоа што некој си мисли дека таму треба да има испрекинати линии. Ја живеам во Ново Лисиче и стави се малце на моето место, размисли колку тебе би ти пречело секојдневно да си проаѓаш од таму и да треба да се штрецаш пошто на некој му текнало да ти се убаци. Еј замисли на булевар со две пуни си возиш и оп некој од нигде никаде ти сече пат.
Решението е едноствано, кога идеш од лисиче и сакаш да вртиш лево, си вртиш десно и возиш уште 10 метра и на првата раскрсница регуларно си вртиш во саканиот правец. Кога се враќаш и сакаш да свртиш лево за накај лисиче, продужуваш право и на првите семафори вртиш полукружно(дозволено е) и си се враќаш назад, или пак едноставно си го планираш патувањето да си дојдеш накај дома по бул. в.с. бато, а не по асном. Се може, се може, ама не се сака.

Ок, те сфаќам јас тебе потполно, ама ај ти стави се на мое место еве кога се враќаш пример, треба да идеш или од кај рибарот, кај што има "кратери" или од кај жито маркетот, да вртам полукруг, па да се враќам назад... come on... Еве пример за да не се осеќаш загрозено, повози по паркинг и искочи кај сендвичарата ројал, место кај мирко и ете ти едноставно решение... А испрекинати како што можеле да направат кај  што се врти за накај ново лисиче, така можат и за накај лисиче, иста ситуација е, башка што сме ние толку небитни... ;)

Ете  @Darshns ме сфаќа што сакам да кажам... :)
Нема ја што да возам по паркинзи кога на мојот паркинг направиле раскрсница и на истата линиите се испрекинати и може да се врти во сите насоки. Ако загледаш убаво ќе видиш дека конфигурацијата на самата раскрсница за излез од лисиче е прикучок на булевар и е т.н. допунско уклучување во десно на самиот булевар, не искача директива на булевар туку е напраена под агол зашто таму е предвидено вртење само десно!

Не, туку вие и 99% од луѓето треба да повозите уште незамисливи 10ина метри до следната раскрсница и безбедно да свртите. Не злоупотребуваат џандарите ништо тука, туку аздисувате пошто нели мора одма на булевар да се уклучите и ќе потрошите гориво ако повозите уште 10ина метри. Јас би стоел нон стоп таму и све живо и диво би испоказнил, затоа што милион пати на мене и на мои блиски им била загрозена безбедноста пошто 99% од случаите решиле да не ги почитуваат двојните полни линии, како и поради тоа што за да се сврти регуларно накај лисиче со вклучен десен жмигавец се фаќа лакот со пола кола у левата лента. Значи на тоа место нема раскрница и нема испрекинати линии и некој смислил зашто е тоа така.

Тие 10 метри не се незамисливи лично за мене, не штедам на гориво, не е проблем е тоа. Проблемот е што ги возиш тие 10 метри плус и се заглавуваш уште повеќе, имаш две опции: или влегуваш во паркингот или вртиш полукружно и се враќаш. Ајде размисли дали не го правиш истиот маневар со полукружно и размисли дали кога би влегол во паркингот, дали те чека семафор со најдолго црвено и дали има помошно зелено или не.
Инаку, се реализира доследно ДУП-от за тој дел и годинава ќе се поврзат паркинзите со улицата и последната уличка од почетокот на ќуќите. Аздисување? Немаш врска, избрзуваш. Кажи ми аздисување е излегувањето од паркинг од Ново Лисиче за да излезеш на бул. Февруарски поход или бул. АСНОМ и излегување со предницата на пола лента? Направи паралела каде повеќе се загрозува безбедност. Дали кога некој е задскриен или кога некој го гледаш на отворено. Ако имаш оформено некоја лоша слика за поединци што живеат во Лисиче и имаат некои лоши манири и аздисуваат, тоа не значи дека сите се такви. Имаш доза на омраза во коментарот кон луѓето од Лисиче. Лично, живеев во Ново Лисиче и се преселив во Лисиче.
Неам доза на омраза, не ми се допаѓа сообраќајната некултура која што е одлика за голем дел од населението што живее таму. Како што кажав на почетокот премногу дрско се сече пат таму и уште подрско се влага у левата лента за да се фати лак при влез во Лисиче. Приклучување од паркинзи на булевар е сосема нормална работа и затоа си има раскрсница со испрекинати линии, во вашиот случај тоа е улица која не е дозволено да го сече булеварот и затоа си има таков наменски приклучок како што му објаснив на марио. Излегувањето со пола кола надвор на булевар е поради паркираните коли на тротоарите на самиот булевар и тие ја предизвикуваат опасноста, а не оние кои што прописно си се приклучуваат на булевар.

И за крај пак ќе кажам, замарајте ги во општина да ви го решат проблемот, соберете потписи пошто навистина има проблем со сообраќајот во тој дел. Цела среќа што кривината не е многу далеку, па нема толкав простор за да се случат поголеми глупости.

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6261 на: 09 Април 2015, 14:22:08 pm »
Вчера вечер имаше обид за обивање на гаражи низ карпош 3. Забележани се сторители со стара сива форд Сиера на плин. Чисто информативно
Пеглал не пеглал....пегли време пролази

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6262 на: 09 Април 2015, 15:38:06 pm »
Пиши и во лоповлук во Скопје темата. Нека има.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6263 на: 10 Април 2015, 11:26:14 am »
Дали смее да се заврти полукружно на булевар или улица каде што има една полна линија? Од секогаш мислев дека не се врти и побарав во законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Таму вели (колку што успеав да најдам) дека не смее да се врти полукружно на кривина, на непрегледно место, тунел и сл но не се споменува дека не смее на улица со полна линија која при вртењето треба да се пресечи.

Доколку е забрането и не ви е проблем кажете во кој член од законот е тоа пропишано? А доколку не е, тоа што не е забрането е дозволено :)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6264 на: 10 Април 2015, 11:34:46 am »
Пуна линија не смееш да ја пресечеш..

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6265 на: 10 Април 2015, 14:07:09 pm »
И јас знам дека е така. Но, според кој член ќе ми ја пиши казната ако завртам полукружно и ја пресечам едната бела линија? Тоа ме интересира.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6266 на: 10 Април 2015, 15:16:15 pm »
Јави им се прашај, сигурно знаат тоа им е работа ...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6267 на: 10 Април 2015, 19:26:08 pm »
полиција на сите страни... на заобиколница од визбегово до приклучок на автопат 2 места со радар... зауставени коли, се пишуваат казните...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6268 на: 10 Април 2015, 19:34:35 pm »
Така треба. Арно.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг:
« Одговори #6269 на: 10 Април 2015, 20:01:03 pm »
Treba ushte vrbi vo vardar od 500 000 evra, arno. Taka treba so ovoj narod. A shtom ima i poddrshka, znachi deka ubavo si ja vrshat rabotata.