Не е базирано на дискусија со човек кој нешто работи. Да беше ќе беше во ред.
Значи:
Ситемот е најверојатно од тие што Онак ми препорача да ги избегнувам. Отворените. Затоа што се темпирана бомба. Јас не би си играл со притисокот тука.
Не е бомба. Тоа се другите системи, не овие. Овде нема притисок.
Притисокот на водата која излегува од бојлерот зависи од притисокот на водата која влегува во бојлерот. Дали вентилите за вода се доволно отворени?
Притисокот на водата која излегува нема врска со онаа која влегува во овие системи.
Отворен (значи водата дирекно се грее низ тие кинеските цевки). Замисли нема никој дома во лето, а надвор +50 степени. Водата врие, почне да испарува и набилда притисок?
Чисто така. Теоретски и шпекулативно?
Затворениот (има антифриз/гликол/штоидае) е доста постабилен на високи температури отколку водата. Самиот разладувач/затоплувач нон стоп циркулира во самиот систем плус има вентил за испуштање притисок.
Јас би го избрал вториот, иако е баеги поскап.
Замисли дека ништо нема да се деси затоа што нема притисок во цевките. Врие и испарува, никому ништо. Никако не е постабилен атворениот во овие случаи зошто има многу повеќе места за да се зезне некој вентил или спој. Кај отворените има дупка. Не постои можност за заебување.
Овие катастрофални грешки неможе да ги направи човек кој работи со ова. Незнам што да кажам. Го брукаш човекот ако испадне дека ова го рекол. Зошто е погрешно.
Крај краева ако човекот сака да каже нешто, ќе каже. Ќе испадне врска нема човекот кутар.
Ти кажувам основно како стојат работите. Не „Нека е така“. Така си е. Сакал ти или не, или разбрал ти или не, тие везе немаат со бомби притисоци и слични работи. Којзнае што бил муабетот кога сте го правеле.
Мислам стварно. Безобразно е дури да лажеш народ.
Колку пари, толку музика. Кој му е доволно да користи сонце за топла вода само во лето, може да помине со овие евтиниве кровни системи.
и од ефтините се затоплува колку толку и во поладните месеци, јас се уште немам догревано вода што значи еве и октомври и ноември користам топла вода од сончева енергија. Кај мене е 240литра го користиме како замена за 2 бојлери. Заштедата ако е 600денари месечно најверојатно само декември и јануари ќе користам струја 1200денари годишно, другите месеци само сонце. Овој систем ме чинеше комплет околу 32.000денари
Токму така.