Автор Тема: Соларни системи-панели  (Прочитано 115962 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #285 на: 25 Ноември 2015, 12:51:35 pm »

Колку пари, толку музика. Кој му е доволно да користи сонце за топла вода само во лето, може да помине со овие евтиниве кровни системи.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #286 на: 25 Ноември 2015, 12:52:31 pm »
....

Нека е така.
Јас си кажав мислење и логика. Сѐ што кажав е базирано со дискусија со човек кој го работи тоа професионално и што имам читнато ваму таму и малце повеќе искуство во сферата на водоснабдување и инсталација на водоводни цевки (во и од бојлери, без разлика на начинот на затоплување на самата вода).

На крај краева, секој си става што му е мило и прифатливо над своја глава. Да потенцирам уште еднаш. Јас не би.  :)




Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #287 на: 25 Ноември 2015, 12:59:04 pm »

Колку пари, толку музика. Кој му е доволно да користи сонце за топла вода само во лето, може да помине со овие евтиниве кровни системи.

и од ефтините се затоплува колку толку и во поладните месеци, јас се уште немам догревано вода што значи еве и октомври и ноември користам топла вода од сончева енергија. Кај мене е 240литра го користиме како замена за 2 бојлери. Заштедата ако е 600денари месечно најверојатно само декември и јануари ќе користам струја 1200денари годишно, другите месеци само сонце. Овој систем ме чинеше комплет околу 32.000денари

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #288 на: 25 Ноември 2015, 13:01:34 pm »
Не е базирано на дискусија со човек кој нешто работи. Да беше ќе беше во ред.

Значи:
Ситемот е најверојатно од тие што Онак ми препорача да ги избегнувам. Отворените. Затоа што се темпирана бомба. Јас не би си играл со притисокот тука.
Не е бомба. Тоа се другите системи, не овие. Овде нема притисок.

Притисокот на водата која излегува од бојлерот зависи од притисокот на водата која влегува во бојлерот. Дали вентилите за вода се доволно отворени?
Притисокот на водата која излегува нема врска со онаа која влегува во овие системи.

Отворен (значи водата дирекно се грее низ тие кинеските цевки). Замисли нема никој дома во лето, а надвор +50 степени. Водата врие, почне да испарува и набилда притисок?
Чисто така. Теоретски и шпекулативно?

Затворениот (има антифриз/гликол/штоидае) е доста постабилен на високи температури отколку водата. Самиот разладувач/затоплувач нон стоп циркулира во самиот систем плус има вентил за испуштање притисок.

Јас би го избрал вториот, иако е баеги поскап.  
Замисли дека ништо нема да се деси затоа што нема притисок во цевките. Врие и испарува, никому ништо. Никако не е постабилен атворениот во овие случаи зошто има многу повеќе места за да се зезне некој вентил или спој. Кај отворените има дупка. Не постои можност за заебување.

Овие катастрофални грешки неможе да ги направи човек кој работи со ова. Незнам што да кажам. Го брукаш човекот ако испадне дека ова го рекол. Зошто е погрешно.
Крај краева ако човекот сака да каже нешто, ќе каже. Ќе испадне врска нема човекот кутар.

Ти кажувам основно како стојат работите. Не „Нека е така“. Така си е. Сакал ти или не, или разбрал ти или не, тие везе немаат со бомби притисоци и слични работи. Којзнае што бил муабетот кога сте го правеле.

Мислам стварно. Безобразно е дури да лажеш народ.


Колку пари, толку музика. Кој му е доволно да користи сонце за топла вода само во лето, може да помине со овие евтиниве кровни системи.

и од ефтините се затоплува колку толку и во поладните месеци, јас се уште немам догревано вода што значи еве и октомври и ноември користам топла вода од сончева енергија. Кај мене е 240литра го користиме како замена за 2 бојлери. Заштедата ако е 600денари месечно најверојатно само декември и јануари ќе користам струја 1200денари годишно, другите месеци само сонце. Овој систем ме чинеше комплет околу 32.000денари
Токму така.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #289 на: 25 Ноември 2015, 13:04:07 pm »

Колку пари, толку музика. Кој му е доволно да користи сонце за топла вода само во лето, може да помине со овие евтиниве кровни системи.

и од ефтините се затоплува колку толку и во поладните месеци, јас се уште немам догревано вода што значи еве и октомври и ноември користам топла вода од сончева енергија. Кај мене е 240литра го користиме како замена за 2 бојлери. Заштедата ако е 600денари месечно најверојатно само декември и јануари ќе користам струја 1200денари годишно, другите месеци само сонце. Овој систем ме чинеше комплет околу 32.000денари

Прашање: дали бојлерот горе на кров е приклучен на струја (или некако носиш вода доле во секундарен бојлер)? Дали си поставил мерач за потрошена енергија на кровниот бојлер?
(или на тој доле, ако имаш секундарен)

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #290 на: 25 Ноември 2015, 13:11:53 pm »
на кровот болјерот што е од соларниот систем си има греач кој стои за да се уклучи по потреба до сега го немам уклучено, стариот болјер што е во купатилото исто така си стои како резерва и не е уклучуван откако е поставен системот. Системот е со една цевка по неа се качува ладната вода горе за да се грее и по истата се пушта топлата вода за туширање.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #291 на: 25 Ноември 2015, 13:25:55 pm »
на кровот болјерот што е од соларниот систем си има греач кој стои за да се уклучи по потреба до сега го немам уклучено, стариот болјер што е во купатилото исто така си стои како резерва и не е уклучуван откако е поставен системот. Системот е со една цевка по неа се качува ладната вода горе за да се грее и по истата се пушта топлата вода за туширање.

Ок годинава е најтопла до сега.
http://www.makdenes.org/archive/news/20151125/428/428.html?id=27386360

Но ти сакаш да кажеш дека надвор од сончевите денови (кои еве и во Ноември ги има, но не е секој ден сончев), дека имаш топла вода во денови како денешниот, на 10с (во 13ч) и со повремен дожд?
Што правиш навечер ако ти треба да се истушираш/избањаш... И навечер имаш топла вода?

Воопшто не го вклучуваш грејачот во струја, и сепак имаш постојано топла вода? Извини што се сомневам, ама мене нешто не ми штима во твојов случај... Не сакам да кажам дека нешто измислуваш, но можеби не знаеш како е поврзан со струја, кровниот бојлер.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #292 на: 25 Ноември 2015, 13:38:55 pm »
...

Добро. :-)

Од што зависи притисокот во цевките низ кои влегува и излегува вода од бојлерот? Од атмосферскиот притисок комбиниран со гравитацијата?

Според тебе, разширителното казанче има  отвор/и низ кои испарува вишокот притисок/пареа/воздух, а истовремено се користи и како одржувач на притисок во самата чешма. Од една страна безбедно, од друга страна слаб притисок во чешма.

Или разширителниот казан е затворен, има ли можност некаде нешто да прегрее и избие? Затоа што, ако нема пумпа да врти вода, тогаш самата вода низ цевките кои се загрева ќе се движи заради самиот физички процес на загревање (сигурно затоа и ги ставаат под некој одреден агол) и нема никакви шанси да дојде до прегревање во самиот систем?

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг:
« Одговори #293 на: 25 Ноември 2015, 13:42:12 pm »
Нема такво казанче кај овие системи...

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #294 на: 25 Ноември 2015, 13:43:03 pm »

Ок годинава е најтопла до сега.
http://www.makdenes.org/archive/news/20151125/428/428.html?id=27386360

Но ти сакаш да кажеш дека надвор од сончевите денови (кои еве и во Ноември ги има, но не е секој ден сончев), дека имаш топла вода во денови како денешниот, на 10с (во 13ч) и со повремен дожд?
Што правиш навечер ако ти треба да се истушираш/избањаш... И навечер имаш топла вода?

Воопшто не го вклучуваш грејачот во струја, и сепак имаш постојано топла вода? Извини што се сомневам, ама мене нешто не ми штима во твојов случај... Не сакам да кажам дека нешто измислуваш, но можеби не знаеш како е поврзан со струја, кровниот бојлер.
[/quote]

ноември е претежно сончев оваа година, еве денес во Струмица е променливо времето, час сонце час облаци околу 15 степени е, моментално температурата на водата е 52степени. Не сум експерт или нешто повеќе во оваа област само споделувам лично искуство.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #295 на: 25 Ноември 2015, 13:55:53 pm »
Нема такво казанче кај овие системи...

Е добро бе Дени, јас или сум глуп или не се разбираме.

Ги монтираш вакуумските цевки врзани директно со бојлерот на таван. Врзуваш влезна цевка/црево за ладна вода од водоводна мрежа. Врзуваш излезна цевка за топла вода во купатило.
Го полниш бојлерот до даска со ладна вода. Влегуваш да се бањаш. Пушташ топла вода. Поради кои причини тече топла вода од бојлерот? И од што зависи тој притисок, во случај да тече вода?

Или прима воздух од некаде, или влегува ладна вода од некаде. Лошо е за бојлерот ако прима паразитен воздух. Добро е ако прима ладна вода.


Пекнува 50 степени надвор. Нема разширителен казан. Водата полека полека се грее и шири. Каде ќе оди, ако сите славини се затворени, ММЕ?  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #296 на: 25 Ноември 2015, 14:16:01 pm »
^^
Отворен систем е тоа, значи има од каде да излегува водената пареа (ако водата почне да врие). Проблемот е што тие евтини варијанти често имаат неквалитетни делови (вентили) кои знаат да закажат.

Друг е реалниот проблем со нив, само летно време се ефикасни. Поладно кога е се догрева водата со електричен грејач - а бојлерот е надвор, на ладно. На облачно време и навечер, посебно кога е поладно, тоа решение е жив зијан. Но повеќето не се свесни за ова.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #297 на: 25 Ноември 2015, 14:31:04 pm »
Отворен систем е тоа, значи има од каде да излегува водената пареа (ако водата почне да врие). Проблемот е што тие евтини варијанти често имаат неквалитетни делови (вентили) кои знаат да закажат.

Друг е реалниот проблем со нив, само летно време се ефикасни. Поладно кога е се догрева водата со електричен грејач - а бојлерот е надвор, на ладно. На облачно време и навечер, посебно кога е поладно, тоа решение е жив зијан. Но повеќето не се свесни за ова.

Ако добро прочитав погоре, нели само затворените имаат сигурносни вентили?
И мислев дека се нарекуваат отворени затоа што немаат изменувач на топлина и се сврзани директно на водоводната мрежа. А не дека имаат место за влегување на паразитен воздух.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #298 на: 25 Ноември 2015, 14:45:32 pm »
Нека ме поправат ако грешам, ама во затворен систем се користи флуид топлински изменувач (како гликолот). Гликолот е под притисок, мора да постојат експанзиони садови за него, и тоа се затворени системи.

Во отворен систем водата директно се грее од панелот, наместо да се користи флуид топлински изменувач и бојлерот има можност слободно да испушти вишок притисок (водена пара). Тој испуштен дел веднаш се надокнадува со доток на нова вода. Самото тоа не дозволува да порасне толку голем притисок за да се десат страња.
 



Овде е убаво објаснето:
http://poweredbydaylight.com/help/types-of-solar-hot-water-systems/

Онак, кај си кога требаш? Ај објасни поубаво. ;)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Соларни системи-панели
« Одговори #299 на: 25 Ноември 2015, 19:42:22 pm »
Ајде вака да го споделам моето искуство со соларен систем како на сликата погоре (отворен систем). Дали е кинески или не не ми е толку битно. Битно ми е дека си ја врши одлично работата за која е наменет.

Системот ме чинеше 500 евра. За споредба затворениот систем со панели и бојлер во внатрешна просторија ќе ме чинеше околу 1500-1700 евра. Се одлучив за првата варијанта од причина што е три пати поефтин и уште побитен фактор е што куќата ми е лоцирана на едно осојно место каде што покривот сонце го фаќа после 10 часот а најефективно после пладне, така да втората варијанта немаше да биде 100% ефективна. Кано знае за што зборам.

Во врска со тоа дека системот е темпирана бомба далеку е од тоа и се согласувам со Дени со сето она што тој го кажа во претходните постови во врска со отворениот систем. Од досегашните 4 години користење сум презадоволен. За летен период да не правиме муабет за топла вода. Температурата на водата максимално може да се искачи до 99 степени а над тоа има некој сигурносен вентил или не знам како се нарекува каде што водата испарува со цел да не стане темпирана бомба. Доколку подолг период бојлерот е со вода во него од 99 степени тогаш може да откажат некои делови во него затоа е препорачливо водата да се одржува максимално до 70 степени. До сега баш од тие причини еднаш ми се случи да ми изгори сонда и мајсторот за промена на сондата ми зеде 400-500 ден.

За тоа дека зимно време не се загрева водата во бојлерот исто така ќе кажам од лично искуство дека не е точно. За да се загрева водата во системот без разлика дали надвор е ладно или или не е системот да е изложен на сончеви зраци. Нека е најладно - 20 надвор а има сонце водата ќе се загрева. Сепак намената на овие системи е да се заштеди електрична енергија така да и во деновите кога е облачно и нема сонце сепак заштедата кај овие системи е во тоа што ако треба да ја догреваш водата до некои си 40 степени кои се оптимални за туширање ќе почнеш да ја загреваш водата од 25-30 степени колку што е во бојлерот. Кај мене никогаш не паднала испод 25 степена. Во обичен бојлер дома ако ти е празен и треба да го наполниш зимно време тогаш ќе почнеш со греење на водата од 7-8 степени. Тука е заштедата, зборам за денови кога нема сонце.

Во врска со притисокот на водата можам да кажам дека не е јак колку што е на ладната вода но е на едно нормално ниво. Комшијата до мене се жали на притисокот и има ставено некоја пумпа, која што автоматски се вклучува штом ќе ја пуштиш топлата вода и го зголемува притисокот. Проблемот кај него е што од бојлерот до туш кабината има некои се 2 метра слободен пат на водата. Кај мене од бојлерот до првото купатило е  над 4-4.5 метри. Не сум стручњак и не се разбирам многу но претпоставувам дека оддалеченоста на бојлерот до купатилото или чешмата каде се користи топла вода битно влијае на притисокот на водата. Друг проблем со притисокот кој може да се јави се вентилите. Можеби TheForce треба да видиш вентилите да не се презатегнати. За безбедноста на двата система џабе ќе се расправаме, ако не друго оној што е поскап сигурно е многу побезбеден од оној поефтиниот. За репер ќе ја земам Паланка, 90% од соларните системи на куќите се отворен систем, бојлер и цевки на кров, и не сум слушанал досега да експлодирал некој бојлер, да му е разнесен кровот и слично.

Brains are awesome. I wish everybody had one.