Денеска малку си играв со изолација на цевките од соларот.
Неверојатна промена во поглед на температурата при циркулацијата. Без изолација, бакарните цевки кога нема циркулација се ладат на температура на воздухот, значи денеска одприлика 31 степен. Доколку водата во панелот се згрее на 70, додека да стигне до бојлерот, поминува пат од околу 3,5 метра на кои ја пренесува температурата (ја оддава), па влегува во траса која е изолирана, значи во зидот, цевки во изолација + стиропор над нив, па потоа патува некој си 7 метра додека да стигне до бојлерот.
Е сега нема загуба на таа температура, па дури и јас се изненадив колку е битна изолацијата на цевките. Разлика од скоро 10 степени. Ова е многу битен момент во услови кога надворешната температура е ниска, односно во касна есен и рана пролет, со цел да се користи максимално сончевата светлина, претворена во топлина.
Еве како испадна изолацијата. Во живо е многу многу полична
Не само што е полична него помалку ми ја грее оставата, нема оддавање на топлина, а зимно време ке се спречи кондензација, доколку има услови да се створи.
Финиширано: