Дечки ме закачија бајаги на паркинг кај што се паркирам од работа. Во кратки црти, во моментот не знаев кој е, го напуштил местото. Се јавив на 192, дојди во Лисиче, таму записник со слики, ќе бараат снимки од Владата, они го покривале тој дел со виео надзор.
Утредента анонимус ми посочи која кола ме удрила, ја најдов девојката и кажав. Нејзино оправдување е дека се враќала во рикверц, не била сигурна дали закачила, прашала некој таму што бил дали закачила со кола, тој и кажал терај вози.....
Ќе ја надомести штетата, ако е до 150 евра ќе ми даде пари на рака, ако е нешто поскапо да оди со осигурување.
Мене ми треба саглам авто лакер што ќе ми го среди браникот прописно, значи не да корегира дел од браникот, туку цел да ми го среди, да не двои ништо, да не се штеди,
затоа дајте ми препорака за стварно добар мајстор авто лакер, во прилог по некоја слика:

