Мислам дека кај нас нема закон за минимална ограничена на автопат да биде 60км/ч ?
Член 134
(1) По автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не
смеат да се движат пешаци, велосипеди, работни машини, мотокултиватори,
трактори, запрежни возила и добиток, ниту возила кои според одредбите на
овој закон не се сметаат за моторни возила.
(2) На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, не
смеат да се движат ниту моторни возила, кои според своите конструкциски
својства не можат да се движат со брзина од најмалку 60 километри на час.
(3) Одредбата од ставот (2) на овој член, не се однесува на возилата на
Армијата на Република Македонија, Полицијата, како и возила на правното
лице надлежно за одржување на патишта, кога давааt посебни светлосни
знаци (жолто трепкачко светло).
(4) ) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(5) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече на пешакот кој постапува спротивно на одредбата од
ставот (1) на овој член.
А оние натоварени камиони кои се влечат на Велешко брдо?
На тие велешки брда има трета дополнителна лента, онаа за застанување е претворена во лента за бавни возила. Се знае дека на нагорно фул натоварени доста камиони неможат да развиваат брзини од 80-90.
Овој член подразбира општо ако неможе да развие брзина од најмалку 60 км/ч.
Малку погрешно го толкувате законот... Во законот пишува КОНСТРУКЦИСКИ, значи во случајов, возилото што го шлепаш е конструкциски предвидено за да може да вози 60км на час. не е ова некој багер, булдожер итн, кои не се предвидени да возат толку брзо (60+ км/ч).
Тоа што возилото што го шлепаш, и ти, не сте во можност да возите побрзо од 60км/ч, мислам дека не е поврзан со законов, затоа што законот е ограничен на конструкциски ограничени возила во поглед на брзината.
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)