Бидејќи имав можност да се прошетам до Келн (и ова беше моето прво искуство со возење во Германија), неколку интересни забелешки околу возењето.
- Во град е дозволено 50. Сите возат околу 20-25 над дозволеното, односно колку што реално дозволуваат условите, без стрес.
- Улиците се мазни, писта. Да ти е мерак да возиш.
- На аутобан не е секаде неограничено, на многу места има ограничувања од 100-120-130 километри на саат. И тука сите возат ~20-30 над дозволено.
- Таму каде што е неограничено, не возат 240 - возат онолку колку што е во тој момент безбедно - а грубо, тоа е околу 170-180 на саат. Успеав да постигнам некоја брзина од околу 230, ама едноставно имаше гужва и таа брзина не може да се одржува долго време. *
- Неверојатно е ослободувачко чувството да можеш да возиш брзо, макар и кратко време, без страв од казни. Го намалува стресот при возењето неизмерно многу - наместо да гледаш во брзинометар колку возиш, си возиш и ти е пријатно, комфорно и опуштено.
- Имаат неверојатна култура во возење - ако дадеш жмигавец дека треба да се престроиш, одма ти прават место, ама заради ова и веднаш се престројуваат штом ќе дадат жмигавец. Бара малку навикнување.
--
* Ова е моментот што го зборувам веќе долго време - ако се дозволи повисока брзина, не значи дека сите ќе возат толку брзо. Да ти е мерак да возиш. Најмалку 30 години се пред нас, во секој можен поглед. Од чисти улици, до култура на движење, однесување и зборување, па сè до трпение и начин на комуникација. Наскоро повеќе на сајтот.