Јас сум лош и јадам лања за Хрватска. Сум бил само во Дубровник и сум поминал на некои места во близина на Црна Гора, но ниту една плажа не ми остави некој впечаток. Знам дека има плажи буквално во шума, што дава посебен амбиент. Но се претежно каменести. Морето е чисто, но студено за мој вкус. Смештаите се во најголем дел у п*чку матер по ридови и миљарда скали, што во никој случај не ми одговара со бебе и 2 годишно дете, а оние кои се во прв ред се прескапи. На север, има можда некои места со песочни плажи како на пример комплексот Соларис кој е супер комплекс и релативно е ефтин за она кое го нуди. Но е предалеку за да се наткренам со бебе и мало дете за само 10 дена одмор и е самата клима и море се престудени во Септември кога планирам да одиме на одмор. Така да, целиот концепт околу Хрватска го отфрлам како варијанта.