Коа веќе се спомна Е60ка, во споредба со W211 кое е подобро, или тешко прашање? Некој што имал искуство со двата модели... 😁😁😁
За комфорт дефинитивно мерцедесот. Ако е добро наџиџан со опрема, интериерски е некако по луксузен од BMW-то, е60ката е многу спортска како за лимузина.
Ако си мераклија за возење, E60ката врти многу поубаво и ги чувствуваш тркалата како врват врз патот, за разлика од Мерцедесот кој има типична вожња како да управуваш брод. Исто така автоматски менувач кај дизелите 7G е многу добар на Mercedes, ZF-oт на BMW е малку спор до 2007ма, со фејслифт моделот иде кобрата која доста убаво шалта.
И двете се одлични коли кои и после 500к километри изгледаат многу малку истрошено.
Според мене со BMW-то добиваш многу повеќе за парите, со тоа што одржавањето е за нијанса поскапо.