Автор Тема: Во потрага по компактен СУВ  (Прочитано 61415 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #270 на: 27 Февруари 2013, 08:13:55 am »
Опција 2, Let`s move on..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #271 на: 27 Февруари 2013, 08:27:58 am »
Техничка забелешка: Се моли krell своите писанија да ги организира во пасуси одделени со нови редови. Непрекинат униформен блок од текст неорганизиран во пасуси (тнр. „чаршав“) е непотребно тежок за читање и може да го опструира пласманот на несомнено интересната содржина.

Dankeschön


Предлагам да се направи гласање.


1. Да крелл да ги организира пасусите одделени во нови редови........

2. Не, нема потреба, доволно е интересно за читање се снаоѓаме и вака.


Која опција ќе победи на гласањето, така ќе продолжам :)


поздрав


Дарко

:-) не заебаај сеа и ти... од кога тоа мнозинството знае како е подобро?

шо не тури на форум гласање која кола да ја купиш, наместо да губиш време со пробни возења? па онаа која ќе има највише гласови - таа земи ја. Не е добра идеја, нели? ;-)

(јас ти ги копипејстам писанијата во нотепад и сам турам нови редови)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #272 на: 27 Февруари 2013, 08:44:52 am »
Техничка забелешка: Се моли krell своите писанија да ги организира во пасуси одделени со нови редови. Непрекинат униформен блок од текст неорганизиран во пасуси (тнр. „чаршав“) е непотребно тежок за читање и може да го опструира пласманот на несомнено интересната содржина.

Dankeschön


Предлагам да се направи гласање.


1. Да крелл да ги организира пасусите одделени во нови редови........

2. Не, нема потреба, доволно е интересно за читање се снаоѓаме и вака.


Која опција ќе победи на гласањето, така ќе продолжам :)


поздрав


Дарко

:-) не заебаај сеа и ти... од кога тоа мнозинството знае како е подобро?

шо не тури на форум гласање која кола да ја купиш, наместо да губиш време со пробни возења? па онаа која ќе има највише гласови - таа земи ја. Не е добра идеја, нели? ;-)

(јас ти ги копипејстам писанијата во нотепад и сам турам нови редови)


Ќе правевме гласање што кола да купам, ако требаше да ја возат членовите на форумот. Бидејќи тоа не е така, туку ЈАС ЌЕ ЈА ВОЗАМ/ЈА ВОЗАМ, за такво нешто нема гласање :)..

Плус тестирањето за мене не беше губење време, туку градење критериум што е добро а што не (во кое што баш уживав). Како човек може да процени дали е нешто добро или не, ако претходно не направи база со искуства и некаков критериум за споредба? :)
Како може да знаеш што вреди а што не, ако се нема критериум за споредба?

Да не должам, бидејќи во втор прозор пишувам ново искуство :)

Дарко

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #273 на: 27 Февруари 2013, 09:11:10 am »
Опција 2, Let`s move on..

Извини Филип, на демоктратски форум, имавме демоктратско гласање (Daywalker еден глас, јас втор за опција 2. Значи 2 гласа према 1, и сеа за сеа опција 2. :)

Продолжуваме понатаму.


Hyundai IX35/Kia Sportage.Интересно е што кога сакам да потрошам некоја сума на пари на моменти ме гризе совест, и решение наоѓам ако демек новото го купувам пошто сум го продал старото (кога купував релативно скапо парче hi fi опрема дома,  за да си го оправдам тој чин си продадов омилено парче кое има исклучително ниска цена).
Важно сум го продал старото, и ете оправдување за ново :) . Па после тоа пак си го купував истото кога почна да ми фали :) ). Така и со коливе.

Во случајов и покрај што не ми беше неопходно да го продавам ХР-В -то (сеуште го возиме) , добив опција за откуп од еден наш мултидилер (истиот оној што го спомнав дека  имав проблем , кој реков дека нема да го коментирам ни кој дилер е , ни случката околу тоа, само дека до крај на живот ќе го заобиколувам во широк лак), доколку купам кола преку него. Меѓу другите марки што ги продава е и Hyndai  па разгледав IX35. Ова е возило што воопшто не го пробав, ама верувам дека вози слично со Kia Sportage (која што ја пробав и ќе пишам подолу). Прв впечаток за IX35 е дека е  прилично пластично направен внатре.. Дури ми делува кичасто и евтино. Исто не можам да сконтам зашто некој би купил СУВ каде што покрај што нема опции за лизгање на седишта, кога ќе ги спуштиш седиштата нема рамен под (допринесува за можности за ставање работи). На прв поглед цената на Hyundai IX35 делува поволно,  ама  со гумен/пластичен волан, погон на две тркала и без опрема. Исто не можам да сватам зашто некој би купил таква верзија на СУВ? Кога ќе се додаде опрема, и погон на 4 тркала, IX35 со цена веќе влегува во сегмент на поинтересни возила, така да ова не е опција за купување за мене.

Во салонот на тој наш дилер, имаше една верзија со осредно ниво на опрема, каде што имаше и двозонска клима (еден од услови што ги имав). Дилерот ме убедуваше дека таа верзија е без двозонска клима :) (ми бараше доплата за наредното ниво опрема, каде што сигурно имало двозонска клима). Влегуваме внатре, гледаме можност за подесување лево и десно, ама он упорно ме убедуваше дека тоа не било двозонска клима :) . Му посочив на моментот дека има лево и десно подесување што укажува на двозонска клима, и за да ја реши мистеријата и кажа на вработената да се јави во Hyundai салонот  и да праша дали возилото во кое ние седиме во тој момент има двозонска клима или не :) (пази, ние седиме во тоа возило, тој продава коли со години, ама мора да се јави у хјундаи за да му кажат по телефон :) ). (Требаше уште тогаш да го  заобиколам, ама јас само се насмеав на ситуацијата и се чудев како тоа продава коли толку години). Како и да е, излегов од таму со расчистено дека IX35 не ми е опција.

После некој ден, отидов до КИА салонот да разгледам Sportage. Ова е исто салон каде што би го рангирал на пониско ниво на услуга , барем према моето искуство. Некако површно и помалку незаинтересирано. Меѓутоа решив да дадам шанса, и ми понудија да одиме на тест. Верзијата од тестот беше со 1.7 дизел и мислам 115кс , погон на две тркала, и некакво осредно ниво на опрема.

Тестот што ми го понудија бил да свртиме еден круг на булеварот од салон до Ново Лисиче и назад, што мене ми беше неприфатливо, и им спомнав дека ако не излеземе барем на автопат до патарина, нема поента тестот воопшто.

Требаше да се јават кај некој шеф , и кога тој даде дозвола можевме да излеземе на такво тестирање (до патарина и назад).

Внатрешноста ја доживеав на исто ниво ко IX35, односно кичасто, евтино, пластично, а не бев нешто одушевен ни од удобноста, седењето... Ама ајде, за СУВ нели би требало да е дизел права опција, и се надевав дека бар моторот ќе биде нешто што ќе ме бендиса.. 1.7 ЦРДИ кај Kia -ва, е еден од полошите мотори што ги пробав.. Тром, нерафиниран... Исто колку што можев да осетам од тоа кракто возење, не бев одушевен нити од држењето на колата.. Навидум личи поволна цена (ама исто со гумен волан , погон на 2 тркала, слаб мотор, без опрема). Кога се вративме, побарав понуда со 2.0 мотор  дизел (кој што верувам дека е соодветен за ова возило), опрема каква што би  сакал, и  дојдовме до цена што стварно не вреди за ова возило. Исто како и кај Хјундаи и овде не е рамен подот на багажникот, дури мислам дека ради формата собира уште помалку. На некои дизајнот им се допаѓа, мене ми се виде кичасто предизајниран. Дури почнав да мислам дека со тој нападен дизајн пробуваат да надокнадат за другите нешта, и дефинитивно раскрстив дека не е опција за размислување.

Наредно возило: Volvo XC60


поздрав

Дарко


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #274 на: 27 Февруари 2013, 09:16:15 am »
Извини Филип, на демоктратски форум, имавме демоктратско гласање (Daywalker еден глас, јас втор за опција 2. Значи 2 гласа према 1, и сеа за сеа опција 2. :)

зашто бе „извини“, еве си го поделил, има неколку пасуси :-)

ix35-ката и мене ми беше пластиканер и кич унутра, точно онака како што си напишал. Ме влечеше феноменалната нерасипливост кај хјундаито на татко ми, но сепак кога човек дава толку пари, сака малце премиум филинг унутра, а тоа кај ix35 го нема.

Башка и ми изгледа малце нескладно. Не знам зашто, ама визуелно тркалцата ми делуваат премали за каросеријата.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #275 на: 27 Февруари 2013, 09:18:04 am »
Волвото е сон.

Иначе како тоа човек со олку истенчен вкус купил ХРВ?

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #276 на: 27 Февруари 2013, 09:36:06 am »
Имам само една забелешка до Дарко. До сега во сите тестови немаше ниту една реченица за 4x4 системот кај тестираните возила.

Јас кога некогаш би се решил да идам на овакво возило приоритет би ми било да биде 4x4 и да е што подалеку од земја.


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #277 на: 27 Февруари 2013, 10:02:18 am »
Волвото е сон.

Иначе како тоа човек со олку истенчен вкус купил ХРВ?

Во тоа време споредено со возилата што имав идеја да ги купам беше далеку подобро. Односно е купен према потребите, буџетот и споредбата во однос на пар други возила (фаворит ми беше тогаш Honda Jazz , ама поради повредената кичма не ми одговараше пониското седење). Инаку од ХР-В -то сум презадоволен. Неколку лета по ред одиме на тури низ Европа, и до сега сме немале никаков проблем.Многу е стабилно (вози како кола), собира (ради коцкастата форма), не се расипува.. Погонот на 4 тркала е далеку од на Витарата, ама е сосема во ред за снег. Така да тогаш (2007 година), ми беше најдоброто возило од тие што ги планирав :)

поздрав

Дарко

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #278 на: 27 Февруари 2013, 10:10:00 am »
Имам само една забелешка до Дарко. До сега во сите тестови немаше ниту една реченица за 4x4 системот кај тестираните возила.

Јас кога некогаш би се решил да идам на овакво возило приоритет би ми било да биде 4x4 и да е што подалеку од земја.



Тестирав она што ми беше приоритет.. Да се разбереме.. Сите овие се шминкерски теренци, и никој од нив не е прав теренец. Исто за прав off road дефинитивно би немал срце да кршам возило во таа ценовна рамка. Тоа го правев од 2001 до 2007 со кратката Suzuki Vitara што ја имав во тоа време, и со која што кај све не сум возел, ама баш баш баш off road :). Таа Витара ја третиравме ко тенк и бидејќи беше евтина не се ни секирав дали се гребнала или подчукнала..Кога го купив ХР-В, навикнат на можностите од Витарата претходно, на Крф во Грција заглавив во еден песок и не можев да мрднам (имаше во близина еден грк со трактор што нудеше да ме извлече, очигледно си го научил местото и само чекал на туристи). За среќа ми помогнаа други туристи и излегов со буткање. Тогаш сватив дека ХРВ -то не е воопшто теренец како Витарата, ама па и веќе ми пројде ќеифот за акање по беспаќа. Од друга страна за подолг пат ХР-В беше хипер удобно и стабилно во однос на Витарата. За снег и слично (по асфалт), погонот на 4 тркала на ХРВ -то се покажа одлично, така да тоа ми беше доволно. Инаку ради off road способностите Витарата беше камен тврда, неудобна, нестабилна на поголеми брзини. Во случајов ми беше побитна удобноста и каков таков пого на сите тркала за снег и лизгави патишта. Ако беше приоритет 4x4 веројатно ќе купев пак Сузуки Витара или Субару Форестер.


поздрав

Дарко

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #279 на: 27 Февруари 2013, 10:37:20 am »
Убава тема, доволно не поздравуваше


Ќе реплицирам со најздрав

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #280 на: 27 Февруари 2013, 11:26:13 am »
Тестирав она што ми беше приоритет.. Да се разбереме.. Сите овие се шминкерски теренци, и никој од нив не е прав теренец

затоа и не се викаат „теренци“ туку „кросовери“. Си има посебно име за тие возила.

Тоа што ние ги викаме „теренци“ е погрешно и се должи на некоја локална традиција базирана врз чисто визуелната сличност со теренските возила.

нема прави и криви теренци. Си има теренци, си има сувови, а си има и кросовери. Тоа се три различни категории на возила. Понекогаш има и преклопување (множествата „теренци“, „сувови“ и „кросовери“ имаат пресек, но тоа се сепак три различни концепти на возила.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43791
  • Il Moderatore
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #281 на: 27 Февруари 2013, 11:30:29 am »
 Ја би ги крстил „Impact Incompatible Vehicles“... но, што па јас се разбирам од теренци 8) Carry on со бирањето и текстовите :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #282 на: 27 Февруари 2013, 12:25:51 pm »
Тестирав она што ми беше приоритет.. Да се разбереме.. Сите овие се шминкерски теренци, и никој од нив не е прав теренец

затоа и не се викаат „теренци“ туку „кросовери“. Си има посебно име за тие возила.

Тоа што ние ги викаме „теренци“ е погрешно и се должи на некоја локална традиција базирана врз чисто визуелната сличност со теренските возила.

нема прави и криви теренци. Си има теренци, си има сувови, а си има и кросовери. Тоа се три различни категории на возила. Понекогаш има и преклопување (множествата „теренци“, „сувови“ и „кросовери“ имаат пресек, но тоа се сепак три различни концепти на возила.


Ок.. Може да го користиме и називот "Mom's car" што често се користи за овој тип на возила во нормалните земји во светот. :)

поздрав

Дарко

Ја би ги крстил „Impact Incompatible Vehicles“... но, што па јас се разбирам од теренци 8) Carry on со бирањето и текстовите :)

Види го одговорот во пораката подолу. Mom's car :)


поздрав

Дарко
« Последно менување: 27 Февруари 2013, 12:27:35 pm velestrumf »

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #283 на: 27 Февруари 2013, 12:35:59 pm »
Имам само една забелешка до Дарко. До сега во сите тестови немаше ниту една реченица за 4x4 системот кај тестираните возила.

Јас кога некогаш би се решил да идам на овакво возило приоритет би ми било да биде 4x4 и да е што подалеку од земја.



Селанче си е селанче, одма сака Лада нива да ора со неа по планините! ;D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #284 на: 27 Февруари 2013, 12:37:19 pm »
Нема ништо подобро од тоа.