Автор Тема: Во потрага по компактен СУВ  (Прочитано 61372 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #255 на: 26 Февруари 2013, 16:11:25 pm »
Иначе ставање на одговорност ако е заложено возилото во договорот за купопродажба ништо не значи, иако истиот е заверен на нотар.

Чисто од љубопитност, ако имаш време да пишеш, зошто?


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #256 на: 26 Февруари 2013, 16:16:36 pm »
Иначе ставање на одговорност ако е заложено возилото во договорот за купопродажба ништо не значи, иако истиот е заверен на нотар.

Чисто од љубопитност, ако имаш време да пишеш, зошто?



Зашто претпоставувам дека ќе треба да се тужиш , одиш на рочишта и можда ќе трае со години дури се докаже, и ако се докаже (што ако пише дека гарантира дека не е крадено или заложено , испадне крадено/заложено а докаже дека не знаел ,и не било намерно и дека и него го зезнале... бла бла бла).

Ова скроз лаичко размислување :)

Дарко

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #257 на: 26 Февруари 2013, 16:40:37 pm »
За заштеда на пари и време по судови, разбирам ... Меѓутоа јас некако го сфатив дека би немало никаква правна сила тој член од договорот.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #258 на: 26 Февруари 2013, 16:49:07 pm »
За заштеда на пари и време по судови, разбирам ... Меѓутоа јас некако го сфатив дека би немало никаква правна сила тој член од договорот.

Па можда и би немало.. Ако некако се докаже дека не го сторил тоа намерно, туку дека некој него го преварил па си ти колатерална штета.. Не сум правник, и не сум сигурен дали е така возможно :) Нека појасни Банзаи, кој што е очигледно правник :)

поздрав

Дарко

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14337
  • Пудингот на шоферството
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #259 на: 26 Февруари 2013, 16:58:16 pm »
Во право е Банза,џабе би го навел тоа во договорот на нотар ако возилото е заложено.После си ги сносиш маките сам,односно од кај шо е заложено ке си го бараат возилото од новиот сопственик,така да...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #260 на: 26 Февруари 2013, 18:07:38 pm »
Чекај како е можно да ти ја продаде колата а да не ти каже дека е заложена.?
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #261 на: 26 Февруари 2013, 18:16:21 pm »
Какво наивно прашање :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #262 на: 26 Февруари 2013, 18:21:14 pm »
Какви говна газат по земјава ништо никому не верувајте на збор.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #263 на: 27 Февруари 2013, 00:57:23 am »
Значи да резимираме, Дарко не купил:
Hyundai IX35
KIA Sportage
Honda CR-V
Skoda Yeti
VW Tuguan
BMW X1
Ford Kuga
Dacia Duster
Mitsubishi Outlender
Nissan Qashqai

Што значи остануваат следниве:
Opel Antara/Chevrolet Captiva - не ми се верува дека би бил задоволен од квалитетот и ергономијата на возилата
Suzuki Grand Vitara - не ми се верува дека после сите оние извозени СУВ-ови би се одлучил за Витара, едноставно не ми е у лигата на Тигуан, ЦР-В....
Subaru Forester - Ако не му пречел изгледот, мислам дека е и те како добро возило субаруто
Toyota Rav4 - почнуем да мислам дека добил некој добар дил за Рав4-кава инаку би била премногу скапа во изведба во која што ја посакува Дарко
Peugeot 4008 - не веруем да купил пежо со оглед на тоа што не купил аутлендер, а аутлендерот и пежово се малте не, истата кола
Citoren C-Crosser - исто како и за пежото
Audi Q3 - премногу скапо, со оглед на посакуваната моторизација и опрема, освен ако не нашол добра понуда на старо

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16724
  • Keep it 100
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #264 на: 27 Февруари 2013, 01:48:02 am »
Мене многу ме интересира зошто не избра Mazda CX-5

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #265 на: 27 Февруари 2013, 01:57:05 am »
Па мислам дека имаше негде спомнато, ради дилеров наш, па отишол у Ниш.... или сум нешто грешка. Како и да е Мазадта треба да биде додадена на некоја од листите погоре, само чинам дека ќе биде на првата листа.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16724
  • Keep it 100
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #266 на: 27 Февруари 2013, 02:03:32 am »
Имаше спомнато дека ќе пише поопширен тест и за неа деновиве. Мене таа ми е фаворит и највеќе ме интересира зошто не ја одбрал.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #267 на: 27 Февруари 2013, 02:12:02 am »
Епа ако пишал, тогаш мислам дека кажа дека било малце комплицирано и скапо за да ја донесе тука, ама мутно ми е нешто а не можам да најдам по постовите, за да ми текне што точно кажал.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #268 на: 27 Февруари 2013, 07:47:32 am »
Техничка забелешка: Се моли krell своите писанија да ги организира во пасуси одделени со нови редови. Непрекинат униформен блок од текст неорганизиран во пасуси (тнр. „чаршав“) е непотребно тежок за читање и може да го опструира пласманот на несомнено интересната содржина.

Dankeschön

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #269 на: 27 Февруари 2013, 08:08:01 am »
Техничка забелешка: Се моли krell своите писанија да ги организира во пасуси одделени со нови редови. Непрекинат униформен блок од текст неорганизиран во пасуси (тнр. „чаршав“) е непотребно тежок за читање и може да го опструира пласманот на несомнено интересната содржина.

Dankeschön


Предлагам да се направи гласање.


1. Да крелл да ги организира пасусите одделени во нови редови........

2. Не, нема потреба, доволно е интересно за читање се снаоѓаме и вака.


Која опција ќе победи на гласањето, така ќе продолжам :)


поздрав


Дарко