Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 169315 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4797
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #975 на: 01 Јули 2023, 21:37:52 pm »
@Diesel да си ја смениш камерата  ;D
Задниов полумесец е потемен од вратите, зазорот на хаубата вчера беше поразличен ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #976 на: 01 Јули 2023, 21:42:13 pm »
Сенки, зависи од каде гледаш, јеби га.

Не ме бива за сликање.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7641
  • Плинаш!!!
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #977 на: 02 Јули 2023, 00:25:30 am »
Фарбан ти е предниот браник? Само тој двои.  :)
Туку, како си задоволен од колата. Памтам викаа за класик верзиите, дека биле соголени до лим, слаб квалитет, во чешка или полска мислам се произведуваа.
Истиов муабет се вртеше и за пунто верзијата по србија што се склапаше.

Да, фарбани се и двата.

Штедено е, секако. Како и секоја кола - си има маани, но мене ми е по мерка. Евтина за одржување, не е воопшто голем потрошувач и има сѐ што ми треба (освен темпомат).

Како би проверил квалитет на лим, неам поима.

Склопувана е во Полска.
Се нафаќам да инсталирам темпомат на мој трошок, секако ако ти се нафаќаш.
Многумина велат дека на астра класик со тој мотор во 90% од случаите не успева, ама од инает би пробал да го докажам обратното. Исто како што многу познати дијагностичари кои се дел од опел клубот велеа дека на Мерива со Z16XEP не може да се стави темпомат, па ете Жиле сам успеа.
Едноставно беше. Швабите не сакале есна жичка да стават.
Туку за прекидачот не мора да клекнуваш и да го бараш, едноставно во тишина пристисни нежно кумплуг и пушти, ако слушнеш клик тогаш имаш прекидач.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #978 на: 17 Јули 2023, 22:34:34 pm »
15.07.2023 година, 136.260 километри.

Заменето:
- Пумпа за вода Airtex 1898 со сензор и дихтунг
- Термостат Gates TH33892G1 92°C
- ПК каиш Continental 5PK1355
- Антифриз концентрат Valeo Protectiv 112 G12, 3l
- Дестилирана вода, 60l

Хардверот набавен од @Prcot .

Прво, направив комплетен и прописен coolant flush...



Постапката беше следна - на ладна кола, го извадив капачето од резервоарот за антифриз, го стартував моторот, парното на 4-ка и го отворив пластичниот вентил на хладњакот доле десно. Како течеше доле, така дотурав дестилирана вода во резервоарот, дур не потече кристално чиста вода.



Нешто измеѓу 50 и 60 литри дестилирана вода потрошив.

Откако веќе се избистри, го изгасив моторот и пуштив да истече колку може да истече течност, како за промена на антифриз или пумпа за вода или термостат, регулар. Истече 3.8 литри, мерено, плус 100-200 spillage кога ја извадив пумпата за вода.

Наредно, почнав да растурам за да стигнам до пумпата за вода и термостатот. Прво, оди куќиштето за филтерот за воздух... Чистење - обавезно.



Наредно, се вади десниот држач за мотор, па ПК каишот, па ременицата на ПК каишот. Морав да го потпрам моторот...



Мала дигресија - видов пукнатини на гумата од држачот на моторот, и најверојатно ќе го сменам за скоро, иако не осеќам никаков проблем од него.

Ги замаскирав алтернаторот и компресорот за климата, пошто не знаев што да очекувам кога ќе ја извадам пумпата, да не правам неред.

Цревата ме измачија малку, ама не беше страшно...

Замената е pretty straight forward, вадиш-ставаш, со внимание на дихтунгот и различната должина на шрафовите. Се затегаат на 8nm и тие од термостатот, заедно со овие од пумпата.



Прснав силиконски спреј на цревата, од разбирливи причини.

Почнав со монтажа, обратно - фин скочбрајт и брејк клинер за да ја "светнам" површината за дихтунгот (не сум сликнал, стакло се направи), шрафовите на ременицата на 20nm, нов ПК каиш, држачот на моторот 40 и 60nm, па куќиштето на филтерот.









Фабричката пумпа, речиси и да немаше знаци на користење. Сијаше внатре. Термостатот беше "заварен" за пумпата, морав со гумен чекан да ги раздвојам.



И на крај, дојдовме до "најинтересниот" дел за мене. Поточно, најмачниот - отстранување на воздух од системот. По упатство, системот на Z14XEP моторот си прави bleeding самиот, на начин што се дотура течност (во овој случај - чист антифриз, пошто во блокот веќе имаше само чиста вода), па се стартува моторот, и се остава да работи додека да отвори термостатот.

Проблем - иницијално собра само 2 литри чист антифриз. Не само што постигна работна температура, туку и надмаши - преку 105 степени, перката стартуваше и во втора брзина, и не успеа да ја симне, јер недоволно течност. Оставив преку вечер, утредента паднато беше нивото, но собра само уште литар антифриз.

Е сега, пошто секаде каде што проверив, вика дека овој мотор собира 5.5 литри, а во упатството од колата вика 6.6, а по вадењето на пумпата извадив 3.9 литри, а дотурив само 3 литри антифриз, по мојата математика фалеа во системот уште околу литар течност (дестилирана, заради 50-50).

Вториот ден пак ја стартував, пак префрли 105 степени, па пак ја оставив преку ноќ. Парно немав. Третиот ден, ладна, нивото на течност не беше речиси воопшто паднато.

Грешка во упатството е што не пишува дека треба да се провози колата, а не само да постигне температура во место. Ја провозав, во вожња си беше нормално комплет, не крена повеќе од нормално, 85-90. Повлече, и падна нивото во резервоарот поприлично.

Денеска дотурив уште околу 500-600 милилитри и тоа е тоа - операција успешна. И парно добив, температура не крева повеќе од нормално, перката си го лади моторот дури и во место.

17.07.2023 година, 136.271 километри.

Заменето:
- Масло Valvoline SynPower MST C3 5W-40 dexos2 5l
- Филтер за масло Hengst E611H D442
- Филтер за воздух Hengst E352L
- Филтер за гориво Hengst H110WK
- Филтер за полен Hengst E910LI
- Свеќички Bosch FQR8LEU2 х4
- Батерија за далечинско Maxell CR2032
- Сензор за притисок на масло Febi Bilstein 17665
- Црево за маслена пареа GM 56 56 132
- Црево за маслена пареа (картер) GM 56 56 121
- Капаче за масло Febi Bilstein 17799
- О-ринг на шипка за масло х2



Во прилог некое сличе, пошто немав што посебно да сликам.








Денеска ме измачи малку бобината, тешко ја извадив, а многу ме измачи филтерот за гориво, пошто немам правилен алат (клешта) за осигурачите.

Капачето на капакот од вентилите го сменив пошто оригиналното солзеше уље по малку. Грда жолта е новото, ама јеби га.

Капачето од резервоарот ќе го заменам чисто превентивно, немам проблеми.

Како и да е, имам уште работа.



Иако имав доста работа и потрошив доста време, ми беше задоволство и терапија. Поготово ќеф што си сработив сам, комплет. Знам што е заменето и дека е БАШ по пропис.

Набавено, чека ред и асистент да се ослободи по дома, пошто ова сам нема да можам:

- Ударен буфер за задни спирали x2 Febi Bilstein 38228
- Предни црева за сопирачки x2 TRW PHD500
- Задни црева за сопирачки х2 Febi Bilstein 14764
- Глицерин Valeo DOT 4, 1.5l
- Капаче од резервоар Febi Bilstein 01226

Набавив и дихтунг за капакот од вентилите, бев решен да го менувам, но не можам да најдам ни капка масло да пушта од негде, така да го оставив. Кога ќе протече - го имам, ќе го сменам.

Есапот не ми е направен, страв ми е да го направам. Ќе го направам кога ќе завршам со замената на сите делови.

Битно нема работна рака.
« Последно менување: 18 Јули 2023, 19:34:27 pm Diesel »

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1906
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #979 на: 17 Јули 2023, 22:52:14 pm »
Стварно ми е мерак кога ќе видам како работиш мераклиски, алал вера!

Старите делови комотно можеш да ги дадеш некому да си направи сервис  :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6636
  • French diamond
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #980 на: 17 Јули 2023, 22:52:33 pm »
А зошто менуваш црева ? Ај течности разбирам, ама црева не гледам потреба на 136К да менуваш.

И да знаеш, се што ќе смениш ќе биди полош квалитет од тоа што било на неа и побрзо ќе се расипи и јас сум ко тебе, менувам некој работи превентивно, ама многу пати се докажало дека е грешно тоа и е понеквалитетно од тоа што си било фабрички.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7641
  • Плинаш!!!
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #981 на: 17 Јули 2023, 22:57:00 pm »
Ееее сите вака како тебе да чуваа кола, ќе поминуваа по милион без проблем. Кеифот е голем коа ќе успееш нешто сам да направиш и тоа по пропис.
Гледам си користел бош свеќици. Како си задоволен? Колку имаш пројдено со нив? Дали колата има плин?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #982 на: 17 Јули 2023, 23:19:35 pm »
А зошто менуваш црева ? Ај течности разбирам, ама црева не гледам потреба на 136К да менуваш.

И да знаеш, се што ќе смениш ќе биди полош квалитет од тоа што било на неа и побрзо ќе се расипи и јас сум ко тебе, менувам некој работи превентивно, ама многу пати се докажало дека е грешно тоа и е понеквалитетно од тоа што си било фабрички.

На кои црева мислиш? Што ги заменив денес? ОЕМ се. Тенкото еднаш веќе ми пукна, од прилика на 7-мата година и 70.000 километри. Тука негде е и ова по време и километри.

За кочниците? Па, не очекувам од новите да траат 15 години, туку сигурност бар наредни 5. Со 15-годишни црева немам сигурност

Инаку, во право си. Но, години си се години, каков сака нека е квалитетот. Пумпата можеби ќе тераше уште 130.000. Ама, може и не. А и оваа не беше евтина, а имам и препорака од Прки, така да... Му верувам.

Ееее сите вака како тебе да чуваа кола, ќе поминуваа по милион без проблем. Кеифот е голем коа ќе успееш нешто сам да направиш и тоа по пропис.
Гледам си користел бош свеќици. Како си задоволен? Колку имаш пројдено со нив? Дали колата има плин?

Ова ми е трет сет истите свеќици. Немам забелешки. 3-4 мисфајр ситуации сум имал, ама тоа е од горивото на МП, не од свеќиците. ОЕ се.

Плин нема, нит па ќе има.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 385
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #983 на: 18 Јули 2023, 08:33:30 am »
На капачката од поклопецот за вентили требало да си смениш само гумица , тенкото црево му е фабричка маана на овие мотори и бара честа замена додека сите останати црева тераат без  проблем  многу километри. 
Долгите штрафови на држачот на моторот не ти се правилно центрирани колку што можам да приметам од сликите, шајбните мора да лежат на истото место кај што биле и предходно затоа и дупките се доста поголеми од штрафовите ако си приметил и  сега може да ти се појават мали вибрации и звукови.

Другото се професионално изработено само уште квалитетот на деловите да беше на по високо ниво :)  (јас лично од брендот  Febi Bilstein ни капачки на вентилите на гумите не би купил)


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #984 на: 18 Јули 2023, 08:57:14 am »
Не можев да најдам никако гумица со такви димензии. Масирање ми беше од овластен да барам, сакаат прво да се плати по про-фактура, па да нарачаат ако немаат, па да организирам јас карго да оди да го подигне, па да ми го донесе... Заебанции многу и не ми се правеше тоа. За една гумица ќе потрошев време и пари колку за цел поклопец.

Се мислев да пробам оваа од новото капаче да ја сменам, да ја извадам и ставам на оригиналното капаче, ама се пишманив и ја ставив новата. Ќе видам како ќе биде, ако не пушта - ќе стои.

Да, видов утредента за шрафовите, корегирав, на место се, нема вибрации никакви.

Квалитетот - тоа е. Кога отворам на daparto.de и кога гледам избор на брендови и цени, си плачам 10-тина минути и ја затворам страната. Тоа е, каде и да одиш - тоа се нуди.

Кажав зошто не сакам да се ебавам со овластените. Да живеев во Скопје, ОЕМ ќе беше скоро сè. Вака, ќе крпиме.

Башка, со Febi не сум имал проблеми никакви. Тенкото црево што го извадив сега беше Febi, и истера повеќе од фабричкото, така да... Да не избрзуваме со заклучоци - времето ќе си каже.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2943
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #985 на: 18 Јули 2023, 09:44:00 am »
Одлично сработено. За додавање антифриз, не треба нонстоп да ти биде пуштено парното на топло па да направи  bleeding?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #986 на: 18 Јули 2023, 10:08:14 am »
Апсолутно. Беше пуштено и кога правев flush, и кога го полнев по промената.

Ама, таков е системот, специфичен.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #987 на: 22 Јули 2023, 17:16:05 pm »
Црните пластики и лајсни некако го изгубија сјајот, па сакав да ги освежам малку. Почнав од горе, па надоле, при што пластиката која ги покрива шините за кровен куфер не само што беа премногу оштетени, туку и е некоја глупа мазна пластика на која ни едно средство за зацрнување на пластики не одговараше.

Па, преминав на фарбање - скочбрајт, прајмер и сатен црна боја два слоја...



Прснав да видам како ќе изгледа. Иако финишот не е совршен, милијарда пати е подобро од шо беше...





Едино ме загрижува колку ќе трае и како ќе се одвива процесот (дали ќе белее, ќе се излупи, ќе се ишара и сл.), али, ќе видиме. Моментално е топ.

Е сега, пошто под пластиката што најдов, ич не ме бендиса, работите испаднаа од контрола од тука надоле...






Наредно, вратите.





Благо полирање, заради остатоци...



Третман на пластиките... Прво чистење од внатрешна страна, па лицето. Очекувам долгорочно да бидат вакви, пошто средствто што го користев ми е тестирано и држи со години. BTW, го нема повеќе да се купи, така да нема везе кое е.




Монтирани.




Наредните слики ми е срам што ги покажувам, али it is what it is. После 15 години...









Weight reduction. На среќа, нема ни точка коридирано никаде. Прагот од левата страна падна сам со се држачите, од тежината на калта што ја имаше внатре. Среќа, не се скрши ништо.

Вака изгледаа пластиките внатре и од долната страна... Одвратно.



Чистење и третман и на лимот под нив, на праговите, како и на држачите.








Нови ОЕ осигурувачи...




Монтажа.



Уште една работа checked off the list.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6636
  • French diamond
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #988 на: 22 Јули 2023, 17:45:03 pm »
Колку си будала (во позитивна смисла )  ;) И јас сум со намера да ги извадам праговите, да видам каква е состојбата под нив, само ме плаши да не начекам рѓа.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6015
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #989 на: 22 Јули 2023, 17:56:15 pm »
Ајде, па ќе си ги мериме после.

:D