Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 176131 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7784
  • Плинаш!!!
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #990 на: 22 Јули 2023, 17:59:14 pm »
Човече свака част на нерви. Како успеа да ги извадиш лајсните на кровот а да не ги скршиш? Најкомплицирани се за вадење.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #991 на: 22 Јули 2023, 18:06:31 pm »
Реално, тешко. Полека сака, ептен.

Додуше, летна мал дел пластика од еден од држачите внатре, ама изгледа не е клучен, пошто си кликнаа на место секаде.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #992 на: 22 Јули 2023, 21:29:40 pm »
Некој иде по риба, некој швалерка фаќа, некој се пропива, некој стара кола растура и ја средува ко нова :))) Алал вера, само од гледање на сликите се релаксирав, а тек па тебе како ти било додека си работел. Браво  :)

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 362
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #993 на: 23 Јули 2023, 04:38:13 am »
Секоја чест за сработеното, срце ми е полно кога ќе видам луѓе сами си ги поправаат колите,било пумпа за вода,мењавање стартер,алтернатор итн (промена на уње и филтри не ни спомнувам) а не за најмала глупост и два штрафа на мајстор.Многу ме потсеќаш на татко ми,изглеа вие опечџиите обожавате сами да си ги поправаат колите, ете и татко ми е ист со опелот, на мајстор ни под разно, ако треба 5-10 дена ќе лежи под кола ама сам ќе  сработи. ::)

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #994 на: 23 Јули 2023, 13:26:29 pm »
Не и даваш да скапе. Како после да те зае*аваме...

Бравос Дизел бој.

пс: Никот ти е Дизел, а само на бензин фураш. мистик мен.  ;D
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #995 на: 16 Август 2023, 15:51:39 pm »
Да привршуваме со зацртаното... 15.08.2023 година, 136.984 километри.

Прво, ја исчистив клапната за гас. Користено Mannol Carburetor Cleaner 9970. Од претходното, а воедно и прво евр чистење поминато цирка две ипол години и 15.656 километри.





Беше валкано, ама ни приближно колку претходниот пат...



Потоа, ги заменив ударните буфери на задните спирали. Демонтажата и монтажата не беа претешки, ако знаеш што правиш. Ако не, ќе вежбаш.





Чистењето е вклучено. Разлика во возењето нема, освен placebo, of course, но има разлика во звукот, пошто сега гледам дека цвилење некое ситно идело од спирлата, пошто немало ништо измеѓу неа и каросеријата. Цело време мислев дека се гуртните, ама на среќа - не.

Наредно, пристапив кон промена на глицеринот. Се откажав од промена на цревата за кочниците, од причина што откако добро ги исчистив фабричките, увидов дека немаат пукнатини, гумата е мека, нема протекување од никаде и стварно нема потреба. Нека стојат, ќе се најдат.

Фабрички, согласно онлајн податоци, капацитетот на системот е нешто помеѓу 0.5 и 0.6 литри. При промената, извадив, а и потрошив од новиот околу 700-800 милилитри, при што сметам дека brake flush-от ми е направен прописно.

Разлика нема во кочењето. Последна промена на глицеринот ми е направена пред 20 месеци и 9.155 километри. Во улогата на пумпа - татко ми.

Еве што испадна, плус состојбата на буферите...



Денеска бев на центрирање, имаше минимални отстапувања, корегирано, сега е топ. @zeroSignal има поздрав од Гума Бренд Гевгелија.

Утре технички и регистрација.

За годинава, механика - толку, освен ако не дај Боже не се деси нешто непланирано. Сега малку на козметика, ама о том - по том.

Есапот, вкупно, сѐ што е набавено, вика вака:

- Масло Valvoline SynPower MST C3 5W-40 dexos2 5l, 2.000,00
- Филтер за масло Hengst E611H D442, 300,00
- Филтер за воздух Hengst E352L, 450,00
- Филтер за гориво Hengst H110WK, 500,00
- Филтер за полен Hengst E910LI, 450,00
- Свеќички Bosch FQR8LEU2 х4, 1.200,00
- Батерија за далечинско Maxell CR2032, 50,00
- Сензор за притисок на масло Febi Bilstein 17665, 400,00
- Црево за маслена пареа GM 56 56 132, 600,00
- Црево за маслена пареа (картер) GM 56 56 121, 300,00
- Капаче за масло Febi Bilstein 17799, 250,00
- О-ринг на шипка за масло х2, 0
- Пумпа за вода Airtex 1898 со сензор и дихтунг, 3.200,00
- Термостат Gates TH33892G1 92°C, 1.170,00
- ПК каиш Continental 5PK1355, 760,00
- Антифриз концентрат Valeo Protectiv 112 G12 3l, 900,00
- Дестилирана вода, 60l - 850,00
- Капачка за резервоар за гориво Febi Bilstein 01226, 500,00
- Ударен буфер за задни спирали x2 Febi Bilstein 38228, 1.500,00
- Предни црева за сопирачки x2 TRW PHD500, 2.000,00
- Задни црева за сопирачки х2 Febi Bilstein 14764, 1.000,00
- Глицерин Valeo DOT 4, 1.5l, 600,00
- Дихтунг на капак на вентили Victor Reinz 71-35888-00, 900,00
- Рајнзосил, 500,00
- Центрирање, 1.000,00

Ако на тоа ги додадам и:
- Сет опруги и осигурувачи за гуртни Tomex 40-05, 300,00
- Гуртни Ferodo Premier FSB545, 2.000,00
- Акумулатор Magneti Marelli Prima PMA55R, 4.000,00

Вкупно: 27.860,00 денари. Освен центрирањето, РАБОТНА РАКА - 0 денари.

Not bad. Not bad at all.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #996 на: 17 Август 2023, 16:29:54 pm »
Регистрирана денес.

- 3.291,00 денари автоодговорност;
- 3.430,00 денари трошоци на технички (поскапо од лани за 202,00 денари, а за 2022-ра беше за 379,00 денари поскапено за разлика од 2021-ва);
- 2.201,00 денари јавни патишта, и
- 50,00 денари во МВР.

Вкупно - 8.972,00 денари, или вкупно 246,00 денари поскапо од лани, гледам и кај автоодговорноста има поскапување од 50-тина денари.

Техничкиот - без забелешки, дури и со пофалби.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #997 на: 24 Октомври 2023, 20:07:31 pm »
24.10.2023 година, 142.988 километри или 6.717 километри од последната промена пред три месеци и некој ден.

Заменето:
- Масло Mobil Super 3000 XE 5W-30 dexos2 7l (за две промени), 6l купени од Имачка за 35 евра (2.150,00) и литро од тука за 700,00 денари
- Филтер за масло Hengst E611H D442, 400,00 денари
- Десен држач за мотор Delphi TEM003, 21 евро (1.300,00 денари)
- Работна рака, 0 денари

Вкупно: рецимо 1.650,00 за оваа смена на уљето, плус филтерот и држачот, 3.350,00.



Си набавив и бобина OE Bosch 0 221 503 472, за во иднина, од причина што беше кажи-речи дупло поевтина од тука. Ја платив 67 евра (4.100,00 денари), додека тука се движи меѓу 7.000,00 и 8.000,00. Ќе ја заменам најверојатно при наредна замена на свеќиците, ако не цркне фабричката пред тоа. Немам никакви проблеми со системот на палење.

Покрај бобината, купив и свеќички Hella 8EH 188 704-231, за 1.87 евра парче или 7.48 евра комплет четири, или смешни 460,00 денари. За споредба, 1.200,00 ги платив Bosch во јули.

Држачот, мислев дека само гумата е амортизирана, манифестирано преку пукнатини во гумата, но работата била малку посериозна...




При кратка тест вожња, има видлива разлика при менувањето на брзините на повисоки вртежи, односно знаеше да "трзне" ако го пуштам куплунгот малку побрзо, што сега го нема. Визуелно, моторот стои за нијанса повисоко, што е разбирливо, ако се видат држачите еден до друг, пошто фабричкиот е пропаднат за повеќе од 2 сантими.

Engine bay detail по замената на уљето...



Денес, буквално како "нарачана", стигна и кожата за менувачот од ebay. Ја нарачав од истиот продавач од каде што ја нарачав и онаа за рачната. Разликата со фабричката е повеќе од евидентна, односно кожата е минимум дупло подебела кај новата и изгледа премиум. Е сега, дебелината на кожата си носи "држ-недај" при монтажата, ама не беше многу комплицирано.






Презадоволен како изгледа. Се гледаше заморот кај фабричката, мада какви има, оваа е нова. 1.130,00 денари ја платив.

Разбирливо, детално перење однадвор, и квази хемиско внатре, односно само седиштата ги поминав мокро...







И еве, @nikola_bb да види како изгледаат чисти седишта, пошто смета дека хемиско на редовно чистена кола нема потреба да се прави...



Поредовно чистена кола од оваа, здравје.

Road trip-от од 4.700 километри за 7 дена (2.000 за 22 часа, 700 низ Германија и пак 2.000 за 23 часа), 5 луѓе и товарана до трт...




Колата не се накашла, буквално. Ги сврте без никаков проблем. Дотурив 600 мл уље само, како единствена забелешка, ама со оглед на околностите (товар, автопат, брзини 120-130-140) е ништо за овој мотор.

За крај, потрошњата, која изгледаше вака...










Најниска 5.6/100, највисока 6.4/100. По мое, повеќе од солидно, ако се земат сите околности во предвид.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2997
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #998 на: 24 Октомври 2023, 21:28:26 pm »
Наздравје сервис и прошетка.

Може линк од ибеј за кожата на менувачот?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #999 на: 24 Октомври 2023, 21:47:43 pm »
Како што му кажав на @Diesel додека комунициравме за патосниците, ова неговото не е Опел, ова е нова кола ;D

Пушти линковача од кожата тука јавно, може ќе се удене нешто и за комплицирани коли ко мојата :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #1000 на: 25 Октомври 2023, 07:27:11 am »
https://www.ebay.com/str/jfcustoms?mkcid=16&mkevt=1&mkrid=711-127632-2357-0&ssspo=eypJyjrCTCu&sssrc=3418065&ssuid=XI9LJUw-Q3K&widget_ver=artemis&media=EMAIL

Имаат речиси сѐ. Квалитетот е тука, неспорно.

Ќе најдете што ви треба, сигурно.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #1001 на: 13 Ноември 2023, 16:00:34 pm »
13.11.2023 година, 143.430 километри.

Заменет летниот со зимскиот сет. Со летниот, поминати 8.825 километри.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2660
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #1002 на: 28 Ноември 2023, 22:35:48 pm »
Tek sega malce ti ja pregledav temava nekoku strani.
Pa ti normalen ne si  ::)
Braos me ubi u pojam.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #1003 на: 29 Ноември 2023, 08:13:14 am »
Така ли ти за мене?

:P

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #1004 на: 26 Декември 2023, 17:15:50 pm »
26.12.2023 година, 144.644 километри.

Заменет дихтунг поклопца вентила, Victor Reinz 71-35888-00, 900,00 денари. Го урочив изгледа летоска, кога го купив дихтунгот, а не го заменив тогаш.

Отворам антифризот да го измерам, кога гледам почнало да го мрси...




Само тука напред беше, рано го фатив, пошто пред 20-тина дена дигав хауба, немаше никакви знаци на протекување. Кај дизните и свеќиците немаше ништо буквално...

Додуше, и самиот дихтунг беше прилично еластичен, освен овие напред што ми се скршија... Тие беа пластични. Беше малку држ-недај да се извади капакот, пошто беше залепена гумата, ама се заврши.



Редовните промени на уље си го кажаа своето, најубаво на оваа слика. Никаков varnish.



И капакот беше стакло, само заборавив да сликам. Убаво ги исчистив каналите, а пошто VR го сметам за поквалитетен бренд, монтажата на дихтунгот на капакот беше прилично ОЕМ лесно.

Пред монтажа, на делот каде се спојува главата и капакот од ланецот, Reinzosil, тенко...




...и површината за спојување со фин скочбрајт и брејк клинер.

Оди обратно капакот на место, шрафовите (13) во контра смер на 9nm ги затегнав, вратив се на место (бобина, конектори, црева) и чао.




Подзачистено, онака, зимски и тоа е тоа. Не ја палев денес, ќе оставам вечерва Reinzosil да кјурне добро, па утре ќе видиме. Се надевам дека добра работа сум завршил и дека нема да тече. А и да тече, ќе корегираме.

Работна рака - 0 денари.

Реално, повеќе од 20-30 минути не би одземала операцијава, но јас каков што сум, два саати, со сВе.