Автор Тема: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport  (Прочитано 180615 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #735 на: 02 Февруари 2021, 09:36:59 am »
Не.

Ова е од Г.



Ова е од Х. Кај мене е вакво.



Конекторот за струја не е ист, и механизмот за приклучување кон клапната.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1902
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #736 на: 08 Февруари 2021, 00:09:53 am »
Да да не се исти кај мене е она од горната слика ова е скроз е различно.....Такво барам ама од овие половните нема исправни сите таа мака ја имаат....

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #737 на: 21 Февруари 2021, 12:57:38 pm »
20.02.2021 година, 121.328 километри.

Расклопено, исчистено, заменето:
- Клапната;
- Всисна грана;
- МАФ сензор;
- Дихтунзи на всисна грана (еден на телото на граната, еден на спојката на граната со главата од моторот).











Имало гареж, многу.

Почнав да осеќам мала разлика во лер, некако побучно и понемирно работеше. Плус, слушав некое ситно како штракање во лер, од горниот дел на моторот. А и маааалку зголемена потрошња.

Проблемот беше во полугата што ги движи клапничките на твинпорт системот. Од гареж, не затворале во целост, а тоа е дополнително оптоварување на самата шипка што ги движи.

Прво што приметив по чистењето се повисоки вртежи во лер на загреана кола, за 40-50. Валјда сега полесно дише и ќе му треба на ЕКУ-то време да сфати и да го искалибрира.

Сега работи супер. Нема звуци, освен карактеристичното штракање на ланчето и маааало стругање на ролерот на пумпата за вода.

Во план ми беше промена на ланче сет и водна пумпа, ама колку повеќе читам и колку повеќе се консултирам, се откажувам од идејата за промена на ланчето. Здрав заб не ми се вади.

Водната пумпа и ролерот ќе бидат за кратко време заменети. Тамам на 120.000.

Дихтунзите 300,00 и работна рака 1.000,00-ка.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #738 на: 21 Февруари 2021, 22:14:49 pm »
Ова на бензин колку имало гареж,  а замисли дизељ, каква му е усисната грана, егер, меге ер...  ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #739 на: 21 Февруари 2021, 23:52:32 pm »
Мислам, не тврдам - вината за толкава количина на гареж (и јас се зачудив) ја наоѓам во твинпорт системот прво, па во мојот начин на возење. А и 13 години не е чепнато ништо вака, да се чисти.

Ама затоа, сум вадел и испод 5 потрошња, на отворено.

Последно полнење до капаче, 6.8 ми испадна 30-70 отворено-градска. Супер е, ама може колава подобро од тоа. Од искуство.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #740 на: 06 Март 2021, 17:49:16 pm »
Уф, ај да почнам со ред, пошто бааги има.

Во декември лани набавив половни алу фелни, оригинални од Опел Астра, Elegance модел, 15-ки. Се мислев за 16-ки, ама некако не ми се ебаваше да ги продавам моите 15-ки летни гуми со 3000 километри, па да купувам поголеми... Многу работа ми се виде.



Ги купив со се летни гуми, Рикен беа, 195/65-R15, комплет за 7500. Гумите ги продадов за 3000, така да бандажите испаднаа 4500. Генерално, беа оштетени, се гледа на сликата. Ставив само една, пошто тука негде беа сите. Еден беше и маааалку крив, исправен е, поправката чинеше 600 денари. Така како што беа, не идеше во предвид да ги ставам. Ни под разно.

Btw, цената испадна толку ниска (речиси колку сет челични), пошто @Rakun4e интервенираше. Вечно сум му благодарен.

Минатиот месец, купив половен кожен волан, исто оригинален, со фабричката кожа, 2.400,00. Не беше многу оштетен, тука-таму некаде беше излижана кожата, ама каков ме дал Господ, и тоа не идеше во предвид таков да го ставам, иако го купив као демек зачуван, за директно да го ставам, пошто нели, фабричка кожа, квалитетно изработен, дрн-дрн...







Тука е само доообро исчистен. АПЦ, Пулимакс, еден куп крпи и магично сунѓерче. Пробав да видам што ќе добијам со неколку слоја Карпро Перл. На крај, не добив ништо, само го впиваше.







Прво мислев да го фарбам. Правев муабет со еден дечко од Охрид кој работи репарација на кожа. Ми побара 2000 за да го среди. Некако многу ми се виде, па отпосле видов дека и Дарко од Прилеп работи репарација. Му се јавив, си направивме муабет, и прво што ме праша дали ми е за продавање колата или за возење. Пошто е за возење, ми рече да не се мачам да фарбам, по некој месец пак ќе се излупи. ОК, викам, онака, информативно, колку чини кај тебе услугата "фарбање"? Ми вика 600 денари. Хм... 2000. 600.

Ми го препорача Марко од Куманово. Го контактирав. Многу ОК дечко, си направив и со него муабет, ми вика 1200 фарбање, ама ако ти е за возење, поарно немој. Пошто има набиен распоред, се разбравме да му го пратам на 02.03. за да го работи на 03.03., при што прво да види што може да се направи, па после да се чуеме пак.

Во меѓувреме, набавено...















- Момент клуч Extol 28-210nm, 2.000,00 денари;
- Клуч за тркала Extol 17, 19, 21, 23, 300,00 денари;
- Две клоцни за тркала, 450,00 денари
- Хидраулична дигалка Ingco 2t, 2.100,00 денари;
- Продолжеток за 1/2 клуч, 200,00 денари;
- Насаден 17-ка, 200,00 денари;
- Насаден торкс, Т50 (за воланот, специјално), 200,00 денари.

Пошто (ќе) имам два сета бандажи и гуми, решив сам да си мењам сезонски. Да, пукнав многу пари наеднаш, ама првата цел не ми е да заштедам на пари при монтажа, иако не е занемарувачка цифра на сезона (по 700,00 денари, пута 2, 1400 годишно). Целта ми беше DIY, и да се направи тоа како треба, без престегање, да се чисти секогаш сВе пред монтажа и сл.

Ми фали уште од оние потпирачите, стубчиња, бар едно. Има Вурт, едно, 1.250,00 и Хегерт, две, негде 2.200,00 мислам. Не сум одлучил што да правам. Има време, до 15-ти...

Ги оставив бандажите на средување, комплетно, на 08.02., без обврска да се брза. Средени, ги земав на 03.03.















Бандажите испаднаа срча. 98% се совршени, пошто тука-таму има некоја прашинка, и тука таму некој дефект од внатре, ама јас сум презадоволен. Цената на комплет средување (пескарење, санирање венци, прајмер, фарбање, лакирање, полирање) беше 6.000,00 денари, исто повластена, по заслуга на @Rakun4e , кој фаќаше врски. Му реков нему, а еве и овде - 20% се овие бандажи негови. Благодарен сум му, ептен.

Укупно, фелните ме коштаа 11.100,00 денари. Оригинални Опел, средени по мој вкус, за 2/3 од цената на афтермаркет нови, со кујзна каков квалитет. Јас - задоволен.

Вчера стаса воланот, готов, претапациран. Сакав рељефна кожа, целосно, како оригиналниот, ама по муабет со Марко, а и ми прати некои негови изработки да ме убеди, и ме убеди - горе и доле мазна црна кожа, лево-десно перфорирана, со црн конец.













Изработката е топ-ноч. Немам коментар. Изгледа фантастично. Кожата ми тврди дека е квалитетна, италијанска, што пред да се чујам со Марко, и Дарко ми го потенцираше. Некако е и по bulky воланот, добро лежи во рака. Дебел конец... 3.700,00 беше цената.

Денес имав пополнет ден. Прво, уште рано сабајле, го монтирав воланот... Еве и краток туторијал, иако не е воопшто тешко.

Прво, го откачив минусот на акумулаторот. После, има два Т27 токрсови од страните, кои го држат ербегот...





Испаѓа ербегот, и има еден дво-етапен конектор, кој лесно излегува.



После ги отстранив жиците за свирката и централниот шраф (торкс Т50), и воланот отиде надвор, лесно.







Го ставив новиот волан, ставив тред лок на шрафот (никако не можев да го исчистам стариот, иако стоеше штрафот потопен во ацетон пола саат) и го стегнав со момент клучот на 30 nm. Препорачано беше 25 од фабрика, ама нека е стегнато. Чувството на кликот на момент клучот е прајслес.







Го поврзав конекторот за сирената, ги спроведов копчињата и жиците низ каналите, го зашрафив ербегот и воила...







Воланот е монтиран. Светлото е глупо малку, и да, дели сега кожата од гумата на ербегот, ама тоа е затоа што гумата има дресинг, а кожата нема ништо. Или да го "dull down" ербегот без дресинг, или на кожата да ставам малку. Нејќев да ја мачкам кожата со ништо, бар денес. Сликите don't do justice колку добро изгледа воланот.

По ова, директ на монтирање на летните гуми на алу фелните.

Монтажа, нови вентили и балансирање - 800,00 денари.

Се вратив, ги избришав со АПЦ, им бапнав по еден слој Сил енд шајн и БСД, и хибернација до 15-ти.







Фала лепо, пријатно.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #741 на: 06 Март 2021, 18:02:13 pm »
Секоја чест, мислам, стварно!

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5192
  • Пиши лаже
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #742 на: 06 Март 2021, 19:47:22 pm »
Алал да ти е како си ја гледаш колата. Огромно браво!

Sent from my Samsung S20 FE

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5693
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #743 на: 06 Март 2021, 20:15:57 pm »
Sega imas dva volana edniot za zimo i drugiot leto  :)
Se iznacitav bravo za trudot i normalno merakot.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #744 на: 06 Март 2021, 20:20:13 pm »
Ништо, го ставам гумениот на продажба.

Во супер состојба е за годините. 1000-ка, бар.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #745 на: 06 Март 2021, 20:28:13 pm »
Јас лично не би ја менувал фабричката кожа, штознам оваа афтер маркет "кожата"  шо ја ставаат кај нас се ми  се чини дека ќе јави маки многу побрзо од фабричката која била во полоша  состојба.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6884
  • French diamond
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #746 на: 06 Март 2021, 23:09:21 pm »
Конечно го направи најпаметениот зафат на колата - бандажи.

Јас лично не сум голем фан на фабрички бандажи, ама сепак не е раткапна  :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6168
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #747 на: 07 Март 2021, 08:41:17 am »
Јас лично не би ја менувал фабричката кожа, штознам оваа афтер маркет "кожата"  шо ја ставаат кај нас се ми  се чини дека ќе јави маки многу побрзо од фабричката која била во полоша  состојба.

Да, ама да е нова или прописно одржувана. Оваа на овој волан, не беше ни тоа ни тоа. Имаше излижани делови на цел горен дел, дупчиња и грепки од нокти, чукнато...

Искористив четири мф крпи за чистење. Сите на крај беа црни. Последната, беше светло жолта, намерно ја оставив за крај. Одвратна беше. Пак не беше воланот 100% чист, ама беше каде-каде.

Немаше логика таков да го ставам. Едино што утнав е што го купив со намера да го ставам, as is. Подобро ќе беше мојот да го правев, али што е, тука е.

Битен е крајниот резултат.

Конечно го направи најпаметениот зафат на колата - бандажи.

Јас лично не сум голем фан на фабрички бандажи, ама сепак не е раткапна  :)

Па, редно беше.

Јас пак, сум sucker за stock изглед. Нареден логичен чекор ќе биде овие да одат за зимски, а за летни да земам поголеми.

Знам дека ќе бидат 16-ки и дека пак ќе бидат изворни за овој модел.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #748 на: 07 Март 2021, 10:40:49 am »

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9197
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport
« Одговори #749 на: 07 Март 2021, 12:14:53 pm »
Со здравје да си ги возиш уште еднаш и бандажите и воланот!

Мило ми е што завршивме работа и ти се направи мерак!

п.с. Фала и тука за поклончето :D