Уф, ај да почнам со ред, пошто бааги има.
Во декември лани набавив половни алу фелни, оригинални од Опел Астра, Elegance модел, 15-ки. Се мислев за 16-ки, ама некако не ми се ебаваше да ги продавам моите 15-ки летни гуми со 3000 километри, па да купувам поголеми... Многу работа ми се виде.
Ги купив со се летни гуми, Рикен беа, 195/65-R15, комплет за 7500. Гумите ги продадов за 3000, така да бандажите испаднаа 4500. Генерално, беа оштетени, се гледа на сликата. Ставив само една, пошто тука негде беа сите. Еден беше и маааалку крив, исправен е, поправката чинеше 600 денари. Така како што беа, не идеше во предвид да ги ставам. Ни под разно.
Btw, цената испадна толку ниска (речиси колку сет челични), пошто
@Rakun4e интервенираше. Вечно сум му благодарен.
Минатиот месец, купив половен кожен волан, исто оригинален, со фабричката кожа, 2.400,00. Не беше многу оштетен, тука-таму некаде беше излижана кожата, ама каков ме дал Господ, и тоа не идеше во предвид таков да го ставам, иако го купив као демек зачуван, за директно да го ставам, пошто нели, фабричка кожа, квалитетно изработен, дрн-дрн...
Тука е само доообро исчистен. АПЦ, Пулимакс, еден куп крпи и магично сунѓерче. Пробав да видам што ќе добијам со неколку слоја Карпро Перл. На крај, не добив ништо, само го впиваше.
Прво мислев да го фарбам. Правев муабет со еден дечко од Охрид кој работи репарација на кожа. Ми побара 2000 за да го среди. Некако многу ми се виде, па отпосле видов дека и Дарко од Прилеп работи репарација. Му се јавив, си направивме муабет, и прво што ме праша дали ми е за продавање колата или за возење. Пошто е за возење, ми рече да не се мачам да фарбам, по некој месец пак ќе се излупи. ОК, викам, онака, информативно, колку чини кај тебе услугата "фарбање"? Ми вика 600 денари. Хм... 2000. 600.
Ми го препорача Марко од Куманово. Го контактирав. Многу ОК дечко, си направив и со него муабет, ми вика 1200 фарбање, ама ако ти е за возење, поарно немој. Пошто има набиен распоред, се разбравме да му го пратам на 02.03. за да го работи на 03.03., при што прво да види што може да се направи, па после да се чуеме пак.
Во меѓувреме, набавено...
- Момент клуч Extol 28-210nm, 2.000,00 денари;
- Клуч за тркала Extol 17, 19, 21, 23, 300,00 денари;
- Две клоцни за тркала, 450,00 денари
- Хидраулична дигалка Ingco 2t, 2.100,00 денари;
- Продолжеток за 1/2 клуч, 200,00 денари;
- Насаден 17-ка, 200,00 денари;
- Насаден торкс, Т50 (за воланот, специјално), 200,00 денари.
Пошто (ќе) имам два сета бандажи и гуми, решив сам да си мењам сезонски. Да, пукнав многу пари наеднаш, ама првата цел не ми е да заштедам на пари при монтажа, иако не е занемарувачка цифра на сезона (по 700,00 денари, пута 2, 1400 годишно). Целта ми беше DIY, и да се направи тоа како треба, без престегање, да се чисти секогаш сВе пред монтажа и сл.
Ми фали уште од оние потпирачите, стубчиња, бар едно. Има Вурт, едно, 1.250,00 и Хегерт, две, негде 2.200,00 мислам. Не сум одлучил што да правам. Има време, до 15-ти...
Ги оставив бандажите на средување, комплетно, на 08.02., без обврска да се брза. Средени, ги земав на 03.03.
Бандажите испаднаа срча. 98% се совршени, пошто тука-таму има некоја прашинка, и тука таму некој дефект од внатре, ама јас сум презадоволен. Цената на комплет средување (пескарење, санирање венци, прајмер, фарбање, лакирање, полирање) беше 6.000,00 денари, исто повластена, по заслуга на
@Rakun4e , кој фаќаше врски. Му реков нему, а еве и овде - 20% се овие бандажи негови. Благодарен сум му, ептен.
Укупно, фелните ме коштаа 11.100,00 денари. Оригинални Опел, средени по мој вкус, за 2/3 од цената на афтермаркет нови, со кујзна каков квалитет. Јас - задоволен.
Вчера стаса воланот, готов, претапациран. Сакав рељефна кожа, целосно, како оригиналниот, ама по муабет со Марко, а и ми прати некои негови изработки да ме убеди, и ме убеди - горе и доле мазна црна кожа, лево-десно перфорирана, со црн конец.
Изработката е топ-ноч. Немам коментар. Изгледа фантастично. Кожата ми тврди дека е квалитетна, италијанска, што пред да се чујам со Марко, и Дарко ми го потенцираше. Некако е и по bulky воланот, добро лежи во рака. Дебел конец... 3.700,00 беше цената.
Денес имав пополнет ден. Прво, уште рано сабајле, го монтирав воланот... Еве и краток туторијал, иако не е воопшто тешко.
Прво, го откачив минусот на акумулаторот. После, има два Т27 токрсови од страните, кои го држат ербегот...
Испаѓа ербегот, и има еден дво-етапен конектор, кој лесно излегува.
После ги отстранив жиците за свирката и централниот шраф (торкс Т50), и воланот отиде надвор, лесно.
Го ставив новиот волан, ставив тред лок на шрафот (никако не можев да го исчистам стариот, иако стоеше штрафот потопен во ацетон пола саат) и го стегнав со момент клучот на 30 nm. Препорачано беше 25 од фабрика, ама нека е стегнато. Чувството на кликот на момент клучот е прајслес.
Го поврзав конекторот за сирената, ги спроведов копчињата и жиците низ каналите, го зашрафив ербегот и воила...
Воланот е монтиран. Светлото е глупо малку, и да, дели сега кожата од гумата на ербегот, ама тоа е затоа што гумата има дресинг, а кожата нема ништо. Или да го "dull down" ербегот без дресинг, или на кожата да ставам малку. Нејќев да ја мачкам кожата со ништо, бар денес. Сликите don't do justice колку добро изгледа воланот.
По ова, директ на монтирање на летните гуми на алу фелните.
Монтажа, нови вентили и балансирање - 800,00 денари.
Се вратив, ги избришав со АПЦ, им бапнав по еден слој Сил енд шајн и БСД, и хибернација до 15-ти.
Фала лепо, пријатно.