Нешто ме зезаше копчето за рикверц што се поткрева, како да лепеше за долниот дел од топката на менувачот кога е температурата ќе падне негде 9-10 степени, односно при избацување од рикверц не се враќаше само, требаше јас да бутнам. За поладно кога е да не правам муабет.
Откако ќе се повози колата и ќе се стопли кабината или после 6-7 пати кога ќе го повлечам горе-доле, валјда се загревање и се оправаше.
Мислев да не е пружината внатре ослабена, ама за да дојдам до неа треба да излезе топката, што е речиси невозможно без да се уништи.
Затоа побарав линија на помал отпор... Купив бела (литиумска) маст во спреј на Вурт...
Со тенкото црево, пикнато меѓу копчето и топката, нашприцав солидна количина во 2-3 наврати од сите страни и го "разработував" горе-доле да подмачка, пошто оваа маст во спреј не тече, туку се лепи.
Заштитив со вреќа, пошто на знаев што да очекувам, да не направам бербат.
Пробано до 2 степени надворешна температура, работи перфектно, на мое задоволство. Претходно не можев да замислам на таа температура само да се врати копчето.
Кога веќе шприцав, ги подмачкав бравите и шарките на сите врати...
Сега вратите се затвораат само со пуштање. Звуци немаше ни претходно.
Презадоволен од маста, 350 денари. Чуда направи.
Пошто бев во тој фазон, земав и силиконски спреј, да видам што можам со крцкањето на пластиките да направам...
Напрскав буквално на секој спој пластика со пластика и пластика со лим. Ама онака, дарежливо, да кипи. И кедерите ги подмачкав против евентуално замрзнување, со истиов спреј.
Првиот ден, видов подобрување, ама прилично малку. Се осеќаше, во секој случај.
Во наредните ден-два, повеќе од 80% од звуците БУКВАЛНО ИСЧЕЗНАА. Најверојатно од вибрации силиконот се распореди и си "легна" секаде каде што треба.
Има разлика во крцкањето при промена на температурите, вака подмачкано. На ладно помалку се слуша. Go figure.
Најверојатно деновиве ќе ја повторам постапката уште два пати. Очекувам одличен резултат.