14.10.2020 година, 119.011 километри.
Заменето:
- предни дискови Brembo 09.7628.14, цена за пар 3.800,00 денари;
- плочки Allied Nippon ADB3584, цена 1.000,00 денари;
- гуртни Tomex TX 20-78, цена 1.000,00 денари, и
- задни амортизери TRW JGT234T, цена за пар 3.400,00 денари.
Веднаш однесена на центрирање на задницата, отстапување 2.80 степени навнатре. Центрирано тип-топ, 500,00 денари.
Од таму однесена на технички, чисто дека јас сакав. Перфектно и кочење и рачна и амортизери.
Се прибрав дома, ја исправ колата, раткапните ги средив, пошто предните имаа доста брејк даст. Тоа е средено.
Впечатоци. Кочењето беше малку чудно на почетокот. Ми требаше многу повеќе стискање отколку што бев навикнат. Извадив од казанчето за глицерин едно 25-30 милилитри, пошто со новите плочки сега се вратија цилиндрите во шепите и го дигнаа нивото. Пумпав 5-6 пати со отворено капаче, педалата се врати во нормала. Дури и подобро е сега. Звуци нема. Фабричките дискови имаа солиден заб. Не дека нема да тераа уште, ама беа за менување. Плочките ми се еднаш менувани, пред 42.000 километри, и ставив пак исти, пошто сум презадоволен од нив. Беа потрошени негде 2/3, што бев изненаден. Очекував повеќе истрошеност.
Фабричките гуртни, извадени, ги видов, и имаа повеќе месо од овие заменските. Изгледаа како нечепнати. Немав проблеми со рачната, ги заменив само ради тоа што не беа заменети 12 години и 119.000 километри. Не сум требал ич да чачкам, ама тоа е. Здравје. Сега и рачната ми фаќа малку високо, на 7-8 заб. Пробав да ја чепкам јас од внатре, ама успеав само 1 заб да скинам. Ќе одам утре на доштелување.
Најдраматична разлика почувствував кај амортизерите. Е сега, дали фабричките беа до толку отидени, или овие се стварно добри, не сум сигурен, ама колата се препороди. Одушевен сум.
Со работна рака 1.200,00 денари, центрирање 500,00 и деловите 9.200,00, вкупниот есап испадна 10.900,00. Се олеснав солидно, ама мораше. Мирна глава.