Затоа што кога тебе некој ќе те корегира, веднаш ти пречи и форумов станал страшен заради исправките граматички. А ти кога исправаш - тогаш има „архаични“ муабети и „така одсекогаш“ биле поимите кај нас, иако не се баш најправилни. Ако не сакаш да бидеш корегиран - не корегирај! Толку.
ако некогаш (а ретко е тоа) корегирам нешто тоа е заради грешна примена на комплетен термин а не на граматичка корекција на истиот збор... има голема разлика во тие две акции...
Да се потсетиме. Да видиме каде е
грешната примена во долниве два примери:
Пример 1:
аблендирање
блендање!!
Онак од кај дека блендање е правилно?
а од кај не е?
опитај постарите... они ке ти кажат... архаичен збор-термин... исто како и терминот СОФРА...
Moжда блендањето ќе се најде во овие ситуации:
http://daljepoti.hr/blog/makeup/predstavljamo-profi-kistove-rumenilo-puder-i-blendanje-83/Пример два:
Пумпа за кочници - пошто кај нас никој не викал
master brake cylinderПример три:
аНЛасер
не ти се противам симо, можеби си во право, ама кај го виде ова дека е вака... прв пат во животот слушам и гледам анласер дека е правилно... еден дотичен лектор во гаража тврдеше дека нај правилно е аНЛаНсер
btw, „нај правилно“ e поправилно кога се пишува заедно, „најправилно“, повеќе инфо -
тука Не гледам дека си се фатил за суштината и дека се користат погрешни термини на погрешно место. Има уште вакви примери, ме мрзи да барам.
Тука ќе ги спомнам
„ејпл“,
сервиз, и слични.
Исто така, користењето на големи букви и интерпункциски знаци би било пријатна промена.
Првиот пост на Онак (реченици без големи букви)Последниот пост на Онак (реченици без големи букви)Лесно е да критикуваш и исправаш, ама за да има тоа тежина, треба и ти да си во право. Има уште многу места на форумов, каде што си исправал луѓе, помалку или повеќе непотребно, ама штом тебе ти се упати некоја критика, тогаш или е „печатна грешка“ или е „архаичен збор“, или форумов станал премногу лекторски...
Целта на муабетот ми е, да повторам, ако не сакаш корекции и ти пречи кога те корегираат, не го прави тоа на други луѓе. Поготово не го прави непотребно или кога луѓето се во право. Толку е едноставно. А кога те исправаат, не завземај веднаш одбрамбно/нападен став, туку прифати ја исправката.
Дисклејмер: не сум и јас безгрешен, но се трудам да бидам секогаш граматички коректен и ако некого сум исправил по грешка или неправилно, тоа сум го сторил поради моето нецелосно познавање на терминологијата или правописот и граматиката