Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1004216 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8245
  • Малерозен дрводарец
Мислев повеќе како... дали на пример за 100м2 се трошат 1000 евра во сезона... или повеќе/помалку.
Под претпоставка дека висината на ѕидови е некој си стандард од 260-280цм.

Барав назад, ама се изморив после 10 страни :)))
When you turn on the radio does it return the favor?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10902
  • 430i
не оди во длабокото ;D

Тоа вреќите, просек грејна сезона или како?Колку набавувате за грејна сезона и колку сте потрошиле?

Или ако ви е прва сезона колку е потрошено досега?

2016-2017
Kуќа од 96 м2 (денвна со 2 парна, терпезарија со парно и печка, кујна, 3 спални од кои една само се догреваше, купатило и ходник), без соседи, 10-ка изолација, Рехау дограма, подигнат о ниво од земја, високи тавани со каратаван и нов кров керамида

- октомври
  171кг или 11,5 вреќи, 2.394 ден.

- ноември
  390кг или 26 вреќи, 4.680 ден.

- декември
  615кг или 41 вреќа, 6.970 ден.

- јануари
  898кг или 60 вреќи, 10.425 ден.

- февруари
  500кг или 34 вреќи, 7.000 ден.

- март
  210кг или 14 вреќи, 2.912 ден.

вкупно 2.784кг или 186,5 вреќи, 34.381 ден.

2017-2018 потрошивме 31.000ден. за пелети

Нема попрецизен и подетален аналитичар на трошоци на цел форум, а можда и пошироко. Свака част.
далеку од прецизно е ова... еден куп податоци треба за да се собере есе на една линија околу потрошувачка... за почеток, еден од нај битните податоци го нема, а тоа е временскиот интервал на греење во текот на денот...  на сите вака им излгеда фантастично, се додека не сватат дека овие податоци се за греење во период од не повеќе од 8 саати дневно, што е точно на половина од она што топлификација го нуди, односно точно 1/3 од она што јас го сметам за греење...

значи... поентата ми е дека за сопствено греење се пресметува на база на потрошен енергенс на работен саат, а пак за да се стигне до тој податок, бајаги други пресметки има, одколку број на вреќи пелет во еден месец... ;) но нај битните е: пресметка на загуби на котел (загревање и постигнување раб. температура)... стартна температура на просторија (тука игра муабетот за работни саати во текот на денот), време потребно за искористување на дадената енергија (повторно работни саати но и изолација), степен на губитоци (изолација и надворешна температура), степен на искористливост на енергенс, квалитет на енергенс, и секако една од по битните податоци и состојби е ПОСАКУВАНА СОБНА ТЕМПЕРАТУРА... јас со мојата работа увидов и затекнав луќе што над 18 степени се осеќаат како у пекол да се, ама и луќе што на 28 степени се смрзнуваат и ладно им е... сето ова се сумира на една линија и се добива потрошувачка на енергенс на еден работен саат, па тој податок ВАЖИ ЗА ТОЈ ОБЈЕКТ и за ниеден друг... затоа и има варијации на потрошувачка од куќа до куќа, па таман и да се идентично изградени и двете... ете, најтазе пример со податоци, ми е од 3 ИДЕНТИЧНИ куќи, во еден двор, во Скопје, поточно Батинци. им наместив подно греење, идентично на сите 3... куќите не се лепенка, туку се засебни, оддалечени по 10 метри една од друга. да збориме во поени... едниот троши 10 поени на саат, другиот 12, третиот 20... затоа што, првиот и вториот греат исто (22,5 степени собна температура, 24/7), со иста температура, но на едниот од нив, куќата му е задскриена од друга комшиска куќа, па многу послабо го фаќа сонце и дневна светлина, автоматски троши 20% повеќе енергија, а третиот грее со 24 степени собна температура... ;)
ете.. исто е, ама не е... меѓу првиот и третиот има скоро ДВОЈНА разлика во потрошувачка... затоа реперот кажан со сантиметри стиропор од надвор, квадрати и видина, не значи ама баш ништо... ;)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

*куќата беше греена за кога ќе станеме да ни биде топло и кога сме дома да ни биде топло

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
Има ли правено некој пресметка со пелети (во пари, де, не како што праша колегата за количина - претпоставувам...) колку потрошувачка е во тотал за сезона на одреден број м2?

Благо Дарам.

Јас оваа сезона потрошив 40.560 ден., греев 160m2.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5014
  • Пиши лаже
Мислев повеќе како... дали на пример за 100м2 се трошат 1000 евра во сезона... или повеќе/помалку.
Под претпоставка дека висината на ѕидови е некој си стандард од 260-280цм.

Барав назад, ама се изморив после 10 страни :)))
Малку ми е проблем пишување со лева моментално, но годинава потрошивме (упште 10/12 вреќи има останато) 312 вреќи Шишарка А2 по 268 ден = 83.616 денаРИ , 4,680кг. Изолација нема, котелот работи во просек 9ч во денот, температура во собите 20/21Ц. просторот е околу 210/220м2.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1030
Во АБЦ-Дојчиновски - Битола, моментално се овие цени и ко шо кажа газдата ваљда тие и ќе останеле.

Vardar - турски и уште едни турски заборајв името- 230 ден,
Sparrow- српски пелети А2 - 240 ден,
Alfa wood - грчки пелети А1 - 250 ден,

И јас сакам да пробам Шишарка ама не испорачват Техно Ауто во Бт.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
Јас нарачав денес Шишарка А2 на акција се, 230ден.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Има ли правено некој пресметка со пелети (во пари, де, не како што праша колегата за количина - претпоставувам...) колку потрошувачка е во тотал за сезона на одреден број м2?

Благо Дарам.

Јас оваа сезона потрошив 40.560 ден., греев 160m2.

Си размислил за топлинск пумпа воздух-вода? Знам дека имаш подно, односно имаш инсталација целосна. Стави и бафер од 1000л и нека тера.

Котел на пелети троши 500вати на час. За 9часа, троши 4,5киловати троши 250денари на ден. За 30дена, троши 750 денари само котелот. Или сум ептен во грешка, или е солено греењето на пелети.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54885
  • Махер
Зошто да троши 500в на час?

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Зошто да троши 500в на час?

Е тоа не знаем.  :)
Пишува на алфаплам 18кв, потрошувачка на ел.енергија 500вати/час.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4771
  • Шо да пишам тука?🤔
Подолу во коментар пишал дека кога уклучува греачот, тогаш постигнува 300 вати, но тоа е неколку минути.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5014
  • Пиши лаже
Наредна сезона ке оставам едно уредче вакво и ме интересираа колку ке потроши. По споецификација е 160/450W, номинална/макс.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3292
Има ли правено некој пресметка со пелети (во пари, де, не како што праша колегата за количина - претпоставувам...) колку потрошувачка е во тотал за сезона на одреден број м2?

Благо Дарам.

Јас оваа сезона потрошив 40.560 ден., греев 160m2.

Си размислил за топлинск пумпа воздух-вода? Знам дека имаш подно, односно имаш инсталација целосна. Стави и бафер од 1000л и нека тера.

Котел на пелети троши 500вати на час. За 9часа, троши 4,5киловати троши 250денари на ден. За 30дена, троши 750 денари само котелот. Или сум ептен во грешка, или е солено греењето на пелети.

Моментално ја спремам куќата за во оглас, нема инвестиции капитални 🙂

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Има ли правено некој пресметка со пелети (во пари, де, не како што праша колегата за количина - претпоставувам...) колку потрошувачка е во тотал за сезона на одреден број м2?

Благо Дарам.

Јас оваа сезона потрошив 40.560 ден., греев 160m2.

Си размислил за топлинск пумпа воздух-вода? Знам дека имаш подно, односно имаш инсталација целосна. Стави и бафер од 1000л и нека тера.

Котел на пелети троши 500вати на час. За 9часа, троши 4,5киловати троши 250денари на ден. За 30дена, троши 750 денари само котелот. Или сум ептен во грешка, или е солено греењето на пелети.

Моментално ја спремам куќата за во оглас, нема инвестиции капитални 🙂

И ти ли ќе факаш Имачка.
Со лесно и брзо да се продаде. Планираш да го мажиш полото? Колега бара кола, па да му спомнам.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1696
При нова шкода Томица името не го дава ја мислам

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1030
Наредна сезона ке оставам едно уредче вакво и ме интересираа колку ке потроши. По споецификација е 160/450W, номинална/макс.

Кај мене на термофлукс интерио 20 пиши ном/мак  100/350 вати